Кога ќе поверуваме во глупостите кои некој ќе ни ги каже уверувајќи не во нешто што е во директна врска со неговото сега веќе 8-мо пиво, најлошото е што по усно предание ги пренесуваме и понатаму, давајќи свој придонес за никнување на уште еден мит.
Еве некои од најголемите заблуди кои настанале баш на ваков начин и кои немаат никаква врска со реалноста.
Мит: Темните пива содржат повеќе алкохол
Guiness е црн и има 4,2% алкохол, што значи дека тврдењето не држи вода. Бојата на пивото е последица на пржењето на сладот, што на никој начин не влијае на процентот на алкохол. Состојките кои директно влијаат на количината на алкохолот немаат никаква врска со бојата на пивото. Со други зборови, нарачајте темно пиво и опуштете се.
Мит: Со light пива против пивски стомак
Океј, признаваме дека има помалку калории отколку нормалното, ама секој вистински познавач на пивото ќе рече дека разликата во конзумацијата на едното и другото е еквивалентна на онаа на Мекдоналдс и некој врвен ресторан. Стручњаците за слабеење ќе се согласат дека разликата е неприметна.
Мит: Пивото се уништува со греење и повторно ладење
Ова може да се покаже како вистинско доколку се повторува повеќе пати. Инаку, на пивото можат да му наштетат воздухот, светлото и времето. Промените во температурата не би требало да се проблематични, освен ако не се работи за екстремни околности.
Мит: Американските пива имаат помалку алкохол од останатите
Оваа заблуда е последица на различниот начин на кој се бележи количината на алкохол во пивото. И додека Американците ја изразуваат како alcohol by weight (процент на алкохол на тежина), останатиот свет го изразува аlcohl by volume (процент на алкохол на волумен). Логично, пивото е полесно од вода, па американските пива имаат помали бројки од оние во остатокот на светот.
Mит: Најдобри пива се оние во зелените шишиња
Кога сме веќе кај ова, треба да се има на ум дека кафеавите и темните шишиња подобро штитат од оние светлите, зелените. Самиот мит е последица на недостатокот на кафеаво стакло во Европа по Втората светска војна, бидејќи поради оваа причина европските пива почнале да се пакуваат во зелени шишиња. Тоа што некои од производителите до ден денес останале на ова е исклучиво од естетски причини.
Мит: Corona е мексиканска мочка
Во осумдесеттите години од минатиот век низ светот се прошири гласина дека мексиканските работници уринираат во пивото кое е наменето за извоз. Со тек на времето се покажа дека овој мит го креирала конкуренцијата поради големиот раст на популарноста на Corona на американскиот пазар. Вината ја признал еден работник од љубоморниот Нeineken, а Corona продолжи да привлекува се повеќе обожаватели.
Мит: Безалкохолното пиво не содржи алкохол
Во Америка, безалкохолно пиво е она кое содржи помалку од 0,65% алкохол. Или, со други зборови, иако е потребно да гргнете 10 такви пива за да внесете количина на алкохол која ја содржи еден Budweiser, доколку имате проблем со срцето, безалкохолните пива треба да ги избегнувате. Инаку, во производството на такви пива се впуштаат само најголемите производители, бидејќи се работи за исклучително скап производен процес.
Мит: Кој пие пиво, има голем стомак
Пред неколку години научниците дојдоа до заклучок дека "пивскиот стомак" нема никаква врска со пивото. Имено, истражувањето во кое биле вклучени 2.000 Чеси (најголемите љубители на пиво на светот, и ова не е мит) покажало дека големината на нивните стомаци нема никаква врска со количината на пиво која ја пијат. Резултатите покажале дека на пивото, како и на секој друг алкохол, дебелеењето и растот на стомакот зависат од генетските предиспозиции.
Мит: Жените не сакаат пиво
Глупост во чие што објаснување воопшто и не треба да се навлегува. Полово условена склоност кон пивото апсолутно е невозможна за докажување, а митот најверојатно настанал како последица на стереотипно прикажување на мажот како дебел и бучен љубител на фудбалот и на жената како домаќинка со дете во скут.