Патување во времето...

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Јас како што знам вселената се шири доста споро. Дури и јака гравитација може да ја поништи таа сила на одредени места.
Постојат неколку теории за тоа како се однесува универзумот. Но сите во нив вклучуваат дека тој се шири.
Можеби е споро во такви монументални рамки, но е прилично брзо ако се разгледаат мерките.
Има претпоставки дека ширењето ќе запре и ќе почне некакво компримирање, но сега за сега се шири.
Гравитацијата на видливите објекти нема никакво влијание бидејќи се работи за голема раздалеченост. Единствено нешто кое може да има влијание е претпоставената црна енергија и црна маса, која е 99% од претпоставената маса на универзумот.
повеќе прочитај на вики
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011

Да и тоа се некои теории, како и теоријата за Бинг бенгот која не е докажана, а исто така има и доволно докази дека таа не е точна, барем не во целост...

Единствено нешто кое може да има влијание е претпоставената црна енергија и црна маса, која е 99% од претпоставената маса на универзумот.
повеќе прочитај на вики
Да те поправам 94%, ама и тоа се само претпоставки.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Грешка си.
Вселената се шири побрзо од светлината.....

Најдалечниот објект што е фотографиран е некој квазар на 12 милијарди светлосни години. Од каде го изваде ова 46 милијарди?!
Значи бил таму пред 12 милијарди години. Сега е подалеку.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Значи бил таму пред 12 милијарди години. Сега е подалеку.
Како гласи теоријата за Биг Бенгот? Дека во моментов вселената е широка 12-14 милијарди светлосни години. Ако се ориентираме според таа теорија која има и дупки...
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Грешка си.
Вселената се шири побрзо од светлината.....
Постојат неколку теории за тоа како се однесува универзумот. Но сите во нив вклучуваат дека тој се шири.
Можеби е споро во такви монументални рамки, но е прилично брзо ако се разгледаат мерките.
Има претпоставки дека ширењето ќе запре и ќе почне некакво компримирање, но сега за сега се шири.
Се поправив погоре =)

Има претпоставки дека ширењето ќе запре и ќе почне некакво компримирање, но сега за сега се шири.
Гравитацијата на видливите објекти нема никакво влијание бидејќи се работи за голема раздалеченост. Единствено нешто кое може да има влијание е претпоставената црна енергија и црна маса, која е 99% од претпоставената маса на универзумот.
Да, гравитацијата нема влијание на голема раздалеченост. А што кога растојанието е релативно мало? На пример во нашиот сончев систем. Горе исто напишав дека две галаксии се шират со поголема брзина од С ако се на поголема одалеченост од...што значи дека гравитацијата влијае на брзината, на некои места, зар не?
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Да и тоа се некои теории, како и теоријата за Бинг бенгот која не е докажана, а исто така има и доволно докази дека таа не е точна, барем не во целост...
Нема да се заебаваме преку форум за она кое некој мисли дека е, туку за она кое е во моментов општо прифатено, барем од оние чие мислење има некоја тежина.

Се поправив погоре =)

Да, гравитацијата нема влијание на голема раздалеченост. А што кога растојанието е релативно мало? На пример во нашиот сончев систем. Горе исто напишав дека две галаксии се шират со поголема брзина од С ако се на поголема одалеченост од...што значи дека гравитацијата влијае на брзината, на некои места, зар не?
Гледај го сончевиот систем како затворен систем. Сосема независен од надворешни влијанија освен она кое го врзува со галактичкиот центар.
Галаксиите меѓусебно се премногу раздалечени за да можат да си влијаат.
Раздалечувањата погоре споменати се помеѓу галаксиите.
Значи немаат никаква врска меѓу себе имаат некоја почетна инерција и си тераат.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Нема да се заебаваме преку форум за она кое некој мисли дека е, туку за она кое е во моментов општо прифатено, барем од оние чие мислење има некоја тежина.

Да, ама тоа општото прифатено е само теорија која може да испадни дека не е точна. И многу научници се на пат да ја побијат таа теорија.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
А има теорија во кој простор се шири универзумот?
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Да, ама тоа општото прифатено е само теорија која може да испадни дека не е точна. И многу научници се на пат да ја побијат таа теорија.
Се додека не ја побијат, глупости од дечурлана која мисли дека го фатила господ за муда, не се добредјдени на потфорумов.
Во ред се критички мислења и опсервации и скептицизам-- тоа е основно во науката.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Да, гравитацијата нема влијание на голема раздалеченост. А што кога растојанието е релативно мало? На пример во нашиот сончев систем. Горе исто напишав дека две галаксии се шират со поголема брзина од С ако се на поголема одалеченост од...што значи дека гравитацијата влијае на брзината, на некои места, зар не?
Гледај го сончевиот систем како затворен систем. Сосема независен од надворешни влијанија освен она кое го врзува со галактичкиот центар.
Галаксиите меѓусебно се премногу раздалечени за да можат да си влијаат.
Според законите на физиката гравитацијата делува на неограничено растојание, при што силата на гравитацијата се намалува на кубик со растојанието, така што на големи далечини скоро и да не постои влијание...
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
А има теорија во кој простор се шири универзумот?
Самиот универзум е просторот. Како што тој се шири така и просторот се шири.

Според законите на физиката гравитацијата делува на неограничено растојание, при што силата на гравитацијата се намалува на кубик со растојанието, така што на големи далечини скоро и да не постои влијание...
Да де, ко што кажав.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
А има теорија во кој простор се шири универзумот?
Има едно интересно појаснување за тоа. Замисли дека имаш тесто со дупки внатре. Кога ке го ставиш во рерна, тоа ке почне да се шири. Релативната положба на дупките ке остане иста, само растојанието ке се зголеми.

Зашто порано било тешко да се измери тоа „ново“ растојание? Замисли дека имаш две топки и тие ке ти претставуваат галаксии и со метар ке го измериш растојанието меѓу нив. После некое време повторно ке го измериш растојанието и ке очекуваш да е поголемо. Проблемот е во тоа што метарот пак ке ти измери иста одалеченост зашто и тој самиот ке се рашири.

Според законите на физиката гравитацијата делува на неограничено растојание, при што силата на гравитацијата се намалува на кубик со растојанието, така што на големи далечини скоро и да не постои влијание...
квадрат :smir:
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Има едно интересно појаснување за тоа. Замисли дека имаш тесто со дупки внатре. Кога ке го ставиш во рерна, тоа ке почне да се шири. Релативната положба на дупките ке остане иста, само растојанието ке се зголеми.

Зашто порано било тешко да се измери тоа „ново“ растојание? Замисли дека имаш две топки и тие ке ти претставуваат галаксии и со метар ке го измериш растојанието меѓу нив. После некое време повторно ке го измериш растојанието и ке очекуваш да е поголемо. Проблемот е во тоа што метарот пак ке ти измери иста одалеченост зашто и тој самиот ке се рашири.
Објаснувањето е да се замисли универзумот како балон кој се дуе.
Молекулите на гасот внатре се галаксиите и се кое го гледаме.
Исто, да се замисли дека универзумот е нешто како аналоген на земјава. Значи од која и точка да тргнеш пак дома ќе се вратиш.
Значи закривувањето на просторот поради целокупната гравитација и слично.
Се разбира тоа не може никој да го докаже, па останува како нешто за кое би имале некоја барем мала претстава.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
На дискавери еднаш спомнаа дека не се исклучува и теоријата да постојат и повеќе универзуми...
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
На дискавери еднаш спомнаа дека не се исклучува и теоријата да постојат и повеќе универзуми...
Во математаката, на пример во Римановата геометрија или во простор времето на Минковски, не е исклучена таква можност.
Сепак, ништо од тоа не е физичко докажано.
Но, математиката била секогаш пред физиката.
Не сакам да звучам апстрактно, но на пример Хокинг има загатнато интересна теорија.
Тој смета дека нашиот универзум е настанат како резултат на експлодирање на црна дупка и правење на нов универзум со сопствената материја.
Тоа е прилично интересно, бидејќи дава како можност некоја преголема концентрација на материја да го колабира просторот и да создаде нов систем со нови почетни правила.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom