Анчо,примериве што ги спомнуваш се само дел од нашето секојдневие.Еве неколку најсвежи на кои лично бев сведок,а се случуваат изминатиов месец:
1 - неколку пати минам покрај фонтаната во младинскиот парк и затекнувам по 5-6 циганчиња како се бањаат во неа.
2-спроти пабот,стартува еден копук со фиат пунто,мава еден дечко на скутер го влече неколку метри,дечково се мава во тротоарот а копукот со пунтото бега.Среќа дечкото со скутерот не беше повреден (како и јас незнам),а и имаше многу народ па му ја видоа регистрацијата на тој со пунтото и кога дојде полиција им ја кажаа.
3.-Враќајки се од стадион,се качувам по горништето кај пионерски кога еден мршник на некои 20 и кусур години,со скутер од улицата врти накај горништево со голема брзина.Мине покрај мене на неколку сантиметри и едвај избегнува да не удри во две дечиња од по 11-12 години,кои пешки се спуштаа надоле.
Мршников успева да запре,се враќа назад и им се пушта на децава да ги тепа
.
Во тој момент стасувам до нив и му викам-абе не ти се криви децата ти шо леташ со тоа скутерот.
Мршников ми се врти и почнува да ме пцуе нешто во стилот,што кур сакаш бе па ти,пичка ти материна...
Тука го прекинав со една васпитна,се затетерави на тоа моторот,удри на гаста и кога помина десетина метри се врти и ми вика - ќе видиш ти,ќе те најдам ја тебе
4.-вчера вечер,околу 9 саат, на пешачкиот кај младинскиот парк,коли и мотори стојат и чекаат пешаци да ја преминат улицата.Едно копито од 40-45 години на скутер,наместо да застане како сите се обидува да помине цик-цак возејки доста брзо.Се мава во друг скутер,паѓа и скутерот се лизга по пешачкиот и запира точно пред едно бебе во количка,кое во тој момент ја минеше улицата.
Се стресов упм..Што ако удреше во количката со бебето??Таткото на бебето му се пушти,дојде и џандарот што стоеше тука и пред чии очи се одвиваше случкава,и после што се случи незнам,најверојатно му пишале пријава.
Намерно ги пишав годините на учесниците,пошто старо,младо,ТЕШКА ЧЕРГААНА сме,Анчо..
Се возат мотори,точаци по тротоар за да не вртат од околу,по тројца,четворица се возат на мотор,летаат со коли по улиците,на пешачки ќе те згазат а не па на друго место,каде и да чекам ред за нешто обавезно се наоѓа некој паметен шо сака да се пикне преку ред итн...
Таа е..