Не знам СДСМ како ги замислува следните избори...
Да му успееше комплетно планот за овие избори ( што ќе беше на ниво кога Јелцин победил во Русија со 2% популарност) најверојатно ќе станеше новиот Ѓуканович. Со оглед на се што направи, мораше да се коцка и за малце не успеа што е најтрагичната работа.
ДПНЕ се партија на евнуси, да направеа влада сега, да не направеа влада они со секој нови избори само ќе тонат како СДС што тонеше додека странците не ги вратија од мртвите со сила. Они сега ќе се распаѓаат пополека како леш од насукан кит.
Муртинецот (или кој и да го советува) направи една несвета коалиција помеѓу клиентелисти, општествени отпадоци, локални криминалци и да освоеше само 2-3 пратеника повеќе денеска ситуацијата ќе беше сосема поинаква. ДУИ ќе беше во опозиција, Зекири и компанија секако подготвени да ги преземат нивните клиентелистички и џигадистички гласачи. Додека АА исто како во 2016 со Алијанса и Беса ќе ги земеа искористеа и исфрлеа како ѓубре.
Се коцкаа со таа нивна несвета коалциија и за малку ќе победеа комплетно. Тоа што ги упропасти беа:
- Беса и Зекири кои не успеаја ниту да им ги задржат Албанските гласачи од 2016 не па нови да им донесат. 1-2 пратеника гарант очекувале повеќе од шестката.
- Дел од шарените ( кои најверојатно сметале дека се како стандардното членство на СДС) кои не им излегоа во ИЕ1 и со тука и тука изгубија 1-2 пратеника.
Да победеше Муртинецот со 50 пратеника и заедно со АА + ДПА да направеше влада. Од власт може уште 20 години нема шанса да беше симнат зошто на следните избори ќе идеше со "Јас го пратив Али Ахмети во опозиција", а потоа којзнае и дали ќе имаше следни избори.
Али коцкањето не му успеа и како што кажа курајбер сега го има стиснато гасот само и тера на напред, иако не верувам дека знае кај оди.