Зборот педофилија има грчко потекло PAIDOS=дете и FILEO=сакам.Тоа е сексуална абнормалност која опфаќа сексуални афинитети, злоупотреба и насилство а се манифестира со задоволување на страста и сексуалниот нагон према деца во пред пубертетска и рано пубертетска возраст (10-14 год). Тоа е врста на сексуална перверзија. Педофилите се обично од машки пол кои сексуалната возбуда ја постигнуваат со физички или сексуален контакт со деца со кои се или не се во сродство. Статистички, најголем број на педофили се хетеросексуалци женети или разведени.Во профил, се девијантни, социјално незрели и неодговорни луѓе кои не ги контролираат сексуалните нагони. Ги има три групи педофили:
1. педофили (сексуално ги интересираат само деца),
2. злоставувачи ( деца и возрасни жени)
3. сторители на инцест (жртви се сопствените деца или деца во блиско сродство)
Многу важно што треба да се спомне е еден нов момент во последните години начинот на кој педофилите доаѓаат до своите жртви.
Бидејќи овде членуваат колку што можев да приметам и доста родители, а во секој случај и многу посетен форум воопшто, не е на одмет да се обрне малку повеќе внимание.
Со развојот на технологијата, во случајов интернетот, педофилите се помалку ги наоѓаат своите жртви по паркови улици и училишта, туку се повеќе во своите станови, преку интернетот и чат програмите остваруваат комуникации со децата. Почнуваат многу внимателно, со безопасни прашања, па многу вешто испитуваат дали има некој со нив во соба, каде им се наоѓа компјутерот и дали го користи друг. Тогаш кога ке се осигураат дека нема ризик, со разни стратегии ја здобиваат довербата на детето. Она што е најтешко во овие случаи е да се открие педофилот, зашто тој останува анонимен или лажно се претставува. Со децата во директна комуникација зборуваат разни гадости, упатуваат сексуални, насилни, злобни, вознемирувачки и непристојни пораки и ги наведуваат на сексуален контакт. Децата се посебно љубопитни и ги наведуваат со раскажување на вицови, разговори за сексуалноста, им праќаат слики и адреси од порно сајтови, и што е најинтересно ги убедуваат дека тоа е само нивна тајна која не смеат да ја споделат со друг.
Многу мал е процентот на деца кои тоа ќе го доверат на своите родители. Најчеста жртва се децата кои имаат компјутер во своите соби, голем дел од денот се сами дома и родителите не ги надгледуваат убедени дека правилно го поминуваат времето пред компјутер знаејќи дека во денешно време тој е многу моќен медиум.
За жал детето вклучено во педофилски активности се формира во проблематична личност,има чувство на беспомошност, вина,лоша слика за себе,ниско самопочитување и самодоверба. Трауми кои ги носи во себе цел живот.