Партијата или животот?

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.104
Две познати скопски семејства кои со години биле пријатели, чии деца лани решиле да се венчаат, успеале да им го уништат бракот само затоа што припаѓале на различна политичка партија. Веднаш по регистрацијата, на почетокот на веселбата настанала расправија меѓу сватовите - едните сакале да нарачуваат комитски песни, а другите сакале на свадбата да се пушта српска народна музика. Ситуацијата толку ескалирала, што 24 часа по свадбата бракот бил поништен.
Кои кретени :eek:
Поради сватовите го поништиле бракот... што да искоментира човек на ова?!
Па и тоа не можам да го сфатам, на македонска свадба да сакаат на српски народни и турбофолк песни да ѕенѕаат. Доволно кажува тоа за културата нивна. Не гледам тука на кој начин директно се партиите вмешани, очигледно луѓето биле потпросечно интелигентни па штом дошло до таква расправија.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Глупости.
Утре може ќе се мажам за некој СДС, и ќе продолжам да си бидам ВМРО.
Ниту се мешам во туѓи избори, ниту дозволувам некој да се меша во моите.
И да, почитувам сечиј избор.
А ,,партијата,, и ,,животот,, се глупа споредба, исто така. И уште поглупи се оние кои бираат меѓу овие две.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кои кретени :eek:
Поради сватовите го поништиле бракот... што да искоментира човек на ова?!
Па и тоа не можам да го сфатам, на македонска свадба да сакаат на српски народни и турбофолк песни да ѕенѕаат. Доволно кажува тоа за културата нивна. Не гледам тука на кој начин директно се партиите вмешани, очигледно луѓето биле потпросечно интелигентни па штом дошло до таква расправија.
И јас неможам да сфатам комитски песни на свадба и како на нив се ѕенѕа?
 
К

командо

Гостин
Партиjata или Животот?

кирилица или латиница??? :D
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.494
Партијата за некои = живот така да партијата :D
 
М

Мартин`

Гостин
И јас неможам да сфатам комитски песни на свадба и како на нив се ѕенѕа?
Како што дел од народот е неписмен не ме чуди ако стандардните Македонски песни се нарекуваат “комитски“ на пример Бисер Балкански, каде сте Македончиња итн.. како помал кога носев маица со сонцето од Кутлеш ме викаа ВМРО тие од СДСМ :D

И нормално дека подобро е наше отколку српско, комитска ти е пример песна за Чаларов ..

Сигурно ваква не барале да се пушти.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Проста маса... Нај добриот другар ми е комуњар тежок, јас сум ВМРО. Само кога сме поднапиени јас го брецам за БЦ, а он одма враќа како Гоце Делчев и Даме Груев биле лажни патриоти..и то, си се сакаме бе..:love:
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас од кога знам за поимот партија не можам да ја сварам ВМРО. Политиката не ме интересира којзнае колку, не сум член никаде и нема никогаш да бидам, само понекогаш во некои предизборни времиња, логично е да симпатизирам некоја од трагичниве ни партии. Од друга страна, голем дел од моите најблиски се ВМРО-вци, кој со книшка кој само со срце. Успешно живееме и покрај тоа, бидејќи не разговараме за политика, а и ако испадне да ја спомниме, љубовта и почитта ни преовладуваат, па често на големи смешки и сеири ни се врти муабетот.
А сум доживеала и непријатни моменти, иако многу малку. Пред последните избори, си пиев кафе со една блиска повозрасна особа и кога ја понудив цигара ја прашав со каков упаљач сака да и запалам. Имав од сите можни партии.:icon_lol: Ме погледна сериозно и ме праша за кого ќе гласам. Јас со воздржано смеење и одговорив за Рада и извадив упаљач со нејзина слика. На тоа ми го расфрли и ми рече дека од тој момент ќе ме мрази. ОМГ!:eek: И сега не ми се верува како можеше тоа да ми го каже во лице и со таков навистина гневен поглед. За да не дозволам да ме напаѓа непотребно, се контрав некое време дури го испив кафето и од тогаш се држам на дистанца од неа. А фала богу, тогаш не ни бев на гласање.:icon_lol: Работев нешто таа Недела, а личната карта ми беше дома, па навистина ми беше глупаво да баталам се` за да истрчам по неа и да одам да гласам за некој што апсолутно не мислам дека треба.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 02:14 ---
Како што дел од народот е неписмен не ме чуди ако стандардните Македонски песни се нарекуваат “комитски“ на пример Бисер Балкански, каде сте Македончиња итн.. како помал кога носев маица со сонцето од Кутлеш ме викаа ВМРО тие од СДСМ :D

И нормално дека подобро е наше отколку српско, комитска ти е пример песна за Чаларов ..

Сигурно ваква не барале да се пушти.
Треба еднаш сите да сфатат што е свадба и што е песна и какви песни на каква прослава одговараат. Свадба е прославување на љубов помеѓу двајца заљубени. Таму логично е да се пеат љубовни песни, без оглед на кој јазик! Кој Бисер балкански, кои бакрачи. :facepalm:
 
Треба вие да сватите дека има луѓе што си ја почитуваат традицијата и се расположуваат и на Македонска песна, на Македонско народно оро. Воа филмовиве изгледа многу во глава ве мавнаа, почнавте да се Амерканизирате се повеќе и повеќе :rolleyes:
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Треба вие да сватите дека има луѓе што си ја почитуваат традицијата и се расположуваат и на Македонска песна, на Македонско народно оро. Воа филмовиве изгледа многу во глава ве мавнаа, почнавте да се Амерканизирате се повеќе и повеќе :rolleyes:
Кој ние?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
А што по ѓаволите очекувате кога една партија јасно и гласно ќе каже дека прераснала во движење од една страна, како што направи ВМРО-ДПМНЕ ; а од друга страна, реална опозиција нема ?

Не ми ја најдува гугл статијата од еден охридски портал за листите кои двете партии ги направиле за тоа кој треба да се вработи во нова бензинска пумпа на Лукоил во Охрид, ако го има некој линкот нека го остави, во контекст на темава е.
Бујрум.Кога сме веќе тука, при крај е друга бензиска, а и за таму списоците се готови од Мај :icon_lol: Си делат братски, а други ќе се изедат меѓусебно за нив.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.380
Поени од реакции
4.934
Партијата 4 life.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom