Ја имам тигрица и многу тажно и осамено делува си седи само внатре во кафез покрај огледалце и како да не сака ништо да прави. Дали им менува нешто ако се сами или не? (ако некој знае не да нагаѓате).
Друго, што и да му дадам освен просо (овошје, зеленчук) не сака незнам зошто да не мисли дека не е храна тоа и како да го натерам да проба???
фала многу <3
Да, им менува ако се сами пошто во природа на пример живеат во јато, и тоа им е инстинкт. Доколку му е досадно може да стане ептен депресивно и да почне да се кубе...
Меѓутоа можеш тоа да го подобриш ти самиот, јас на пример му имам стаено 10 различни можности да си игра внатре, на пример љуљашката горе има звончиња, под огледалцето има звонче (до душа повеќе е паднато тоа пошто нон стоп го вади и си игра со него), си игра со самото огледало, имам купено скалички со огледалце и топчиња и со тоа си игра, имам направено импровизирани играчки, едно топче купив како исплетено со некои дрвенест материјал и го врзав да му виси го удира стално, му имам врзано горе да виси како испреплетени врвки онака подебело е напраено за да не го искине одма и нонстоп го тегне и си игра...
Значи пробај сам напрај нешто немораш да купуваш, по природа тигриците се такви да све што ќе ставиш во кафез мора да го чепнат... ептен се љубопитни.
Истото важи и за овошјето/зеленчукот... и тоа ако го оставиш во кафезот (заглави го негде кај храната на шипките и не ставај големи парчиња туку сецни ги на помали дури можеш и во во тоа кај што ставаш храна да пробаш да видиш дали ќе сака да ги јаде) они ќе го пробаат, ако им се свиѓа ќе го изеде ако не само ќе го чепне и ќе го остави. Јас на моето не му давам ништо друго освен просо (не обично туку измешано од повеќе врсти) му имам ставено марула на пример ја чепна само и ја остави имам пробано и јаболко не ги сака...
едноставно некои не сакат да јадат такви ствари
ја пак пробувам од време на време ама залудно...
И да пази што ставаш некои работи се отровни за нив