Парите носат среќа

Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Утопија е само утопија и ништо повеќе, реалноста е сосема друга ствар, имаш пари имаш се, за жал!

Стив Џобс и такви некои случаеви како што реков се случаеви каде што ете има такви исклучоци, но муабетот во генерала гледан :)
Кога ќе имаш пари повеќе нема да те интересира се.Најголема грижа ќе ти биде да не ги изгубиш :)
Можеби нема да имаш проблеми како да го поминам месецов или од кај да најдеш пари за кирија ама проблемите ќе ти бидат од типот леле пак идат ракетари,државни или приватни...повторно киднапирање,уцена и изнуда.Вистинските пријатели и роднини ти бараат пари за глупости...
Како што кажав,му нема крај,подполна среќа само во утопија,а во меѓувреме биди среќен ако не се исечеш додека се бричиш,биди среќен на првиот снег во петок,и на многу други такви ситници...така се наоѓа вистинската среќа,другото е само шминка.
 
Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712

Браво!;) И јас истото го мислам....Конечно некој со нормално гледиште за парите и среќата... Одличен пост(y)
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.247
Поени од реакции
30.495
Се е преку парата денеска. Кој нема пари истото го мисли, кој има се лакоми за повеќе.
Освен здравјето. Кој нема здравје му треба повеќе, кој има здравје треба да е благодарен и среќен. Најдобрите работи во животот се бесплатни.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Сиромаштијата ни го изместила умот на сите па сега ќе се тешиме еден со друг како парите не се важни, љубовта е, бла-бла, бла-бла. Да имаш пари, за мене не значи да имаш јахта, но значи да имаш куќа,стан, кола, полн фрижидер храна и по еден iphone за децата (од поновите) + настрана пара како годишна заработка... Ако ова можеш да си го дозволиш тогаш ти си среќен човек :))
 
Член од
11 јануари 2011
Мислења
72
Поени од реакции
12
Парите го вртат светот како што врти цд-то(интересен факт од една стара песна). Но јас не се сложувам дека парите носат среќа, колку носат среќа толку носат и несреќа. Не е се во парите, парите се потрошен материјал денес ги имаш - утре ги немаш. Среќата е во другите нешта, размислете поубаво па тогаш оставите коментар.
 
blackswallow

Do you believe in life after love?
Член од
30 јуни 2011
Мислења
105
Поени од реакции
84
парите можат да ми донесат само една убава тетоважичка сега друго ништо:свиркам:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не можам да ви се изначудам на вашите мегаломански апетити за пари.Јасно е дека од љубов не се живее и јас цврсто го поддржувам тој став, на крај крајава сите ние од овде (ако не сите тогаш повеќето) одиме на работа и се обидуваме да заработиме нешто повеќе зошто знаеме дека од љубов не се живее, но не е се во парите.Проблемот е тоа што од деведесетите па наваму почна да умира пополека таа позната „средна“ класа на луѓе и општеството драстично се смени и се подели на „валкано богати“ и на „ужасно сиромашни“ луѓе.Особено младината која потекнува од втората категорија на луѓе се жали и има мегаломански апетити за пари зошто они воопшто во животот не почувствувале како е да се живее со семеен буџет доволен за нормален живот.Тој тип на живот е исполнет со помалку грижи и проблеми од овој што го живееме сега како „ужасно сиромашни“ граѓани.
А кога ќе видиш и децата на луѓето од првата категорија не се нешто подобри.Завршуваат од збеснатост повеќето со шприц во рака, или црта кокаин на маса па после тоа тестираат пробен лет со метла низ тераса кој најчесто завршува на шофершајбната на некоја кола во форма на кечап и сл.А ако се фрлат црнец и белец тогаш се добива еурокрем.Сум имал другари и од првата категорија и знам......Парите носат доста благодети, ама истотака носат и доста ризици и опасности.Веќе некои членови на форумот спомнаа и погоре во врска со тоа кои опасности ги носат парите.
Особено во општество каде граѓаните се делат според оној принцип што го напишав погоре.А средната класа има далеку подобри предности за мене, отколку богатата или сиромашната класа.

И на крај крајава парите не носат среќа, за среќата се важни сосем трети фактори.Зошто можеш да имаш зилиони на сметка па пак на крајот воопшто да не си среќен.Се зависи до размислувањето и начинот на кој работите ги перцепира индивидуата во неговиот живот.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Особено во општество каде граѓаните се делат според оној принцип што го напишав погоре.А средната класа има далеку подобри предности за мене, отколку богатата или сиромашната класа.
Каква средна класа бре луѓе, тие одамна изумреа. Сите од средна класа зедоа кредити, како да ајде ке земиме, имаме добри идеи ке вложиме во правилни бизниси и ке се збогатиме, но за жал испадна спротивно.
Сите живеат на кредити (сиромашно) затоа што не зафати економската криза и идеата на премиерот Скопје 2014, се вложува во споменици не во индустрија. Да ве потсетам Македонија е рекордер во светот за невработеност, секако на тоа и големо значење има и инфлацијата. А со оваа политика на извршители и екстремно високи казни многу мал процент добро живеат. Затоа парите ни се најбитни
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Колку што носат среќа толку носат и стрес. Се додека парите ти се главна преокупација нема да си среќен.
Среќа е да го живееш живото како што најмногу те исполнува. За тоа во голема мера може да помогнат парите, но не се пресудни, зависи колкави ти се комплексите стекнати додека си ги немал парите ;)
 
Ај прочитај добро што напишав погоре, па после пак цитирај ме.......

Проблемот е тоа што од деведесетите па наваму почна да умира пополека таа позната „средна“ класа на луѓе и општеството драстично се смени и се подели на „валкано богати“ и на „ужасно сиромашни“ луѓе.
Пред нос ви е, и пак вадите од контекст некои работи.Само колку да се прочита и да се каже нешто за внимание де.....Поентата со тоа ми беше дека доколку би избирал, би избрал таков начин на живот.
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Правите ли разлика помеѓу, чувство на среќа и тоа да бидеш среќен ?
Чувството на среќа може само да го пригуши внатрешното незадоволство, но не и да го отсрани.
Чуството на среќа може да зборува и за Бог, но не и да го замени.
Човек колку и да се чувствува среќен, тој сеуште бара среќа, повеќе среќа, станува се повеќе себичен.
-Таблетите против болка не го отсрануваат причинителот на болеста, туку само симптомот...
Доколку парите ја симболизираат среќата, тоа е така затоа што поимот среќа се гледа низ материјалните нешта. Таквиот свет е површен...
"Некој е богат или сиромав според тоа што е, а не според тоа што го има." - Henry Ward Beecher
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Доколку парите ја симболизираат среќата, тоа е така затоа што поимот среќа се гледа низ материјалните нешта. Таквиот свет е површен...
Не е површен. Секој човек си има различен поим за среќа.
За болниот среќа е здравјето, за немажената жена-мажот, а за сиромавиот богатството. Секој поединец тежнее кон благодетите што ги нема, за него тие се среќа.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Колку што носат среќа толку носат и стрес. Се додека парите ти се главна преокупација нема да си среќен.
Среќа е да го живееш живото како што најмногу те исполнува. За тоа во голема мера може да помогнат парите, но не се пресудни, зависи колкави ти се комплексите стекнати додека си ги немал парите ;)
Немам комплекси, само имам приватна фирма а народот нема пари работата е опадната за 30% од претходните години, се плашам од инспекции, и казни што се драстично големи. Како и секоја друга фирма и мојата има кредит- затоа парите се потребни и ни се главна цел во животот. Ние не се лакомиме за јахти , само сакаме да има народот пари а ние работа да можиме мирно да работиме да ги подмируваме секогаш трошоците и да постигниме нешто( да не ни се џабе нервозите). А ние не можиме ни еден убав одмор годишно да си дозволиме. Затоа секој што е на мое место парите му се на прво место, се друго ми е средено
--- надополнето: 14 декември 2011 во 02:42 ---
парите можат да ми донесат само една убава тетоважичка сега друго ништо:свиркам:
Ќе имаш тетоважа, за без пари не се секирај, само доколку имаш 18 години
 
Kajgana Shop

На врв Bottom