Сабајле кога одев на училиште фатив едно мало пиле (канаринче) стуткано беше неможеше да лета, највероватно од ладното сабајле температурите се ниски, го однесов дома во кафез...
Кога си дојдов после то дома, искрено вавко канаринче прв пат во живото гледам, многу чудно ми беше, дома сум чувал многу канаринци, папагали (а и сеуште чувам, ама вакво до сега не сум видол)
Голем клун има, канаринчето е малку дебелко, телото воглавно поголемиот дел му е кафеава боја, само на опашката има 3 бои (жолта, плава и зелена)
Цело време седеше долу од почеток, се разбира беше уплашено од почеток, ама после тоа почна да скока да мрда...
Заприметив дека цело време со главата пробва да најди некоја дупка за да излези од кафезот.
Го викнав комшијата тој поќе се разбира од канаринци и ми рече дека бил ВЕРДУН (прв пат слушам ваква врска канаринци) и ми рече дека не живееле затворени во кафез, сакале цело време да се на слобода во природата, доколку го чуваш во кафез ми рече можи да умри за брзо време...
Па барам од вас некој совет, доколку некој знај за каква врста канаринец се работи нека кажи !