- Член од
- 29 октомври 2007
- Мислења
- 129
- Поени од реакции
- 1
Република Македонија под уставното име воспостави дипломатски односи со Република Парагвај. Според МНР, Парагвај е трета земја со која се воспоставени дипломатски односи под уставното име во последниве три месеци.
Пред Парагвај, тоа е направено со Суринам и Свазиленд, а беа надградени и дипломатските односи со Канада, по одлуката на Владата на таа земја да ни се обраќа под уставното име.
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски испрати писмо до својот колега од Парагвај, Рубен Рамирез Лескано, во кое изразува задоволство од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји.
„Дозволете ми да ја искористам оваа убава пригода за да го истакнам интересот на Република Македонија за натамошно унапредување на односите со Вашата држава, како и за динамизирањето на севкупната соработка во сите домени од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план“, се вели во писмото на Милошоски до Лескано.
Заклучно со воспоставените дипломатски односи со Парагвај, бројката на држави кои ја признаваат Република Македонија под уставното име надмина 120.