Интервју со Зоки Паркет за школскиот весник Тафтологија на СУГС "Јосип Броз - Тито", Скопје
Зоки Паркет е басист во групата Паркети. Тој во групата влегува по заминувањето на Сашо од неа и го заменува како пејач, за подоцна кога Сашо ќе се врати да го заземе местото на басист. Најпозната песна која тој ја има испеано е “Електрична фризура”. Паркети во моментов се актуелни со новиот сингл “Bang Bang” кој е кавер верзија на познатата песна од Шер.
Тафтологија: Омилен концерт кои си го имал со Паркети?
Зоки Паркет: Сме имале ептен јаки концерти, но и концерти кога на средина на концертот ќе си заминеле пола луѓе. Мада таквите се многу ретки (за среќа).
Т: Кој би те играл тебе во филм за твојот живот?
З: Мики Рурк или Мајкл Медсен. А дефинитивно Таратино или Родригез би биле режија.
Т: Најлуда работа која ја имаш направено во твојот живот?
З: На 3 години се напив алкохол мислејќи дека е сокче.
Т: Музиката е....?
З: Посилна од животот, љубовта, смртта, тагата, коцкањето, поубава од залезот на сонцето и од месечината. По возбудлива од првиот бакнеж. Нешто за што никогаш не би се покајал. Нешто што не можеш да не го сакаш. Мислам дека смислата е тоа што Бог ни даде разум.
Т: Омилен странски музичар / бенд?
З: Од Елвис преку Битлси до кај Дејвид Боуви, низ Рамонс и Пистолс накај Нирвана до Строукс и Вајт Страјпс па до некои кои допрва излегле.
Т: Ако ти останува еден ден од животот каде и со кого би го поминал?
З: Би одел во манастир и би се молел на Бога во рајот да ме земе бидејќи отидов сигурно надолу, многу надолу. А пред тоа со мојата бејби само би се поздравил, би и кажал дека ја сакам и дека вредеше дека сум со неа. А потоа би заминал.
Т: Што (или кого) би понел на пуст остров?
З: Десет килограми кафе, многу штеки лајк страјк цигари, плинско, ѓезве, филџан и неколку запалки. А од луѓе... поубо да не кажвам. Срамота е!
Т: Најомилена грешка?
З: Грешки еден тон ама се учи од нив така да убај се грешки по некогаш.
Т: Најкористена фраза или збор?
З: “И тоа ее... “ , “Греој сум..”, “Мори кајојш...” итн.
Т: Што најмногу ти се допаѓа во твојата професија (и како музичар и како професор)?
З: Тоа се работи кои најмногу ги сакам и ме прават најсреќен. Креативност и во двете, слобода да работам со луѓе поточно деца и посекако и јас сум едно дете големо.
M.J.