Пештерни цркви во Македонија

Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
41
Пештерни цркви во Македонија

Спојот на пештера и црква е навистина необичен и несекојдневен како за спелеолозите, кои ги проучуваат пештерите, така и за археолозите кои ги проучуваат сите траги врз кои печат оставила човечката рака. Невообичаен предизвик представуваат посебно за историчарите на уметноста, но и за сите оние кои ги почитуваат древните култури. Како редок феномен со својата уметничка и историска вредност успеваат да го привлечат вниманието и на светската јавност.

За пештерни цркви обично се користеле природни пештери, понекогаш сместени високо во карпите, кои ако било потребно, можеле дополнително да се преградат со ѕид од кршен камен. Подоцна кај некои од нив се доградувале и конаци. Во пештерни цркви спаѓаат и голем број на монашки испосници.

Започнати да се појавуваат околу деветтиот, некаде во периодот помеѓу 13 и 14 век настанале првите живописи кои можат точно да се датираат по трагите што на нив ги оставиле анонимните мајстори од т.н. ,,сликарки тајфи". Тоа биле иконописци кои припаѓале на помалку или повеќе карактеристични сликарски школи кои гравитирале на територијата на Балканот и затоа фреските во некои од пештерните цркви се сродни со фреско-сликарството во најпознатите манастири во Македонија. Така преку возвишениот енигматичен стил, во насликаните ансамбли можат да се следат уметничките тенденции кои провејуваат во средновековното сликарство.

Тоа дава печат на дел од некогашниот средновековен живот во Македонија. Постојат записи дека во некои од пештерните цркви, се појавиле многу пустинаци кои се занимавале со мистика, чудотворство и пророкување.

Честопати за овој тип на монументи отсуствуваат пишани извори, па денеска поради недостапноста на повеќето од нив, како и поради продирањето на атмосверските влијанија во внатрешноста, отежнато е нивното проучување, анализирање и евентуална заштита.

Најбројни околу крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро, засега се регистрирани преку 50 пештерни цркви на територијата на Република Македонија, кои ги има и во долните текови на Бабуна, Црна Река, но и во Источна Македонија.

Помеѓу нив спаѓаат Св. Марко и Св. Лазар на Тиквешкото Езеро, Св. Архангел Михаил, Св. Спас, Успение на Богородица, Св. Еразмо, Св. Богородица Пештанска крај Охрид (со најголем зачуван ансамбл), Св. Спас, Св Евла (Ресен) Монашка пештера и Црквиче (општина Чашка) и многу други.

Особено околу Охридското Езеро никнувале црквички - пештери во кои живееле и дејствувале исихастите. Тука се вбројуваат:
Свети Атанасие - село Калишта, Струшко
Свети Стефан - Панцир
Свети Архангел Михаил - село Радожда, Струшко
Свети Еразмо - Охрид
Света Богородица - Пештанска

Исто така пештерни цркви има и во Тиквешијата во околината на Тиквешкото Езеро од кои најпознати се:
Свети Лазар во близина на селото Бегниште
Свети Никола во близина на селото Драдња

http://mk.wikipedia.org/wiki/Пештерни_цркви_во_Македонија
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Македонија е библиска земја со огромно богатство на цркви, манастири, лековити води и чудотворни икони. Бројот и разноликоста на преку 155 комплетно сочувани манастири и деведесеттина кои се во различна фаза на изчезнување ни сугерираат минато на луѓе чија историја е исполнета со создавање, уметност и спиритуалност.

Доцната антика и преминот кон средниот век завршил со распадот на Римското царство на Источно и Западно. Територијално и временски овој период оставил неизбришливи траги врз археолошкиот и уметничкиот пејсаж на Македонија, со оглед на фактот што нашата земја отсекогаш била крстосница помеѓу културниот Запад и мистичниот Ориент. Место каде секогаш бил присутен дуализмот на страдања и воскреснувања. Како што духот се издигнува над пропаста, како што денот ја победува ноќта.
Оттука започнува историјата на Византија која како моќна држава опстанала се до падот на Цариград под Турците, оставајќи зад себе непроценливо културно-историско богатство преточено (покрај архитектурата) најмногу во богатата палета на икони и треперливото фреско-сликарство во црквите и манастирите кои битисувале во овој период.
…………………………
Почнувајќи од палеолитот, преку другите праисториски култури, периодот од времето на старите Грци, Римјаните, целиот Среден век па се до денеска, останати се траги во многу наши пештери. Некои од нив се ставени во рангот на археолошки наоѓалишта и со самото тоа се заштитени со законот. Во нив спаѓаат и т.н. пештерни цркви.

Веројатно восхитот и фасцинантноста се само дел од чувствата кои не преплавуваат кога се соочуваме со овие енигматски христијански зданија. Изградени на влезот од некои пештери или во нивната внатрешност, пештерните цркви мамат воздишки и стравопочит со својата импозантност, долготрајност и пред се мистичност.
Спојот на пештера и црква е навистина необичен и несекојдневен како за спелеолозите, кои ги проучуваат пештерите, така и за археолозите кои ги проучуваат сите траги врз кои печат оставила човечката рака. Невообичаен предизвик претставуваат посебно за историчарите на уметноста, но и за сите оние кои ги почитуваат древните култури. Како редок феномен со својата уметничка и историска вредност успеваат да го привлечат вниманието и на светската јавност.
За пештерни цркви обично се користеле природни пештери, понекогаш сместени високо во карпите, кои ако било потребно, можеле дополнително да се преградат со ѕид од кршен камен. Подоцна кај некои од нив се доградувале и конаци. Во пештерни цркви спаѓаат и голем број на монашки испосници. Поединечните испосници упатуваат на пустинаци кои се занимавале со мистика, чудотворство и пророкување, или можеби монаси кои сакале во посебен мир нивната душа да тргне по патот на светлината и да го најде својот дом блиску до Бога.

Почетоците на пештерното живописание

Започнати да се појавуваат околу деветтиот, некаде во периодот помеѓу 13 и 14 век настанале првите живописи кои можат точно да се датираат по трагите што на нив ги оставиле анонимните мајстори од т.н. ,,сликарки тајфи. Тоа биле иконописци кои припаѓале на помалку или повеќе карактеристични сликарски школи кои гравитирале на територијата на Балканот и затоа фреските во некои од пештерните цркви се сродни со фреско-сликарството во најпознатите манастири во Македонија. Така преку возвишениот енигматичен стил, во насликаните ансамбли можат да се следат уметничките тенденции кои провејувале во средновековнотот сликарство.
Честопати за овој тип на монументи отсуствуваат пишани извори, па денеска поради недостапноста
на повеќето од нив, како и поради продирањето на атмосверските влијанија во внатрешноста, отежнато е нивното проучување, анализирање и евентуална заштита. Најбројни околу крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро, засега се регистрирани преку 50 пештерни цркви на територијата на Република Македонија, кои ги има и во долните текови на Бабуна, Црна Река, но и во Источна Македонија. Помеѓу нив спаѓаат Св. Марко и Св. Лазар на Тиквешкото Езеро, Св. Архангел Михаил, Св. Спас, Успение на Богородица, Св. Еразмо, Св. Богородица Пештанска крај Охрид (со најголем зачуван ансамбл), Св. Спас, Св Евла (Ресен), Монашка пештера и Црквиче (општина Чашка) и многу други.

Вечниот сон, мој духовен дом

Секако дека за сега ќе остане тајна кои биле луѓето што на вака мистичен начин ја пресликале својата духовност на ѕидовите од карпите!?? Гледајќи го сликарството во целост, ликовните карактеристики откриваат раце на вешти зоографи кои одлично го познавале својот занает, и со вонвременска љубов сликајќи ги познатите сцени од Светото писмо и Евангелијата, ги преточиле во непознати уметнички дела полни со вдахновение. На овој човек уметник и верник, суштинската концепција му била можеби, да подигне храмови на непристапни и осамени места како дел од величенствениот поход кон кралството на вечноста.
И воопшто не зачудува зголемениот интерес на странските туристи во Македонија кои доаѓаат специјално само за да ги видат пештерните цркви, а тие пак како ретка културна вредност остануваат да бидат неми сведоци на нашата средновековна култура и уметност. Сега не ни преостанува ништо друго, туку од нив да направиме препознатлив бренд, фино да ги спакуваме и да ги понудиме на светскиот пазар.

извор http://arheo.com.mk/2008/05/25/cave-churches-in-macedonia/
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
41
Пештерна црква - Св. Архангел Михаил - Радожда

Во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро, над с. Радожда, во природните пештери што се наоѓаат една над друга, високо во карпите, била изградена пештерната црква посветена на војсководителот на Небесните Сили - Архистратигот Михаил.

Најголемиот дел од откриените фрески потекнуваат од 14 век, а посебно се истакнува единствената сочувана композиција од 13 век, со претстава "Чудото во Хона" - насликана во чест на патронот кому е посветена црквата.

Зографот што го насликал овој лик ни се прикажува не само како надарен мајстор, туку и напреден творец кој ги излага новите непознати уметнички идеали - внесувајќи во ликот внатрешна сугестивност.

Оваа пештерна црква повторно е живописана кон крајот на 14. век, кога во Охрид и околината никнуваат многубројни споменици, придружени со процутот на сликарските работилници.

Нема сомнение дека помладиот слој живопис на Свети Архангел Михаил од пештерната црква е едно од последните дела на Охридската сликарска школа од 14. век.

Пештерна црква - Света Богородица

На дваесетина километри од Охрид, десно од патот што води кон Свети Наум Охридски, во карпите на источниот брег на Охридското Езеро, се наоЃа оваа пештерна црква.

Сочуваниот фреско - живопис претставува најголем сликарски ансамбл што е сочуван, воопшто, во една пештерна црква на брегот на Охридското Езеро.

Денес, поради продирање на атмосферските влијанија во внатрешноста на оваа пештерна црква, се отежнува нејзината посистематска анализа. Исто така, отсуствуваат пишани документи за неа. Сепак, со стилска анализа на сликарската постапка, се доаЃа до сознание дека ова сликарство поседува повеќе карактеристични одлики на Охридската сликарска школа од шеесетите години на 14. век и е сродно со сликарството во Марковиот манастир.

Пештерна црква - Свети Стефан

На околу пет километри јужно од Охрид, на локалитетот Панцир, се наоѓа малата пештерна црква посветена на првиот христијански маченик - Архиѓаконот Стефан. За црквата е искористена една природна пештера, која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци.

Оваа малечка, полуоблеста пресведена пештерна црква, во шуплината на карпите, постоела и порано, а тоа е времето на засилениот анахоретски живот на бреговите на Охридското Езеро, но дури во времето на процутот на уметничката дејност од 13 век добила фреско-декорација.

Пештерна црква - Свети Атанасие

Во непосредна близина на манастирот Калишта, јужно од него, срасната со околните карпи, се наоѓа пештерната црква, посветена на Александрискиот архиепископ - Атанасија.

Во внатрешноста е сочуван најголемиот ансамбл на средновековното сликарство во Струшко.

Иако не се зачувани пишувани извори, стилските белези на овие фрески недвосмислено упатуваат на нивното датирање во седумдесетите години од 14. век.

Гледајќи го сликарството во целост, зачуваните ликови на светителите и неколкуте композиции од Големите Празници, со помош на ликовните карактеристики на овој живопис, ни откриваат рака на вешт зограф, кој одлично го познавал својот занает, а со голема љубов ги сликал познатите ликови што го илустрираат Светото Евангелие.

Дел од живописот бил исликан и во 19. век.

Член од
31 март 2011
Мислења
102
Поени од реакции
18

дали ке може ако имаш некаков контакт со црквата св. Стефан во Охрид да ми дадеш сакам да престојувам неколку дена таму во конаците.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Оваа тема е за во туризам. Ако сум во право би замолил да се премести.
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Пештерните цркви имаат своја историја во Македонија, и има што да се дискутира за нив токму од историски аспект.

Нека тоа го прават луѓе што имаат што да кажат или споделат на темава.

Другите офтопици и лични контакти за посета итн. правете ги по ПП за да не се полнат темите со неважни работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom