Перикард-Воспаление на срцева обвивка

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.789
Да ми каже некој што се разбира за резултатите од крвта добри ли се ? Од денес се.Прегледај го приврзокот 209996
WBC(White blood cells)-леукоцити 6 (референтни вредности 3.9 – 10 ).
RBC (Red blood cells)-еритроцити 5 (реф.вред. од 3,8 - 5,8)
HGB хемоглобин 148 (реф.вред. 110-180 g/l )
PLT ( Plates cells) тромбоцити 202 (реф.вред. 140-450 )
Troponin > 1,5 ( < 1,0 ng/ml ) *
ALT
аланин аминотрансфераза 11 (реф.вред. 8 - 41 mmol/l.)
AST
аспартат аминотрансфераза 16 (реф.вред.7 - 38 mmol/l.)
CK
креатин киназа 117 ( 15 -180 IU/l)
CKMB 13
(до 5.3 IU/l ) *
Creatin
креатин 76 (реф.вред. 53 - 124 ummol/l)
Fe
серумско железо 18 (реф.вред.8,9 - 30 umol/l.)
Urea уреа 1,7 (реф.вред.2,8 - 7,2 mmol/l.) *
K калиум 3,8 (реф.вред.3,5 - 5,5 mmol / l.
LDH лактатдехидрогеназа 128 (<241 U/L )
Na
натриум 142 (реф.вред135 -145 mmol/l)

... т.н срцевите маркери (креатин киназа CK, CKMB, Troponin) помага во проценка на ризикот, дијагностицирање, следење и справување со срцевите проблеми за започнување на превентивни и терапевтски мерки, одредување на СК во серум служи како маркер за инфаркт на миокардот и болести на скелетните мускули и концентрацијата на CK-MB како маркер за рано оштетување на миокардот расте 2-6 часа по нападот.

Причини за покачени вредности:
1. Миокарден инфаркт
2. Миокардитис
3. Перикардитис
4. Мускулна дистрофија
5. Операција на срце
6. Напорни вежби - тренинг
7. Мешани болести на сврзното ткиво
8. Кардиомиопатија
9. Хипотермија
... вредноста на тропонин во серумот служи како маркер за миокардна некроза за идентификација на пациенти со висок ризик и следење на состојбата, потврда на потребата за поагресивен третман, да се направи разлика помеѓу ангина пекторис и миокарден инфаркт кај пациенти со болка во градите.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Да ми каже некој што се разбира за резултатите од крвта добри ли се ? Од денес се.Прегледај го приврзокот 209996
Па не се баш добри.
Земи од Зегин магнезиум цитрат
Од продавници за билдинг таурин од добар бренд 2x 500mg таурин со 2x 200мг магнезиум.

Б комплекс некој по квалитетен, намали на продукти од животинско потекло, зејтин не, леб бел не, пецива не, мајонез, маргарин, благо не, сол намали. Ставај сув магдонос и рузмарин во храната.

Повеќе цвекло/зелка салати, грав, леќа, грашок, карфиол, брокула, модри патлиџани, пиперки, ленено семе, сардини 1 во неделата, јогурт 1 до 2 пати во неделата баланс плус, и ќе бидеш ок, држи се до препишаната терапија, суплементите зимај ги 1 до 2h после или пред медикаментите.

Не е лошо доплер да направиш и OGTT, скриен шеќер (инсулинска отпорност) е број 1 причина за кардиоваскуларни болести.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
68
Поени од реакции
40
WBC(White blood cells)-леукоцити 6 (референтни вредности 3.9 – 10 ).
RBC (Red blood cells)-еритроцити 5 (реф.вред. од 3,8 - 5,8)
HGB хемоглобин 148 (реф.вред. 110-180 g/l )
PLT ( Plates cells) тромбоцити 202 (реф.вред. 140-450 )
Troponin > 1,5 ( < 1,0 ng/ml ) *
ALT
аланин аминотрансфераза 11 (реф.вред. 8 - 41 mmol/l.)
AST
аспартат аминотрансфераза 16 (реф.вред.7 - 38 mmol/l.)
CK креатин киназа 117 ( 15 -180 IU/l)
CKMB 13
(до 5.3 IU/l ) *
Creatin
креатин 76 (реф.вред. 53 - 124 ummol/l)
Fe серумско железо 18 (реф.вред.8,9 - 30 umol/l.)
Urea уреа 1,7 (реф.вред.2,8 - 7,2 mmol/l.) *
K калиум 3,8 (реф.вред.3,5 - 5,5 mmol / l.
LDH лактатдехидрогеназа 128 (<241 U/L )
Na
натриум 142 (реф.вред135 -145 mmol/l)

... т.н срцевите маркери (креатин киназа CK, CKMB, Troponin) помага во проценка на ризикот, дијагностицирање, следење и справување со срцевите проблеми за започнување на превентивни и терапевтски мерки, одредување на СК во серум служи како маркер за инфаркт на миокардот и болести на скелетните мускули и концентрацијата на CK-MB како маркер за рано оштетување на миокардот расте 2-6 часа по нападот.

Причини за покачени вредности:
1. Миокарден инфаркт
2. Миокардитис
3. Перикардитис
4. Мускулна дистрофија
5. Операција на срце
6. Напорни вежби - тренинг
7. Мешани болести на сврзното ткиво
8. Кардиомиопатија
9. Хипотермија
... вредноста на тропонин во серумот служи како маркер за миокардна некроза за идентификација на пациенти со висок ризик и следење на состојбата, потврда на потребата за поагресивен третман, да се направи разлика помеѓу ангина пекторис и миокарден инфаркт кај пациенти со болка во градите.
Дали има шанса да е грешка на кардиологот оти овде пишува <1.5[DOUBLEPOST=1560361377][/DOUBLEPOST] 20190611_183403.jpg [DOUBLEPOST=1560361515][/DOUBLEPOST]
Па не се баш добри.
Земи од Зегин магнезиум цитрат
Од продавници за билдинг таурин од добар бренд 2x 500mg таурин со 2x 200мг магнезиум.

Б комплекс некој по квалитетен, намали на продукти од животинско потекло, зејтин не, леб бел не, пецива не, мајонез, маргарин, благо не, сол намали. Ставај сув магдонос и рузмарин во храната.

Повеќе цвекло/зелка салати, грав, леќа, грашок, карфиол, брокула, модри патлиџани, пиперки, ленено семе, сардини 1 во неделата, јогурт 1 до 2 пати во неделата баланс плус, и ќе бидеш ок, држи се до препишаната терапија, суплементите зимај ги 1 до 2h после или пред медикаментите.

Не е лошо доплер да направиш и OGTT, скриен шеќер (инсулинска отпорност) е број 1 причина за кардиоваскуларни болести.
Според нпрмалните вредности на гугл пишува дска се е во граница на нормалата..Што е тоа што не е толку добро.Фала однапред[DOUBLEPOST=1560362571][/DOUBLEPOST]?? 20190612_200203.jpg
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.789
... ич не ми се пишува, оти гледам паника те фаќа, тука имаме (малку покачени) вон границите на рефернетна вредност, ама тоа е минимално покачување што одговара на твојата ситуација на пронајдено воспаление перикардит!
за креатин киназа CK-MB ти ги посочувам вредностите од наши лаборатории, еве како што е Авицена клик! до 5.3IU/L ! и тоа е тоа, не велам дека не може да се погреши, ама се трудев да напишам точни податоци, инаку тропонинот треба да е под 1,0 ng/ml, а кај твојот резултат пишува дека е поголемо т.е. 1,5 ng/L прашај ги која им е референтна вредност за тропонинот во лабораторијата инаку грешка не би требало да направат тоа иде компјутерски од самиот апарат!
...инаку доколку не е бактериски причнител, на твојата состојба не би требало да ти дадат да пиеш антибиотик т.е. посочениот Тбл.Панцеф !
...доколку е вирусен перикардит обично се повлекува спонтано за неколку дена, но може и подолго до 6 недели и нема специфична терапија туку се препорачува одмор и примена на аналгетици или примена на нестероидни антиинфламаторни лекови (на пр. индометацин или кетопрофен) или некој ден давање на орални кортикостероиди инаку лично јас не би го пиела тој што ти го препорачале т.е. Тбл Ибупрофен и тоа 10 дена!
...инаку погрешиле што не ти дале нешто за гастрична заштита поради појак и подолг внес на нестероидни антиинфламаторни лекови и тоа требаше со препорака со постојано намалување до 10 дена, а не иста доза на сите лекови (за гастрична заштита мора да пиеш по една капс.Омепразол) инаку треба да мируваш, да имаш позитивни мисли и сево ова е само последица од една пролазна настинка што ете малку се искомплицира во перикардит ( не знам зашто антибиотик ако не се докажа бактериска инфекција?)
... значи, кај пациентите со перикардит ги прават следниве испитувања (за да знаеш што си направил до сега) : ЕКГ, лабораторија, хемокултура, лабораториски испитувања на крвта за антинуклеарни антитела, радиографија за проценка на големината на срцето и за исклучување на пневмонија, ехокардиографија за проценка на количината на перикардниот излив и за присуство на структурни аномалии и што е неминовно кај сите пациенти (се мисли со било каков вид перикардит) треба да се направи туберкулински тест!
...доколку градната болка ти била поголема и понепријатна отколку во седечка или нанапред наведната состојба кога се смирувала, тогаш имаш акутен перикардит!
...се прават и други испитувања за да се докаже дали е акутен, субактуен или хроничен перикардит)!
и уште нешто, не се паничи толку, на Нет може да се најде разни коментари и разни препораки и разни компликации од сите болести, времето ќе го стори своето, млад си и ќе се повлече проблемот, не додавај дополнително стрес, резултатите ти се добри според твојата ситуација, но мора да ги следиш и повторно да направил лабораториска анализа, барем да се види тие покачени вредности до каде се!
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
68
Поени од реакции
40
Фала многу за одвоеното време.Пијам lansoprazol и некој linex за против пролив и надуеност.Иначе ми направија екг,па ехо, па крвна анализа и ми рече не е хроничен и ми препиша тоа што е.Пиев немам веќе никаква болка но отидов после само 2 недели пак и реков правете ми пак ехо да видам дали е повлечено.На ехото се покажа дека 90% е излечено и да сум дојдел за месец време пак.А ова со туберколозен тест со пневмонија,уште кога читам коските ми се тресат.Цел живот спортист еднаш немам доктор посетено, посетив дури после натпревар од 90 минути осетив како притисок во градите не остра болка,туку сано како да има нешто да ми стои на градите и отидов на доктор.Но сепак ке направам пак и крвна анализа и секаков тест што треба да видам белите дробови што како, па што даде господ тоа.Инаку немам ни температура , не сум ни имал , кашлица па ич ни пред ова ни сега.Мислам дека тие се едни од основните симптоми на туберколоза или пневмонија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.789
А ова со туберколозен тест со пневмонија,уште кога читам коските ми се тресат. Цел живот спортист еднаш немам доктор посетено...
...зашто да ти се тресат коските? па тоа се излечливи болести, посебно пневмонија, бронхитис знаеш колку пациенти добиле минативе месеци со настинки и грип? па еве ги живи здрави...таман работа, очигледно не си отслужил воен рок па не си се искалил како „Рамбо“ :),
како и да е тоа што си бил спортист не значи дека не можеш да закачиш некоја бактерија или вирус... напротив тие микроорганизми ги напаѓаат токму спортистите :D да се нашалиме, па ние сакаме да продолжиме на „стара слава“ што сме биле спортисти па сега недопирливи сме, спортистот полесно се справува со болестите, ама не значи дека нема „да ги закачи“ :sneaky:
Манту, ППД, (турбекулински) тест е по протокол да се испита кај сите пациенти кои имаат перикардитис од било кој тип барем тие кои се болнички (лежечи) третирани, а не дека нешто треба да имаш, па да „ти се тресат коските“! :)
Фала многу за одвоеното време.Пијам lansoprazol и некој linex за против пролив и надуеност.
...е да тоа е тоа, гастрична заштита! се надевам дека Линекс- пробиотикот си го пиел барем најмалку 2ч после антибиотикот!
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
68
Поени од реакции
40
Фала ти најмногу за се што ми објасни.Ги пијам 2-3 часа после другите да.А за овие други тестови ке ги направам за 1 месец ,тогаш ми рекоа да идам за стрес тест.Ако одам одма сега ке и се заврти свест на докторката во толку кратко време направив 3 екг , 2 ехо , 1 крвна анализа , сакав пак крвна анализа али било многу рано несмеало така.Али дефинитивно ренген,туберкулински тест,крвна анализа и пак екг и ехо наредниот месец.Иначе немам никакви тегоби или болки.
 
(y) .... ај бе па ти коронарен стрес тест, ти треба да мируваш сега, а стрес тест на лента да одиш и тоа за одредно време со одредена брзина....не ти треба ваков тест барем не сега кога ќе мируваш, па кондиција не ќе имаш па потоа 15 брзо идење на лента со сите тие кабли на тебе....па нема да идеш до крај, па пак „бубачки“ кај тебе ако не си го поминал!... надвор 40 степени, внатре со клима воздухот или не...а ти ќе се оптоваруваш на таа лента...да предизвикаш дополнителен проблем!

...:neetaka: не , не сега...тоа може понатаму.. штом немаш тегоби ти не си со срцева мана или срцев болесник, ...уживај во животот, немој стресни ситуации, внимавај на исхрана, и малку повеќе одмор да може телото само да се врати во нормална состојба од 90% на 100% ;)

ај тој срцев стрес тест нека биде многу покасно да речеме 3,4 месеци кога ќе се стабилизираш и ќе се вратиш во кондиција...мое мислење, нормално!
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
68
Поени од реакции
40
Ке те послушам.Ама веке 3 недели скоро само лежам дома , нели може нормално да се движам да се прошетам малку со друштво или стриктно одмарање?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.789
Ке те послушам.Ама веке 3 недели скоро само лежам дома , нели може нормално да се движам да се прошетам малку со друштво или стриктно одмарање?
... па нормално дека ќе шеташ и ќе се дружиш со друштво!
ама ќе избегнуваш све што може да ти го покачи нагло срцебиењето т.е. пулсот, сите нагли физички работи во смисол нагло дигање, гурање, носење товар,трачање, качување по скали, возбудување со некој филм, секс, расправии, алкохол, пушење во тој смисол, како и внимавање во исхрана во смисол на прејадување или глад, обилни оброци, пикантни и лути зачини, кафе посебно еспресо, нес кафе, индиски чај....итн
...редовно спиење со мирен сон најмалку 7 ч, избегнување на високи теператури, шетање по сонце или долг престој во климатизирани простории!
подигање на имунитетот на највисоко ниво со повеќе овошје и зеленчук!
да се внимава на лична хигиена!
 
Господ здравје да ти даде 200 години да живееш, но се што ми наброја ке му дојде умри си полесно е.Значи јас сум у фаза на преживување не на нормален живот.Секако не пушам,не тренирам веке 3 недели,јадам нормално,се тоа би до некаде пазел,но оди ти докажи и на женска ми за горе наведеното,доста ме трпи 3 недели ..ке ме остави еј хахаха[DOUBLEPOST=1560467342][/DOUBLEPOST]На овие клипови тој збори за миокардитис-воспаление на срцевиот мускул

Кај мене е перикардитис- Кесата околу срцето,но сепак доста информативно[DOUBLEPOST=1560468458][/DOUBLEPOST]Секој ден мерам и притисок и пулс 120/80 притисок , пулс од 60-75 најчесто варира.Станав зависен од мерење на пулс и притисок.И мое лично мислење кога седам дома и одмарам повеке ми лупа срце бидејки 99.99% мислите ми се во срцето,кога сум со друштво тотално или барем добар процент заборавам на него.За витамини јадам овошје секој ден,за зеленчук прочитав некаде патлиџанот бил добар за срце па секој ден салати правам.Плус шумливи таблрти витамин Ц , плус Б-комплекс 2-3 таблети обавезно на ден.Па од ова повеке неможам....Зам здравјето на 1 место, али и живот зове,обавези такодџе.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.789
Господ здравје да ти даде 200 години да живееш, но се што ми наброја ке му дојде умри си полесно е.Значи јас сум у фаза на преживување не на нормален живот.Секако не пушам,не тренирам веке 3 недели,јадам нормално,се тоа би до некаде пазел,но оди ти докажи и на женска ми за горе наведеното,доста ме трпи 3 недели ..ке ме остави еј хахаха[DOUBLEPOST=1560467342][/DOUBLEPOST]На овие клипови тој збори за миокардитис-воспаление на срцевиот мускул Кај мене е перикардитис- Кесата околу срцето,но сепак доста информативно[DOUBLEPOST=1560468458][/DOUBLEPOST]Секој ден мерам и притисок и пулс 120/80 притисок , пулс од 60-75 најчесто варира.Станав зависен од мерење на пулс и притисок.И мое лично мислење кога седам дома и одмарам повеке ми лупа срце бидејки 99.99% мислите ми се во срцето,кога сум со друштво тотално или барем добар процент заборавам на него.За витамини јадам овошје секој ден,за зеленчук прочитав некаде патлиџанот бил добар за срце па секој ден салати правам.Плус шумливи таблрти витамин Ц , плус Б-комплекс 2-3 таблети обавезно на ден.Па од ова повеке неможам....Зам здравјето на 1 место, али и живот зове,обавези такодџе.
oффф, не го слушаш позитивното во 100 реченици, туку една негативна реченица таа ќе ја слушнеш, знам дека имаш перикардитис, џабе не пишував толку, првото видео е то, а двата се слични укажувајќи како настанува инфективно воспаление од бактерија, вирус па и од паразити ....на срцевиот мускул или на срцева обивка и дека нормално се случува ете спомнувајќи ги токму спортистите, ама ти се нешто друго перципираш, не ми ја разбираш поентата... и нормално секој кој седи дома без работа мисли на сите бубачки што му доаѓаат во моментот! пак ќе ти кажам единствено не ми се допадна 10 дневно пиење на ибупрофен, и стрес тест после еден месец од „кризата“ ти објаснив што значи да се одмараш, ти го сфаќаш буквално да не мрдаш во хоризонтала... не знам зашто не се разбираме, моето го кажав, а ти сега како сакаш!
 
Фала, разбрав што сакаш да кажеш.Се надевам дека се ке мине у најдобар ред.Доволно сум малер што сум закачил ова, бидејки е многу ретко заболување.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.789
Фала, разбрав што сакаш да кажеш.Се надевам дека се ке мине у најдобар ред.Доволно сум малер што сум закачил ова, бидејки е многу ретко заболување.
...малер? не е малер што ќе се закачи, малер е да се искомплицира после поради неажурност, а ти како си загрижен и си превзел мерки веќе сега си добро 90%, така да не размислувај така! ;)
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
68
Поени од реакции
40
Па се надеваме како шѕп реков нрмам ни отежнато дишење веке ни притисок во градите,знае само некогаш да ме пецне малку срцето,сигурно тие 10% што се останати.Најбитно ми е што докторката рече скоро излечено така да не е искомплицирано,да се зголеми или перикарден излив недај боже.Прогуглав уште малце и на своја глава си пијам и аспирин 500мг , секако нема лоши страни а и у право си што рече дека со аналгетици треба.Секако ти како што мислам си некоја докторка па сигурно знаеш многу повеќе од мене.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom