Не пијам веке ништо недела време освен б комплех, витамин ц таблети и магнезиум директ.Туку за овие резултати со срцето и ренген според тебе дали е во ред не за аспиринот
...па ти одговорив дека си потполно здрав, зашто пак ме прашуваш, кога самиот ги гледаш резултатите и нормалните вредности, не гледаш дека се идеални?
а зашто пиеш магнезиум? си направил тест, лабораториско испитување и имаш дефицит т.е. недостаток на магнезиум во твоето тело?
...пиеме пак напамет? зарем вештачкиот внес на витамини и минерали мислиш дека се оправдани без докажување дека ни недостасуваат?
ако мислиш дека имаш недостаток на магнезиум затоа што имаш можеби мускулна слабост, трпнење, грчеви, срцеви аритмии треба прво да го докажеш дека ти е под 0,6 -1,1mmol/L, а ако ти е во нормала? ќе го пиеш дополнително да одиш во вишок на магнезиум? сакаш дополнителни проблеми со бубрезите? еве јас ти гарантирам дека го имаш во вишок, затоа што сите тие што пиеле аспирин повеќе денови имаат зголемени вредности, а ти дополнително уште го пиеш, и со калциумот во телото „ќе правиме камчиња“ во бубрегот „ќе отвориме“ каменолом?
...ти си имал ете една ситуација пост вирусна инфекција на перикард која ете се повлекло, ти не си срцев болесник со кардиоваскуларни проблеми па си докажал дека магнезиум ќе ти помогне оти ти недостасува во организмот? ќе прочитате на НЕТ, дополнително со некоја слика и готово решено да се пие...мислам ејјј, колку лесно користите „хемија“ во вашето тело без доказ дека истото не можеме природно преку исхрана, а ни недостасува и ни прави проблеми тој недостаток (дефицит), па бараме помош од „хемија“ вештачки внес....а не вака таап тааап веднаш магнезиум!
... и уште нешто, секој магнезиум, не е само магнезиум, ако веќе ќе докажеме недостаток со тест на крвта во лабораторија, тогаш зависно од што симптоми се жалиме одбираме и форма на магнезиум!
.Единствено сакам да истражам од што би можело да се јави тој перикард.
...направи ги тестовите на имунолошки статус т.е. IgA, IgG, IgM, IgE некоја антитела сигурно имаш во телото како резултат на инфекцијата т.е. воспалението што си го имал, па дури и ЦРП можеби ќе покаже!