значи според тоа ти што го кажуваш ако пеперутка во 1980 година живеела 24 часа денес ке живее околу 32 саати ? ја ова вака го сваќам...
Па да можев да го објаснам тоа сигурно ќе бев до сега познат.Мислам дека немаме доволно капацитет со нашиов памет да го сватиме ова.Инаку има доста примери во секојдневието што ја потврдуваат теоријата на Ајнштајн дека времето не е апсолутно.Односно дека времето за секого различно тече.Примерот дека времето лета додека седиш со убава девојка е доволно познат.Еве друг пример на мене редовно ми се случува - легнувам да спијам во 00:00 ми звони саатот во 07:00 станувам и си викам (де бре сега легнав) ми изгледа како да поминале само 15 минути.Е сега знам некој ќе рече спиеш во подсвест си и др.Но се поставува прашањето зошто не се случува секогаш тоа?Некогаш дури станувам порано 1 саат и си викам сум се успал.Значи не збориме за ова време што го гледаме на саат туку времето што влијае на нас.Еве еден copy - paste да не пишувам цел саат со мои зборови.
ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО-ВРЕМЕНСКА МАШИНА
Прашањата од типот што е времето се поставувале многу одамна.Многу научници се обиделе да го разјаснат ова прашање но никој до толкава меа како што тоа го направил Алберт Ајнштајн.
Нашето најголемо сфаќање за времето доаѓа од теоријата на релативитетот од гореспоменатиот научник.Пред оваа теорија за времето се сметаше дека е апсолутно и универзално.Но според теоријата на релативитетот времето е зависно од секоја индивидуа т.е. не е универзално и не е апсолутно(туку е релативно).
Тоа најдобро може да се објасни со парадоксот со близнаците.
Ако еден од двајца близнаци се пушти со вселенски брод да патува низ вселената со брзина блиска на таа на светлината ,а другиот брат остане долу на земјата по 10 земјини години братот што бил во вселената ќе биде 8 години помлад од тој на земјата.
(временска разлика 2 години).Во овој ефект братот што патувал во вселената всушност отишол 8 години во иднината.
Патувањето во иднината е докажан факт.Освен брзината за патување низ времето главна улога има и гравитацијата.Во генералната теорија на релативноста(која е посветена на гравитацијата) Ајнштајн предвидува дека и гравитацијата го забавува течењето на времето.Времето минува побргу на таванот отколку во визбата.тоа е така бидејќи кога се наоѓаме во визбата ние сме поблизу до центарот на земјата а со тоа и до земјиното гравитациско поле.Аналогно на ова времето минува побргу во празниот простор во вселената отколку долу на земјата.Секако овој ефект е невидлив,со обични часовници неизмерлив но тоа сепак е така.При мерењето на времето на ваквите експерименти научниците користат атомски часовници.
На површината на неутронска ѕвезда гравитацијата е толку силна што времето е забавено дури за 30 проценти од релативното време долу на земјата.
Големата гравитација не само што го искривува просторот туку го искривува и времето.
Ова е за патување напред во иднината.Но што е со патувањето назад во минатото?
За ова е потребно нашиот универзум да се разгледува како ротирачки.Во таков универзум астронаут би можел да патува назад во минатото толку далеку што може да стигне до неговото детство.Ова доаѓа од афектот на гравитацијата врз светлината.Ротирањето на универзумот би можело да ја задржува(забавува) светлината со што му овозможува на патникот да патува во затворен циклус(круг) во просторот,што исто така е затворен цилкус во времето.
Друг начин на патување во минатото е преку 'wormhole'.Овие ’дупки’претставуваат краток пат во просторот за поминување од една точка до друга.Овие дупки се застапени во генералната теорија на релативноста со што гравитацијата не го искривува само времето туку и просторот.
За да се поминува низ wormhole таа мора да содржи материја.Ако може да се создаде такво нешто тогаш тоа би претставувало совршена временска машина.Ако некој би поминал низ wormhole тогаш тој би можел да бира каде сака да оди:Во минатото или иднината!!!
За да се направи таков ефект би требало таа wormhole да биде близу неутронска ѕвезда(потребна е голема гравитација).Неутронската ѕвезда треба да биде од едната страна на дупката за да го забави времето.Временската разлика од едната и другата страна на дупката постепено ќе се насобира.
Да претпоставиме дека временската разлика помеѓу едната и другата страна на дупката(вормхол) е 10 години.Астронаутот кој ќе патува од страната каде што е неутронската ѕвезда кон внатрешноста моше да оди 10 години во иднината,додека другиот астронаут кој ќе патува од спротивната страна може да оди 10 години во минатото!!!!!
Со враќање до неговата почетна позиција со голема брзина вториот астронаут може да се врати дома пред да замине од дома!!„!!!!!„„!!!„„„!!!!!!!!
Со други борови:Затворениот циклус(круг) во просторот може да стане циклус во времето.
За да патуваме во времето мислам дека треба да помине уште многу време.Но секако и денешниве научни теории во врска со времето и просторот претставуваат голем скок во иднината за разлика од пред еден век кога сеуште електричната струја претставувала проблем.Обединувањето на квантната теорија и теоријата на релативноста ќе донесат голем плод за физиката и другите науки,тоа обединување ќе го направи најголемиот чекор кон изградба на временска машина.