Сум чул доста пофални зборови за вила Дихово.
И тоа дека нема фиксна цена - сопственикот има таков тертип - секој плаќа колку што е задоволен. Храната, ми рекоа, била фантастична, практично човекот си има градина и употребува свежи плодови - директно од градина за јадења кои ќе ги порачаш а la carte... плус, сум чул дека нудат организирани тури со велосипеди, пешачења итн...
Други планинаски места - хм.... Берово и на Беровско Езеро имаш полно вили во кои се издаваат соби за околу 400-500 денари од човек -
http://berovobooking.com.mk/
Вевчани е фантастична дестинација, само не сум запознат со капацитетите за смстување иако последно време има неколку нови вили/хотели.
На Плачковица имаше едно одморалиште од МВР од виничка страна, само не знам како функционира сега, т.е. дали е отворено за гости - инаку одлично место за одмор....