- Член од
- 24 јануари 2008
- Мислења
- 1.135
- Поени од реакции
- 140
Пивара Скопје ќе „кастри“ 50 работни места
Една од водечките компании во Македонија, Пивара Скопје АД најави кратење на 50 работни места во рамки на планот за организациско преструктуирање на компанијата.
Местата кои ќе се укинат се од дејностите и услугите, од кои компанијата планира да се ослободи во наредниот период.
„Водејќи сметка за социјалната сигурност на сите кои се вклучени во овој процес и во согласност со политиката и традицијата за корпоративна социјална одговорност, Програмата за преструктуирање предвидува можност за финансиски пакет од 24 нето плати по вработен“, се вели во соопштението на компанијата, во кое се додава дека наведената сума е значително поголема од онаа што е дефинирана со законот.
Воедно се истакнува и можноста дел од вработените да бидат преземени од фирми со кои ќе се склучат договори за извршување на услуги или нивно преквалификување.
Компанијата на ваков чекор се решила поради тековните предизвици на светскиот и домашниот пазар. Тоа било поводот за почнување процес на организациско преструктурирање што треба дополнително да ги зајакне целокупните перформанси на компанијата и да ја обезбеди нејзината одржлива иднина.
Паралелно со овој процес, Пивара Скопје информира дека продолжува со интензивни вложувања во производството на пиво и безалкохолни пијалаци, каде што само во изминатата деценија беа инвестирани над 50 милиони евра.
Целта на овие два паралелни процеса, интензивните инвестиции и континуираното зголемување на продуктивноста и ефикасноста е да се обезбеди одржлива иднина на компанијата и да се одржи нејзиното силно позитивно влијание на заедницата на која и’ припаѓа, велат од компанијата.
Извор: Kajgana