Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување
Член од
9 јануари 2013
Мислења
38
Поени од реакции
15
imam nimfa neka mi kaze nekoj sovet za ovoj papagal karakteristiki?
--- надополнето: 19 јануари 2013 во 16:42 ---
Дали може некој да ми дефинира дали е машко или женско,пошто пратив 3-4 пп и незнаеше никој дали некој се сретнал со ваков вид на боја ? :)

90% mislam deka e masko ...
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Дали може некој да ми дефинира дали е машко или женско,пошто пратив 3-4 пп и незнаеше никој дали некој се сретнал со ваков вид на боја ? :)

Хехе иста мака имав и јас. Машко е. Ко да се близнаци со мојот според бојата на клунчето :)
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.281
Хехе иста мака имав и јас. Машко е. Ко да се близнаци со мојот според бојата на клунчето :)
Женските имаат црвена-кафена боја на клунот, машките имаат сина. Папагалчето на сликата е женско.
 
Vandal

CURVA NORD
Член од
12 август 2012
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.095
Хахахахахха и ај сеа кого да слушам,не ми е толку битно што е али,ипак сакам да знам пошто веќе и дадов име Луна рачунајќи дека е женско.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Женските имаат црвена-кафена боја на клунот, машките имаат сина. Папагалчето на сликата е женско.
Така е, ама ова е некако некласична женска боја :) Едно време и гуглав за да најдам ист како мојот (не дека овој е ист) ама потешко ми одеше. А и со оглед на тоа што веќе година и нешто го имам и си го знае името малку тешко ми е сега да му менувам перцепција за полот. Нека живее во заблуда:D
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Дали може некој да ми дефинира дали е машко или женско,пошто пратив 3-4 пп и незнаеше никој дали некој се сретнал со ваков вид на боја ? :)

папагалов е женка и е постар....

у право сум?
 
Vandal

CURVA NORD
Член од
12 август 2012
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.095
Колку постар? мислам ако знаеш отприлика колку години може да е
 
Член од
21 август 2010
Мислења
140
Поени од реакции
210
Ве молам за помош...МАШКО ИЛИ ЖЕНСКО папагалче да земам? o_O
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.462
Поени од реакции
87.249
Ве молам за помош...МАШКО ИЛИ ЖЕНСКО папагалче да земам? o_O
Најдобро би ти било две да земеш и машко и женско, но ако веќе си решил за едно тогаш Машко...
 
Член од
21 август 2010
Мислења
140
Поени од реакции
210
Денес земав тигрица но од како го земав се нема симнато од држачот и ништо нема ни јадено ни пиено веќе 12 часа...забележав како да има измет залепено на пердувите кај нозете и никако да падне туку како да се насобира се повеќе и повеќе(на подологата не паѓа изметот)...ме интересира колку време му треба за да се адаптира и да почне барем да јаде..и што да правам со изметот..Совет :cautious:
 
Многу лоша ситуација имаш... :icon_mrgr:
Од една страна треба да го оставиш на мира за да се прилагоди на просторот и со тек на време ќе почне да јаде и пие вода, додека пак од друга страна ќе мора да го фатиш во раце и рачно да му го исчистиш гомната што ги има серено одпозади... Верувај несакам да сум во твоја кожа моментално :icon_lol:
 
Исто и јас мислам :confused: и сега не знам што прво да правам..да чекам да се адаптира прво или првин со чистење да се зафатам :facepalm:
 
Член од
10 февруари 2013
Мислења
47
Поени од реакции
8
здраво јас сум нова на форумов.имам едно папгалче старо 4 месеци.сакам да прашам каде можам да го ставам папагалот да стои за стално, дали може во дневна,но во дневна многу се пуши цигари дали тоа би му сметало мада јас не сум пушач.ве молам кој се разбира нека пише,исто така и многу пие вода незнам што му е ...поздрав
 
Стави го на повисоко место, да има повеќе прегледност на собата... и не го држи кај што пушат цигари. За вода сигурно ти дехидрирало чим толку ти пие :icon_lol:
 
Член од
10 февруари 2013
Мислења
47
Поени од реакции
8
на високо место е но ако го ставам во друга соба ладно е.. јас би сакала во мојата соба ама ладно..и мора да биде во дневна...се надевам дека нема да му биде ништо ...бидејки пред оваа папагалче чував и друго 7 години ништо не му беше умре од старост..поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom