Перикард-Воспаление на срцева обвивка

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.614
Поени од реакции
34.802
.Прогуглав уште малце и на своја глава си пијам и аспирин 500мг .
... ако мислиш како антиинфламаторен или како аналгетик што го земаш на своја глава аспирин 500мг - грешиш! можеш без веза да предизвикаш некое крварење по телото, а за желудникот и цревата да не кажувам, па после ќе се чудиш од каде такви појави!
... но, ако веќе сакаш да го пиеш ќе земаш аспирин 5 х послаб ...т.е. од 100 мг неколку дена колку да ти поминат „бубачките“ што ги имаш во глава од пусти страв, а воопшто ниту ти е потребен, ниту имаш историја на болест за истиот, а најмалку години...ама тоа ти е, читај на НЕТ, ама селектирај што треба за твоја возраст и воопшто за твоја сегашна здравствена ситуација што и самиот гледаш дека сите параметри ти се во нормала, иако често е присутен стресот или појава на „бел мантил“ и при самото дијагностицирање на ехо апарат (како и на ЕКГ) може да се дојде до погрешна ситуација на телото на пациентот при што ќе се даде некои други вредности кои би ги рекле вредности при стрес од „како ќе биде резултатот“ или „од бел мантил“ или „од бубачки “дека се има нешто страшно со срцето!
..не знам зошто се форсираш, не треба да пиеш ништо, немаш болки, немаш ништо, остави на време телото да се среди самото, нештата брзо се расипуваат, а треба малку повеќе време да се поправат!
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Аспирин не се зема на своја рака, посебно такви дози. Освен по налог на кардиолог, а тие најчесто препишуваат многу помали дози. Апче е апче (покрај основното дејство), црниот дроб се напрега да го одработи својот дел.
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
68
Поени од реакции
40
Не пијам веке ништо освен витамини.Единствено сакам да истражам од што би можело да се јави тој перикард.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.614
Поени од реакции
34.802
Не пијам веке ништо недела време освен б комплех, витамин ц таблети и магнезиум директ.Туку за овие резултати со срцето и ренген според тебе дали е во ред не за аспиринот
...па ти одговорив дека си потполно здрав, зашто пак ме прашуваш, кога самиот ги гледаш резултатите и нормалните вредности, не гледаш дека се идеални?
а зашто пиеш магнезиум? си направил тест, лабораториско испитување и имаш дефицит т.е. недостаток на магнезиум во твоето тело?



...пиеме пак напамет? зарем вештачкиот внес на витамини и минерали мислиш дека се оправдани без докажување дека ни недостасуваат?
ако мислиш дека имаш недостаток на магнезиум затоа што имаш можеби мускулна слабост, трпнење, грчеви, срцеви аритмии треба прво да го докажеш дека ти е под 0,6 -1,1mmol/L, а ако ти е во нормала? ќе го пиеш дополнително да одиш во вишок на магнезиум? сакаш дополнителни проблеми со бубрезите? еве јас ти гарантирам дека го имаш во вишок, затоа што сите тие што пиеле аспирин повеќе денови имаат зголемени вредности, а ти дополнително уште го пиеш, и со калциумот во телото „ќе правиме камчиња“ во бубрегот „ќе отвориме“ каменолом?



...ти си имал ете една ситуација пост вирусна инфекција на перикард која ете се повлекло, ти не си срцев болесник со кардиоваскуларни проблеми па си докажал дека магнезиум ќе ти помогне оти ти недостасува во организмот? ќе прочитате на НЕТ, дополнително со некоја слика и готово решено да се пие...мислам ејјј, колку лесно користите „хемија“ во вашето тело без доказ дека истото не можеме природно преку исхрана, а ни недостасува и ни прави проблеми тој недостаток (дефицит), па бараме помош од „хемија“ вештачки внес....а не вака таап тааап веднаш магнезиум!



... и уште нешто, секој магнезиум, не е само магнезиум, ако веќе ќе докажеме недостаток со тест на крвта во лабораторија, тогаш зависно од што симптоми се жалиме одбираме и форма на магнезиум!


.Единствено сакам да истражам од што би можело да се јави тој перикард.
...направи ги тестовите на имунолошки статус т.е. IgA, IgG, IgM, IgE некоја антитела сигурно имаш во телото како резултат на инфекцијата т.е. воспалението што си го имал, па дури и ЦРП можеби ќе покаже!
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
68
Поени од реакции
40
Тоа ми препиша матичната во штип после прекинот на терапијата за повеке енергија.. не е до мене 20190704_225915.jpg [DOUBLEPOST=1562274513][/DOUBLEPOST]...направи ги тестовите на имунолошки статус т.е. IgA, IgG, IgM, IgE некоја антитела сигурно имаш во телото како резултат на инфекцијата т.е. воспалението што си го имал, па дури и ЦРП можеби ќе покаже![/QUOTE]

Уште тоа остана да направам, досега направи 5 крвни анализи сите се супер..
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.614
Поени од реакции
34.802
Тоа ми препиша матичната во штип после прекинот на терапијата за повеке енергија.. не е до менеПрегледај го приврзокот 212051...направи ги тестовите на имунолошки статус т.е. IgA, IgG, IgM, IgE некоја антитела сигурно имаш во телото како резултат на инфекцијата т.е. воспалението што си го имал, па дури и ЦРП можеби ќе покаже!
... јас кажувам мое мислење, медицина заснована на докази лечи, а не од памет и од комерцијален интерес, за десет препишани магнезиум директ твојата матична ќе добие некој бонус сигурно, а ти сигурно некое камче плус, нажалост!
...магнезиум ДА! кога не го внесуваме доволно со исхрана, па ќе го докажеме со тест во крвта лабораториски дека имаме недостаток и присутни здравствени проблеми од тој недостаок, вака од око лечење може на форум, ама не и во реалност!
...телото не сака ниту вишок, ниту помалку...си сака таман, затоа велиме нормални вредности све што е под не чини, ама и све што е над пак не чини! превенција нема на болест со хемија туку со дисциплина на исхрана, физичка активност, добар сон...и да најважно многу љубов, радост и минлив стрес!
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
68
Поени од реакции
40
Во право си .. туку имам уште едно последно прашање и не те замарам повеќе.Вртоглавица немам никако освен кога главата ја навалам наназад или кога лежам на рамно на грб одма почнува да ми се врти . Кога лежам лево десно на рамна површина секако немам ништо , единствено кога главата ја потпрам наназад или кога лежам на грб и одма почнува да ме врти.Иначе немам никакви вртоглавици додека се движам,седам,стојам, лежам на перница итн.Само во тое 2 положби моментачно почнувам да пропаѓам и кога станам одма престанува..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom