Пелистер - сместување/апартмани

Член од
21 март 2011
Мислења
46
Поени од реакции
40
Ова година сакам на неколку дена да го посетам Пелистер за да ја одбегнам урбаната гужва. е сега ме интересира дали некој има искуство со тој регион. дали можете да ми препорачате смештај? ќе одам со девојка ми, па би ми одговарало некоја поевтина варијанта. би ви бил благодарен доколку ми помогнете :)
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Хотел Молика :)
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
На Пелистер има три планинарски дома:

1. Неолица - на час и половина пешачење од Лавци, тоа е едно село (или приградска населба веќе) на крајот на Битола. Сместувањето е во заеднички соби (барем така беше кога бев последен пат) со по неколку кревети.

2. Копанки - од страната кај Магарево и Трново, асфалтен пат до Молика и половина час пешачење до Копанки, или околу час ако одиш од страната на Палиснопје (кај детското одморалиште) - вторава е полесна патека (не дека првата е многу тешка) и поживописна и уживачка.

3. Големо Езеро. Планинарскиот дом „Димитар Илиевски - Мурато“, според првиот Македонец кој се искачил на Монт Еверест, е сместен покрај поголемото од двете пелистерски очи, на околу 2200мнв. Од Неолица има 5-6 саати добро пешачење, кое не би го препорачал без водич ако не го знаеш патот (иако има маркации,патот знае да биде тежок дури и за искусни планинари,особено ако заврне/падне магла). Од Копанки има, исто така околу 5-6 саати пешачење, но најдобра опција е да се оди од Нижеполе (3 - 4 часа).

Освен овие, сместување може да се најде во одморалиштето на „Стрежево“ во Нижеполе, во Молика, или евентуално во Трново/Магарево, па веројатно и во Нижеполе (има доста викендички), но јас никогаш не сум ги разгледувал овие опции, а како не сум бил одамна, не знам ни како се движат цените (се разбира, во Молика е најскапо)....

Особено ми е интересна турата од Големо Езеро до Брајчино, и јас се подготвувам за пелистерска авантура летово - во тек на август, тогаш и ќе се заинтересирам посериозно.

Поздрав.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
http://www.villadihovo.com/ Јас најискрео ти препорачувам тука

На баба на планината имаш детско одморалиште кое е многу ефтино меѓутоа немаш некој услови, имаш Хотел Молика доста добар хотел и доста скап.
Ако си за планинарење има два планинарски домови, едниот над Хотел Молика (копанки)
и уште еден кај големото езеро.
Има уште доста сместување што е во околните села под баба планина, на пример Дихово тоа што ти го пишав и Трново ( таму имаш два добри Хотели, Шумски Фенери и Шатор).
Тоа е тоа ако имаш некои други прашања слободно.
 
фала ви многу за предлозите. вилата дихово навистин изгледа привлечна. дали можеш да ми кажеш од прилика колку се цените по човек? мене ми одговараат и планинарските домови, но бидејќи одам со девојка ми би сакал да имам повеќе приватност...па затоа барам некои апартмани кои сепак нема да се скапи колку хотелите :) исто така ќе биде добредојден и некој сличен предлог за некој планински предел низ земјава :)
 
не знам за цената ама мислам дека не е фиксна, еднаш разговарав со сопственикот и го прашав колку е и ми рече секој различна сума остава, заради што досега го посетиле амбасадори, министри, бизнисмени........ ама ти со твојот по скромен буџет мислам дека можеш да ја договориш за пониска цена. сепак мора да видиш како е со слободни места, јас имам одено неколку пари имам и некој семинари одржувано и навистина многу добро место можеби едно од подобрите што го имам видено кога е во прашање планините и селскиот туризам.
 
благодарам многу :)
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Сум чул доста пофални зборови за вила Дихово.
И тоа дека нема фиксна цена - сопственикот има таков тертип - секој плаќа колку што е задоволен. Храната, ми рекоа, била фантастична, практично човекот си има градина и употребува свежи плодови - директно од градина за јадења кои ќе ги порачаш а la carte... плус, сум чул дека нудат организирани тури со велосипеди, пешачења итн...

Други планинаски места - хм.... Берово и на Беровско Езеро имаш полно вили во кои се издаваат соби за околу 400-500 денари од човек - http://berovobooking.com.mk/

В
евчани е фантастична дестинација, само не сум запознат со капацитетите за смстување иако последно време има неколку нови вили/хотели.

На Плачковица имаше едно одморалиште од МВР од виничка страна, само не знам како функционира сега, т.е. дали е отворено за гости - инаку одлично место за одмор....
 
Член од
21 март 2011
Мислења
46
Поени од реакции
40
Сум чул доста пофални зборови за вила Дихово.
И тоа дека нема фиксна цена - сопственикот има таков тертип - секој плаќа колку што е задоволен. Храната, ми рекоа, била фантастична, практично човекот си има градина и употребува свежи плодови - директно од градина за јадења кои ќе ги порачаш а la carte... плус, сум чул дека нудат организирани тури со велосипеди, пешачења итн...

Други планинаски места - хм.... Берово и на Беровско Езеро имаш полно вили во кои се издаваат соби за околу 400-500 денари од човек - http://berovobooking.com.mk/

Вевчани е фантастична дестинација, само не сум запознат со капацитетите за смстување иако последно време има неколку нови вили/хотели.

На Плачковица имаше едно одморалиште од МВР од виничка страна, само не знам како функционира сега, т.е. дали е отворено за гости - инаку одлично место за одмор....
фала ти, баш утре ќе се јавам да прашам за дихово. супер би било доколку е некоја прифатлива цена за мене :) Берово бев за нова година и искрено услугата беше многу хаотична и некако луѓето не ги прифаќаат туристите како што треба. иако слушнав дека вип хотелот во берово било интересно и не многу скапо место.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
фала ти, баш утре ќе се јавам да прашам за дихово. супер би било доколку е некоја прифатлива цена за мене :) Берово бев за нова година и искрено услугата беше многу хаотична и некако луѓето не ги прифаќаат туристите како што треба. иако слушнав дека вип хотелот во берово било интересно и не многу скапо место.

Баш ме интересира што ќе кажи, те молам информирајме оти и мене ме интересира цената и слични работи. Имам јадено таму стварно е многу добро домашна кујна :D
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
142
Поени од реакции
163
Поздрав oд Дихово (y)(y)

Кој сака да биди дел од Диховската ладовина нека дојде и ке се увери и самиот за тоа што се може да се понуди во Вила Дихово од храна ке бидете презадоволни home made 100% и над сето тоа се нуди и домашно Пиво направено од маестро Пеце.
Еве Брокер веќе бил во Дихово и сигурно и другите лесно ќе не најдете,Вила Дихово се наоѓа во селото Дихово 7км. оддалечено од центарот на Битола на патот за Пелистер сето тоа е обележано со знаци кои се поставени на видно место,@cArsi you are welcomed ;)

Поздрав (y)
 
Пеце ти си бе?
Навистина супер место а за тоа пивото не ти гарантирам дека е домашно, според тоа што го имам неколку пати пробано и што имам информации Скопско е :D
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
142
Поени од реакции
163
Не можи да се нуди како домашно а да е Скопско тоа ме потсеќа најмногу на еден годишен одмор во Охрид :D ,ако нивната реклама гласи "Скопско Нашето Најдобро" има и подобро :)
Значи се работи за домашен пијалок "Пиво" а ти можи си пиел пиво во Вила Дихово а каде потоа си завршил со Скопско незнам можи од каршија хехе (y)
Еве плус нешто од сето то што го нуди Дихово ова е за вечер кој може нека помини :
EPIC SUMMER PARTY - DIHOVO Еве и малку навигација за сето ова ДИХОВО
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Поздрав oд Дихово (y)(y)

Кој сака да биди дел од Диховската ладовина нека дојде и ке се увери и самиот за тоа што се може да се понуди во Вила Дихово од храна ке бидете презадоволни home made 100% и над сето тоа се нуди и домашно Пиво направено од маестро Пеце.
Еве Брокер веќе бил во Дихово и сигурно и другите лесно ќе не најдете,Вила Дихово се наоѓа во селото Дихово 7км. оддалечено од центарот на Битола на патот за Пелистер сето тоа е обележано со знаци кои се поставени на видно место,@cArsi you are welcomed ;)

Поздрав (y)
E, шо, само cArsi е добредојден?! :P
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
142
Поени од реакции
163
E, шо, само cArsi е добредојден?! :P
Да секако и ти :) и секој кој ке изрази желба ќе биде дел од Селскиот Туризам а гледам StandingStill се спремаш и за на големо езеро е таа тема неможи да се опиши со зборови како е таму,кој бил знае најдобро,јас еве веќе оваа година два пати го имам посетено а сезоната е тек пред нас и се надевам ке стигнам до бројката пет искачувања на врвот во сезона кој е и мој рекорд во една сезона (y)(y)
Поздрав се гледаме кај мачката :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom