Партијата или животот?

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Дали е толку лошо и ако е тaka ....тешко дека за брзо време ова ќе се промени.


ПартиЈата станува критериум за живот (целиот текст http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0EC739DEA8C54242BDFFB2970B5C95B5)


Ситуацијата е толку алармантна, што ако некој од младите ви каже дека е во мешан брак, тоа повеќе не значи дека партнерите припаѓаат на различна етничка заедница или религија, туку на различна партија

Две познати скопски семејства кои со години биле пријатели, чии деца лани решиле да се венчаат, успеале да им го уништат бракот само затоа што припаѓале на различна политичка партија. Веднаш по регистрацијата, на почетокот на веселбата настанала расправија меѓу сватовите - едните сакале да нарачуваат комитски песни, а другите сакале на свадбата да се пушта српска народна музика. Ситуацијата толку ескалирала, што 24 часа по свадбата бракот бил поништен.

Ова е одличен пример за тоа што прво забележуваат македонските граѓани кај другите и кој е основниот критериум за одлуката кој доктор да н` лекува, со кого ќе влеземе во љубовна врска или брак, како да напредуваме во кариерата, кого да го избереме за партнер во бизнисот?

Најновите социолошки истражувања покажуваат дека тоа е партиската определба. Социолозите и аналитичарите велат дека ситуацијата е толку алармантна, што ако некој од македонските млади ви каже дека е во мешан брак или врска, немојте да се зачудите што тоа повеќе не значи дека партнерите припаѓаат на различна етничка заедница или религија, туку на различна партија.

Партијата сега стана најголемата пукнатина во македонското општество, а партиската припадност на десничарската ВМРО-ДПМНЕ или левичарската СДСМ стана квалитет и вредност која граѓаните ја земаат како клучна и побитна од традиционалните критериуми (пол, возраст, етничка припадност, религија, раса, социјален статус...).

......................
македонското општество го добива Хобсовиот синдром - секој да влегува во војна со секого само за да преживее, што доведува до создавање невредности: шпионажа, подметнување, отуѓување...

Ако до пред некоја година вредносниот систем на македонските граѓани покажуваше дека тие повеќе би се одлучиле да водат заеднички бизнис со маж или, пак, повозрасен и поискусен човек отколку со жена или, пак, некој помлад (значи полот и возраста биле пресудниот критериум), сега за граѓаните не е најзначајна возраста на бизнис-партнерот или пак неговиот пол, туку тој да припаѓа на иста политичка провиниенција. Образложението е дека така бизнис-партнерите подобро ќе се разберат и ќе делат исти вредности, со што и нивното партнерство ќе биде поцврсто.

- Партиската определба станува клучна и во изборот на партерот во љубовна врска, стапување во брак, па дури и во делот на здравјето. Истражувањата покажуваат дека пациентите се чувствуваат посигурни ако ги лекува лекар со партиска книшка иста како нивната. Време да ни се случи морална паника – вели Стојановска.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
Да живее љубовта, смрт на партиите !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Ако двајца се скаат, се почитуваат, и си веруваат, тогаш ни партии, ни раси, ни религии нема да ги разделат
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Еееееее шо гомна јадам ја 4-5 години ...
 
T

Tetro

Гостин
аии, кој ти живот без партија бре.

И така нема потреба од коментар по темава. ЧДА фамилии, и така си ги имаме по една во маало.
 
F

fantomX

Гостин
А што по ѓаволите очекувате кога една партија јасно и гласно ќе каже дека прераснала во движење од една страна, како што направи ВМРО-ДПМНЕ ; а од друга страна, реална опозиција нема ?

Не ми ја најдува гугл статијата од еден охридски портал за листите кои двете партии ги направиле за тоа кој треба да се вработи во нова бензинска пумпа на Лукоил во Охрид, ако го има некој линкот нека го остави, во контекст на темава е.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Човекот ги создал парите,а сега тој самиот се продава занив ПУ !
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Глупости!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
и кога ќе умрам, сонце пак ќе зајди и ќе изгрева
само една последна желба имам да ми се исполни
гробарите да се од мојата партија,по можност и „попот“
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Ќе не биде бе или не нема да не биде?
Кај ќе бидеме за 20 години? Ќе се споредуваме со африканскине држави или и тие ќе не шишнат?

Не сум баш оптимист.....
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
А што по ѓаволите очекувате кога една партија јасно и гласно ќе каже дека прераснала во движење од една страна, како што направи ВМРО-ДПМНЕ ; а од друга страна, реална опозиција нема ?

Не ми ја најдува гугл статијата од еден охридски портал за листите кои двете партии ги направиле за тоа кој треба да се вработи во нова бензинска пумпа на Лукоил во Охрид, ако го има некој линкот нека го остави, во контекст на темава е.
Какво движење бе ?

Они може да си сањаат дека се движење ако под движење не подразбираат бутање партиски членови во државна администрација и подмитување на земјоделци со субвенции.

Да не имаат идеологија?
Да не имаат принципи?
Претседателот на партија им ги мења раководителите во локални групи и тоа они го нарекуваат движење.

Оф море
 
F

fantomX

Гостин
Какво движење бе ?

Они може да си сањаат дека се движење ако под движење не подразбираат бутање партиски членови во државна администрација и подмитување на земјоделци со субвенции.

Да не имаат идеологија?
Да не имаат принципи?
Претседателот на партија им ги мења раководителите во локални групи и тоа они го нарекуваат движење.

Оф море
Па така и реков де, сами мислат и кажуваат дека се движење.
Дали стварно се или не се, ама воопшто не се замарам да мислам. Не вреди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom