Патријахалноста како неправеден систем кон жената

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не е курва, љубителка на сексот е.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Со исклучок на делот „со кого сакаат и кога сакаат“ (јас си верувам во концептот еден маж и една жена) јас бев целосно посветена на кариерата. Работев по 16 часа дневно, одвај имав време да се видам со децата и мажот. Живот на „блиц“. Децата ми растеа со баби, дедовци и на компјутер, готвење - што беше тоа, а садови и алишта за перење - на мајка не знам како ќе и се оддолжам. Не можам да ти опишам каков стресен живот беше тоа. Успешен си, имаш пари ама немаш време да уживаш, да се опуштиш. Башка што дома одвреме навреме ќе викнев жена да ми исчисти или мајка ми ќе ми чистеше, а јас се осеќав грозно оти немав време да бидам ни домаќинка ни мајка.
НЕ САКАМ БРЕ да бидам модерна. Откако дојдов во Америка, цели 18 месеци сум домаќинка. Мислам дека сум родена одново, препородена. Ќе си ги однесам децата на школо, можам да си легнам пак и да спијам колку сакам, бап садовите во машина за садови, саат-два за готвење, си одам на фитнес, си одам во шопинг, имам време да правам се. Посреќна не сум била во животот. И ИЧ не жалам за тоа што сосема си го сменив животот!
Се согласувам со твоето мислење потполно . (y) Само пази да не станеш мета на удар на феминистичката тајфа на форумот па да го извадат лицеметарот да ти кажат колку си ти лицемерна, квазиморалист и заостаната . :)
Не е курва, љубителка на сексот е.
Да бе, денес веќе нема проститутки туку економски сексуални работнички . Курвите веќе не се курви, ами уживателки, мераклики и љубителки на сексот и разбира се прогресивни жени ослободени од предрасудите. :facepalm:
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Имам Антоние. Неколку години бев во таа бранша. Знам што правеа институциите (читај неправеа) кога ќе се јавев кај нив, затоа што некоја жена ми дошла модра од тепање од страна на сопругот. Колку пати сум се јавила во МЦСР за да и најдам сместување на некоја жена, која нема каде да оди, во некој од државните шелтер центри и господичните од таму ниту еднаш не ми рекоа, има место ќе ја сместиме. Ниту еднаш Антоние. А лажеа, шелтер центрите седеа празни, со по една до две жени сместени таму, само за да не и задаваат дополнителни трошоци на државата и оти имаа таква наредба од некој над нив. Колку пати ми дошла жена и ми се пожалила оти кога викнала полиција, полицајците наши неписмени им се заканувале на неа и на сопругот кој ја малтретирал, дека ќе им пишат казна за нарушување на јавен ред и мир( а замисли насилството се случува во рамките на домот) ако не се смират. И да не набројувм уште милион вакви примери на кои сум била лично сведок. Не ми постирај линкови од вести, барем не на мене, пошто нема да ме убедеш во спротивното. И мерки за привремена заштита од семејно насилство, кои се толку добро склопени законски, во практика многу ретко функционират. Самите судии многу ретко ги досудуват. И да ги досудат, по прекршување на истите од страна на насилникот, истиот пак соодветно нема да го казнат. Па да не почнам за психичкото насилство кое во Македонија го има врз секоја трета жена, мислам оти беше. Најтешко се докажува, а е најзастапено. Така да немој мене со линкови. Органите на власта за вакви случаи превземаат нешто, и тоа минимално нешто, само кога ќе дојде нож до коска и кога нечија животна приказна ќе стигне до медиумите. А не секоја малтретирана жена има храброст јавно да го каже својот проблем. Некои од нив и во доверителен разговор со стручни лица не сакаат да си го признаат проблемот, не па јавно. Најчесто затоа што мислат оти од кога ќе кажат, насилникот ќе дознае и уште толку ќе им се загорчи животот. До таму оди таа психичка тортура врз жената. Да не знае правилно да ги согледува и расудува работите кои и се случуваат.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Со исклучок на делот „со кого сакаат и кога сакаат“ (јас си верувам во концептот еден маж и една жена) јас бев целосно посветена на кариерата. Работев по 16 часа дневно, одвај имав време да се видам со децата и мажот. Живот на „блиц“. Децата ми растеа со баби, дедовци и на компјутер, готвење - што беше тоа, а садови и алишта за перење - на мајка не знам како ќе и се оддолжам. Не можам да ти опишам каков стресен живот беше тоа. Успешен си, имаш пари ама немаш време да уживаш, да се опуштиш. Башка што дома одвреме навреме ќе викнев жена да ми исчисти или мајка ми ќе ми чистеше, а јас се осеќав грозно оти немав време да бидам ни домаќинка ни мајка.
НЕ САКАМ БРЕ да бидам модерна. Откако дојдов во Америка, цели 18 месеци сум домаќинка. Мислам дека сум родена одново, препородена. Ќе си ги однесам децата на школо, можам да си легнам пак и да спијам колку сакам, бап садовите во машина за садови, саат-два за готвење, си одам на фитнес, си одам во шопинг, имам време да правам се. Посреќна не сум била во животот. И ИЧ не жалам за тоа што сосема си го сменив животот!

Чекај малку! Ти си тип на жена што прави што сака, сите ти биле на располагање за гледање деца, па дури и за чистење и за готвење, и велиш дека не сакаш да бидеш модерна? :rolleyes: Мене твојот муабет ич не ми држи вода, ама ајде.

Да се вратам на темата.
Ти си домаќинка затоа што ТИ сакаш и тоа е ТВОЈА одлука или евентуално, заедничка на тебе и на сопругот.

Еве сега пак ја копипејстам дефиницијата за да направиш разлика:

Патријархат е социјална организација на животот на луѓето, заснована на стриктно почитување на традицијата во која највисоката власт и најголемото почитување го има таткото, додека жената (мајката) има подредена улога. Патријархатот се одликува со строга хиерархија, во која постои доминација на машките припадници над женските и на постариите над помладите.


Мојата прабаба која беше родена околу почетокот на 20.век му рекла на прадедо ми дека ќе се омажи за него, ако тој си ја смени верата и ако децата се воспитуваат во тој дух. Тој се согласил со тоа. Сега си ги измеривме ли чија баба поербап била?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
И да не набројувм уште милион вакви примери на кои сум била лично сведок. Не ми постирај линкови од вести, барем не на мене, пошто нема да ме убедеш во спротивното.
Ако е толкав бројот на насилства врз жената, зарем не е малце сомнителен изборот на жената за животен сопатник? Премногу често лошиот избор нели е индикатор дека во критериумите на жената, најмалку место заземаат добрите својства домаќинлукот, кроткиот ненасилен табиет, скромноста на сопатникот. Човекот ако се запознае добро пред брак, не може да се промени преку ноќ во бракот. Не ми се верува дека толкав број жени не знаат да го проценат сопатникот. Уште помалку ми се верува дека иако го проценила насилниот карактер, сепак предност имаат други критериуми за избор.
Па да не почнам за психичкото насилство кое во Македонија го има врз секоја трета жена, мислам оти беше. Најтешко се докажува, а е најзастапено. .
Психичкото насилство е подеднакво својствено и на двата пола односно на човекот. Физичкото е определено според физичката сила. Само што психичкото барем сопрузите скоро и да не го пријавуваат.
По она што го читам, гледам најчесто се посочуваат институциите. Излегува дека институциите од држава до држава и изборот на сопатник се најголем дел виновници за семејното насилство.
тоа го велат некои истражувања каде 35% од жените кои изградиле кариера, биле самостојни и така натаму, признале дека радо би се вратиле во традиционалните улоги во општеството во улогата на мајка и сопруга.
 
Последно уредено:

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Феминисткиве му доаѓаат нешто како хард-корд балканските мажи, само ептен обратно.
Дај олабавете, со вакви напињања само создавате лоша слика за полот. Не ми се верува дека во 2014 се' уште некоја труби за полова рамноправност. И тоа најчесто само за ситуации кои одат во прилог на жената.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Mногу јака фраза имаше во Ex Drummer филмот, каде четири ретардирани чоечиња формираат бенд. Во склоп на темава е целосно.

Во 13:44 е чудото :)

 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Чекај малку! Ти си тип на жена што прави што сака, сите ти биле на располагање за гледање деца, па дури и за чистење и за готвење, и велиш дека не сакаш да бидеш модерна? :rolleyes: Мене твојот муабет ич не ми држи вода, ама ајде.

Да се вратам на темата.
Ти си домаќинка затоа што ТИ сакаш и тоа е ТВОЈА одлука или евентуално, заедничка на тебе и на сопругот.

Еве сега пак ја копипејстам дефиницијата за да направиш разлика:

Патријархат е социјална организација на животот на луѓето, заснована на стриктно почитување на традицијата во која највисоката власт и најголемото почитување го има таткото, додека жената (мајката) има подредена улога. Патријархатот се одликува со строга хиерархија, во која постои доминација на машките припадници над женските и на постариите над помладите.


Мојата прабаба која беше родена околу почетокот на 20.век му рекла на прадедо ми дека ќе се омажи за него, ако тој си ја смени верата и ако децата се воспитуваат во тој дух. Тој се согласил со тоа. Сега си ги измеривме ли чија баба поербап била?
Ти го сфаќам проблемот. Тебе и на таквите како тебе ви требаат жени кои ќе бидат жртви у животот, а не такви кои ќе бидат независни.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Ти го сфаќам проблемот. Тебе и на таквите како тебе ви требаат жени кои ќе бидат жртви у животот, а не такви кои ќе бидат независни.
Друже не им е на нив до борбата за рамноправност и полова еднаквост. Во 2014 г. не постои право што им е ускратено во опшеството . Оваа фемино будалата што ја отворила темата го кажа тоа отворено, а другите го мелат во завиена и дипломатска форма. Борбата им е сведена да може да се курваат, а да не ги трпат опшествените оцрнувања и посочувања со прст.Мислам дека тоа е суштината на темата.
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
188
Поени од реакции
123
Ова ли е уште еден од начините одредени жени да се осетат како жртви во животот?
Ох, шо ми требаше да пишам на темава.
Znaci mnogu si negativen...:(pa uste neznaes ni da komuniciras :facepalm:
 
Последно уредено:
А

Антоние

Гостин
Имам Антоние. Неколку години бев во таа бранша. Знам што правеа институциите (читај неправеа) кога ќе се јавев кај нив, затоа што некоја жена ми дошла модра од тепање од страна на сопругот. Колку пати сум се јавила во МЦСР за да и најдам сместување на некоја жена, која нема каде да оди, во некој од државните шелтер центри и господичните од таму ниту еднаш не ми рекоа, има место ќе ја сместиме. Ниту еднаш Антоние. А лажеа, шелтер центрите седеа празни, со по една до две жени сместени таму, само за да не и задаваат дополнителни трошоци на државата и оти имаа таква наредба од некој над нив. Колку пати ми дошла жена и ми се пожалила оти кога викнала полиција, полицајците наши неписмени им се заканувале на неа и на сопругот кој ја малтретирал, дека ќе им пишат казна за нарушување на јавен ред и мир( а замисли насилството се случува во рамките на домот) ако не се смират. И да не набројувм уште милион вакви примери на кои сум била лично сведок. Не ми постирај линкови од вести, барем не на мене, пошто нема да ме убедеш во спротивното. И мерки за привремена заштита од семејно насилство, кои се толку добро склопени законски, во практика многу ретко функционират. Самите судии многу ретко ги досудуват. И да ги досудат, по прекршување на истите од страна на насилникот, истиот пак соодветно нема да го казнат. Па да не почнам за психичкото насилство кое во Македонија го има врз секоја трета жена, мислам оти беше. Најтешко се докажува, а е најзастапено. Така да немој мене со линкови. Органите на власта за вакви случаи превземаат нешто, и тоа минимално нешто, само кога ќе дојде нож до коска и кога нечија животна приказна ќе стигне до медиумите. А не секоја малтретирана жена има храброст јавно да го каже својот проблем. Некои од нив и во доверителен разговор со стручни лица не сакаат да си го признаат проблемот, не па јавно. Најчесто затоа што мислат оти од кога ќе кажат, насилникот ќе дознае и уште толку ќе им се загорчи животот. До таму оди таа психичка тортура врз жената. Да не знае правилно да ги согледува и расудува работите кои и се случуваат.
Убаво е сево ова што го пиша, точно е не викам не, само случајно или не, испушти да наведеш еден суштински аспект од приказната: 90% од жените жртви на семејно насилство кои бараат помош од невладини организации заради институционална дискриминација или засолниште во МЦСР се од ромска етничка припадност.
Приказната погоре не раскажува пример за малеволентен патријархат туку раскажува пример за институционален расизам, и кога се ставаат под иста капа читателот добива сосема погрешен заклучок. Нема потреба од тоа. Причината поради која циганката се соочува со дискриминација не е затоа што е жена, туку затоа што е циганка.

Од друга страна жртвите на семејно насилство од останатите етнички припадности успешно пријавиле 670 случаи на семејно насилство во 2009, 591 во 2010 и 673 во 2011 кои завршиле со казна затвор, психијатриско лекување или брачно советување.



Дури и во поглед на таканареченото психичко насилство, се извршени реформи во кривичната постапка на пример во соочувањето на жртвата со осомничениот низ различните етапи на постапката, а освен тоа, од мое искуство, и самите судиите и нивните пресуди се токму попристрасни кон жените жртви на семејно насилство затоа што од една страна таквиот драконски пристап истакнува јасна порака дека семејното насилство е неприфатливо за нашето општество, а од друга страна затоа што и судиите се само обични луѓе и како обични луѓе и тие не успеваат секогаш да расудуваат без емоции, а ваквите случаи знаат да бидат мошне емотивни.
Стравот на жртвата да го пријави насилникот во полиција е во суштина надвор од можностите на "патријархијата", и треба да се решава со едуцирање и јавни кампањи кои ќе ја подигнат свеста.
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Чекај малку! Ти си тип на жена што прави што сака, сите ти биле на располагање за гледање деца, па дури и за чистење и за готвење, и велиш дека не сакаш да бидеш модерна? :rolleyes: Мене твојот муабет ич не ми држи вода, ама ајде.

Да се вратам на темата.
Ти си домаќинка затоа што ТИ сакаш и тоа е ТВОЈА одлука или евентуално, заедничка на тебе и на сопругот.

Еве сега пак ја копипејстам дефиницијата за да направиш разлика:

Патријархат е социјална организација на животот на луѓето, заснована на стриктно почитување на традицијата во која највисоката власт и најголемото почитување го има таткото, додека жената (мајката) има подредена улога. Патријархатот се одликува со строга хиерархија, во која постои доминација на машките припадници над женските и на постариите над помладите.


Мојата прабаба која беше родена околу почетокот на 20.век му рекла на прадедо ми дека ќе се омажи за него, ако тој си ја смени верата и ако децата се воспитуваат во тој дух. Тој се согласил со тоа. Сега си ги измеривме ли чија баба поербап била?
Ќе почнам од баба ми. Не била поербап. Напротив, таа била „слугинка“ на сите. Ама не ми ја сфати поентата. Баба уживаше во тоа. Уживаше да ги гледа луѓето околу неа среќни. И заради тоа за мене е рамна на светец.

За муабетот. Кој дел не ти држи вода? Не правам баш што „сакам“. Имало време во животот кога не знаев што сакам. Лутав. Ја барав смислата на животот. Благодарение на моето патријархално воспитување не се загубив во „ѕвездените патеки“ како некои денешни „истражувачки“. Патем, што барате кога истражувате? Никако да го скопчам тоа. И пак, не гледам ништо лошо во таа дефиницијата за патријархатот. Зависи како ја перцепираш подреденоста на жената. За мене тоа е логично. Мажите се посилни и има милион работи кои можат и знаат да ги направат подобро од жените. Така се створени. Никогаш не можеме да бидеме рамноправни. Ние природно сме создадени да бидеме подредени бидејќи немаме физичка сила да се мериме со мажите. И поимот жена (барем мене) не ми асоцира на Рамбо туку на нешто понежничко.
Во интелектуална смисла верувам дека жените можат да бидат поинтелигентни. Ние сме по природа и посуптилни и поинтуитивни. Но да не мешаме баби и жаби. Колку жена што знае да го искомплицира животот (и својот и на другите) и самиот ѓавол не може. Не се навредувам самата со ова. Тоа е вистината за нашата комплексна природа. Не за џабе природата или Господ или како сакаш го дале овој ред на нештата. Да се знае каде е местото на мажот, а каде на жената. Мажите се едноставни. The KISS rule (Keep It Simple Stupid). И за мене тоа е благодет а не товар. Замисли да си мажена за некој маж кој ќе ист како тебе. Страшно!

Мојот татко ми кажа дека повеќето мажи сакаат да се оженат со жена која им е прва. Не ми рече дека ќе ми ја скрши вилицата ако бидам со некој пред брак. Но беше јасен дека дома може да дојде само човекот со кој планирам да го поминам животот. Тогаш си мислев дека е малкичку „заостанат“ ама кога требаше да донесам одлуки од животно значење, она на што ме воспитувал провладеа. И не жалам.
И на крај, ако подредената улога значи мажот да работи и заработува а јас да бидам домаќинка и (пази!) да ја имам привилегијата да го поминам краткото време со децата кои брзо пораснуваат и заминуваат од домот, јас му се поклонувам на патријархатот. Темата е неисцрпна. Нашите жени во денешно време не знаат што сакаат. Кажи им да бидат домаќинки, стенкаат. Кажи им да одат да ораат, очите ќе ти ги ископаат. А од друга страна, муабет врз муабет која (мажена) жена со кого се швалерисува. Го нема веќе стариот, добар патријархат. Само изолирани, осамени случаи како мене на кои повеќето им се смеат и ги сметаат заостанати додека тие лутаат, бараат, се еб*ваат како ќе стигнат и на крај...пак не се среќни.
 
Последно уредено:

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ако е толкав бројот на насилства врз жената, зарем не е малце сомнителен изборот на жената за животен сопатник? Премногу често лошиот избор нели е индикатор дека во критериумите на жената, најмалку место заземаат добрите својства домаќинлукот, кроткиот ненасилен табиет, скромноста на сопатникот. Човекот ако се запознае добро пред брак, не може да се промени преку ноќ во бракот. Не ми се верува дека толкав број жени не знаат да го проценат сопатникот. Уште помалку ми се верува дека иако го проценила насилниот карактер, сепак предност имаат други критериуми за избор.

Психичкото насилство е подеднакво својствено и на двата пола односно на човекот. Физичкото е определено според физичката сила. Само што психичкото барем сопрузите скоро и да не го пријавуваат.
По она што го читам, гледам најчесто се посочуваат институциите. Излегува дека институциите од држава до држава и изборот на сопатник се најголем дел виновници за семејното насилство.
А бе секој со својот избор. Јас не можам да и судам на некоја затоа што избрала насилник за сопруг. Само можам да и помогнам кога ќе побара помош за да излезе од кругот на насилството.

За психичкото насилство. Баш затоа што мажите се физички посупериорни, психичкото насилство врз жените е поголемо од колку обратно. Не велам дека нема психичко насилство и врз мажите, но каде каде е во помали рамки.

Убаво е сево ова што го пиша, точно е не викам не, само случајно или не, испушти да наведеш еден суштински аспект од приказната: 90% од жените жртви на семејно насилство кои бараат помош од невладини организации заради институционална дискриминација или засолниште во МЦСР се од ромска етничка припадност.
Приказната погоре не раскажува пример за малеволентен патријархат туку раскажува пример за институционален расизам, и кога се ставаат под иста капа читателот добива сосема погрешен заклучок. Нема потреба од тоа. Причината поради која циганката се соочува со дискриминација не е затоа што е жена, туку затоа што е циганка.

Од друга страна жртвите на семејно насилство од останатите етнички припадности успешно пријавиле 670 случаи на семејно насилство во 2009, 591 во 2010 и 673 во 2011 кои завршиле со казна затвор, психијатриско лекување или брачно советување.



Дури и во поглед на таканареченото психичко насилство, се извршени реформи во кривичната постапка на пример во соочувањето на жртвата со осомничениот низ различните етапи на постапката, а освен тоа, од мое искуство, и самите судиите и нивните пресуди се токму попристрасни кон жените жртви на семејно насилство затоа што од една страна таквиот драконски пристап истакнува јасна порака дека семејното насилство е неприфатливо за нашето општество, а од друга страна затоа што и судиите се само обични луѓе и како обични луѓе и тие не успеваат секогаш да расудуваат без емоции, а ваквите случаи знаат да бидат мошне емотивни.
Стравот на жртвата да го пријави насилникот во полиција е во суштина надвор од можностите на "патријархијата", и треба да се решава со едуцирање и јавни кампањи кои ќе ја подигнат свеста.
Не Антоние, повторно си грешка. Најголем дел од жените кои пријавуваат семејно насилство по невладините организации кои даваат психосоцијална помош и подршка и институции кои работат со ваква тематика, се македонки. Ромките многу ретко пријавуваат, баш поради фактот што средината во која тие живеат е премногу патријахална и најчесто истите се без или со најнизок степен на образование. И покорни му се на мажот или на главата на куќата. Еве да ти цитирам ромка на која и беше поставено прашањето дали вашиот сопруг некогаш ви удрил шамар „Како не ми удрил, колку пати, на сред улица ме тепал сите комшии ме гледале како ме тепа. Па зар маж кој не ја удира својата жена е маж“. Но не пријавуваат, затоа што тоа за нив е секојдневие и нормална работа ако можам така да се изразам. Се согласувам за кампањи и подигање на свеста, посебно кај оваа популација која не пријавува семејно насилство.

Доколку е променет пристапот на судиите, јас тоа го поздравувам. Јас кога работев во многу мали рамки беа донесувани пресуди за привремени мерки на заштита од семејно насилство. Мада и сега не верувам дека драстично се зголемени ваквите пресуди.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Друже не им е на нив до борбата за рамноправност и полова еднаквост. Во 2014 г. не постои право што им е ускратено во опшеството . Оваа фемино будалата што ја отворила темата го кажа тоа отворено, а другите го мелат во завиена и дипломатска форма. Борбата им е сведена да може да се курваат, а да не ги трпат опшествените оцрнувања и посочувања со прст.Мислам дека тоа е суштината на темата.
Мислам дека темава можеме комотно да ја сместиме во рамки на тоа што се опишува во постот на Никола, а и впорочем, самата ПроФемина тоа го кажа во овој пост.
Temata ne e za opstvenata neednakvost na zenata, smetam deka skoro vo sekoj opstveno - formalen segment ulogite ni se izednacija i gi dobivme skoro site prava kako vas mazite. Tema na diskusijata e dali patrijahalnosta e nepraveden sistem kon zenata . Za mene e , toa e opresiven sistem sto ja gusi zenskata sloboda i ja potcenuva zenata. Vo patrijahalnite semejstva zenski deca ne se dovolno ceneti, a soprugite se smetani za pokorni na mazite. Vo patrijahalnite sredini site slobodoumni zeni bez predrasudi se etiketirani kako kurvi. Toa mi smeta mene i treba da se iskoreni.

Terminot go izmislija mazite za da ja napravat zenata svoj rob ! (се мисли на зборот курва)(*едитирано)
Значи колку што можам јас да ја разберам, таа се согласува дека патријархатот е истиснат на маргините на општеството, но сепак сака да разговараме дали тоа е лоша општествена појава.
Ако е така, тогаш еве и одговор. Да, лоша појава е.

Патем и робовлатеделството е лоша појава и сите ќе се сложиме за тоа. Не гледам некој да отвара така глупави теми и да прашува дали робовлатедеството лоша работа и да почне да дава примери за бело робје итн.

Во врска со патријархатот сакам да појаснам: не е погрешно ако жена сака да биде домаќинка, не е погрешно ако смета дека таа улога повеќе и прилега, како што кажува @Freedom2say ....
Сите треба добро да сфатите дека патријархатот (оној вистинскиот) не и ја дозволува слободата на жената да избере која улога и прилега повеќе туку и наметнува улога. Вистинските феминистки се бореле за слободата да бидат што сакаат во животот, да ги имаат истите права и истите можности да напредуваат во животот и да се реализираат како личности. И таа борба била успешна и нивните права се остварени. Ако не верувате, споредете се себеси и жените околку вас со жените во Саудиска Арабија каде не можат да возат кола или да излегуваат надвор без придружба од маж (пример Катар)... Да не зборам за места како Авганистан каде попрво ќе ги убијат девојчињата отколку да им дозволат да одат во школо.
Убаво ја праша еден член @Pro Femmina: кое право конкретно ти е ускратено тебе баш зошто си жена?
И одговорот е многу јасен: да има повеќе сексуални партнери без да биде осудувана од општеството како неморална или лесна и сл. (да не речам курва).

Тоа е суштината на темава и не џабе ја вртите накај домашно насилство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom