ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Сепак не ми одговори експлицитно на моето прашање дали сите Македонци кој од 1913 до 1944 година морале да имаат Грчки,Бугарски или Српски документи станаа Бугари,Грци или Срби?Твојата фамилија пребегнала во Македонија и секако благодарение на тоа вие сите сте останале со Македонски лични карти и пасоши,ам што со тие кој пребегнаа во Бугарија,Чешка,Романија или Русија,или со оние Македонци кој заминаа во Австралија или Канада и САД?Треба ли да им забраниме да се кажуваат Македонци,да се чувствуваат Македонци само затоа што немаат Македонска лична карта или пасош?Ајде бе не заебавај,некој да те чита ќе помисли дека си на мислење оти Хунзите се поголеми Македонци одколку самите Македонци ебаго.Зар и ти почна да веруваш во заплетите на Соросоидите кој велат дека Македонци има секаде,ама во оваа Македонија ги има најмалку,или што е полошо некој од нив одат дотаму дека во оваа Македонија не живеат Македонци,туку нешто друго,како Славомакедонци или Скопјани?Македонци имало и во Турско, и тепани и убувани и опстанаа. Еден дел станаа Македонци муслимани кои и денес зборуваат Македонски ама се осеќаат Турци (Центар Жупа и слично). Ајде врати ги овие луѓе во Македонци, тука ни се.Не знаат ни Т од Турски, а бараат школо на турски-мајчин јазик.Другиот дел се декларираат како Албанци.
Оние што останаа, православните, во 19 и почетокот на 20 век ги дотолчуваа за да ги доистребат. Пример е пописот на Кнчев и слични како него кои во Егејска Македонија наоѓаа само Бугари.И денес да одиш доле,Гејците имаат израз палиовулгарос (стари бугари). Ама и тие некако останаа. Дел од нив се протерани како мојата фамилија оти не се претопи во грчка, дел денеска се декларирани грци, не само формално - од мака, туку и гордо изјавуваат дека се големи грци-ама од мајка македонка, за жал.Тие тешко се враќаат. И таму народот ни се раситни.Чест на ретките како Воскопулос , Парисис, Царкњас и слични-тие се Македонци.
И не поделија 1913. Дел под Србија, дел под грција, дел под бугарија. Ајде не тепале и со сила не пишувале Бугари, Срби, Грци. Зошто кога МАкедонија стана држава, тие не се вратија на своите корени. Па на Скопска Црна Гора имаш цели села со Македонци кои се поголеми Срби од Милошевиќ и Шешељ заедно...И оди кажи им дека се Македонци.
Сврти се околу себе, како што велиш, колку од оние што земале Бугарски пасоши ги гледаш на панихиди, па излегуваат снимки на приватни забави каде го негуват Бугарското знаме и држава, па со радост ги пречекуваат Каракачанов и неговите следбеници.Тие се меѓу нас, Македонци одродени, кои не само што не се освестуваат, туку регрутираат и други лековерни, за патување без виза ти “ги отвараат очите“ да го видиш бугарското во себе. И тие тешко ќе ги вратиме.
Најголемата трагедија е што се повеќе се одродуваме од себе и нашите претци, со најглупавиот изговор-што е битно кој си и што си , кога во ЕУ сите се исти и секаде можеш да одиш.
Битно е, и тоа како. Ако вака продолжиме, ќе останат малку чисти Македонци кои едноставвно ќе бидат како Хунзи-мал горд народ , потомок на една голема империја.
Затоа имам само еден апел до сите Македонци -
НЕ СЕ ПРОДАВАЈТЕ . БИДЕТЕ ГОРДИ НА СВОЕТО ПОТЕКЛО И ЗАЕДНО СИТЕ КАКО ВИСТИНСКИ МАКЕДОНЦИ ДА ИЗГРАДИМЕ СИЛНА ДРЖАВА.
Само се надевам дека Македонците ќе се освестат.....
Јас пак ќе потенцирам дека Македонците без разлика какви документи ќе извадат и од какви причини,нема да бидат помалку Македонци одколку оние што моментално живеат изолирани во ова модерно ГЕТО кое само Џорџе Иванов не го гледа.
-Македонците низ историјата,во текот на последниве скоро 2000 години биле присилувани на преселби,протерувани,угнетувани, тероризирани,асимилирани,но сепак во генот им е вградено да си останат Македонци,без разлика каде и да се,и било со какви документи да располагаат,најважни се чувствата и географијата како неуништлив “документ“ на нивното постоење.