Пред да земате папагал, битно е малку да се разгледа на интернет општо за папагалите.
Овој сајт може да ви биди почетен водич во светот на птиците.
Најбитно е пред земањето на папагал, да знаете што очекувате од него.Нормално сите сакаме шлакната птица која ќе збори иди на рамо и прави глупости,али се тоа зависи до тренингот, способноста за учење на птицата а пред се кешот, пошто поскапите се претежно поинтелегентни. Одлучете се што сакате, дали птица со убава боја, дали питом папагал кој ќе ви биди на рамо по цел ден, дали папагал кој ќе збори,дали сакате парови за подмладок итн.
Малку опис на некои врсти папагали, кои мене ми се познати,а се надевам дека понатаму ќе користи истиот текст, при изборотна папагали.
1.
ТИГРИЦА / Melopsittacus undulatus / Budgerigar
Oва е една од најчесто чуваните и најраспространети врсти на домашни миленици низ светот. Потекнува од Австралија, и природна боја им е зелената, како на сликата. Жолтото чело е стандардна верзија, но има врсти во природата со цела глава тигрести риги. Одгледувачите направиле разни колоритни верзии на овие птици така да може да се најдат жолти, зелени,сини,бели и микс од сите преостанати бои. Оној кој сака да има како од природа папагал, нека бара зелен, како на сликата.
Овие се најефтини папагали, па цената им се движи просек од 300 па се до 600 денари ,зависно од кој пет шоп или одгледувач ги купувате.
Јатна птица е, што се подразбира дека треба да се чуваат минимум два примероци. Доколку се чува еден, треба и малку среќа да се навикни со луѓето во спротивно знаат да бидат доста диви,повлечени и неактивни но не мора и да значи дека сите ќе бидат такви.
Што се однесува до говорните способности, кај оваа врста на папагали се многу мали. Најчесто овие папагали се чуваат во волиери, во поголемо јато од 20тина па нагоре примероци, и успешно се парат. Доста се отпорни на ладно и лесно се аклиматизираат. Треба да избегаваат да ги чуваат луѓе што се алергични на прав, затоа што имаат доста прашина под крилјата,особено кога летаат се вистински загадувачи на воздухот.
Се исхрануваат со просо,овез, светло семе ,лен, и други семенски мешавини, и додатоци како јаболко,спанаќ и глуварче...
Останати експериментални работи избегавајте да им давате да ги јадат.
Ако ги чувате во волиера мора да се води грижа за хигиената да биде на највисоко ниво,ако сакате здрави птици.Истото важи и за кафезот кој треба да биди со дрвени стапчиња, наместо кинеска пластика.
2
.Козици /Kakariki / Cyanoramphus novaezelandiae
Овие и не се нешто познати папагали кај нас, но сепак ги има чат-пат по пет шоповите. Најчесто луѓето избегаваат да ги купуваат заради грубата градба на пердувите, али прават голема грешка,затоа што оваа птица можеби не е една од најатрактивните меѓу папагалите во однос на физички изглед, но е извонредна на карактер. Одгледувачите направиле и жолта верзија, што е генетска модификација, но јас не ги сакам модификациите, па избегавам да ги чувам нив.
Оригиналната боја им е зелена, и има два вида, козици со жолто чело и козици со црвено чело. Овие вторите се покрупни и често ги има меѓу одгледувачниците.
Најактивна е меѓу сите птици , радознала, и постојано е во движење.Често прави акробации и знае да ве насмее и до солзи со нејзините палавштини. Не треба да се чува постојано во затворен простор така да повремено пуштање од кафезот би значело лудување низ цела соба.
Повеќе време поминува на земја, него во летање, и постојано наоѓа интересни играчки за неа и слични занимации.
Многу лесно се припитомува, и за брзо време може да стани ваш најверен пријател. Има извонредна интелгенција и меморија, па макар и да скриете храна наоколу ќе знае да ја пронајди. Говорните способнисте се слаби но затоа се изразити други особини кај оваа птица.
Потекнува од Австралија и нов зеланд, а нејзиниот статус во природата е веќе во алармантна состојба, со оглед на тоа што редовно се фаќа и извезува наоколу, но за среќа лесна е за размножување и доста ја има по одгледувачите, и се прават напори да се населат новозеландските шуми повторно со оваа птица во поголем број...
Во однос на исхраната, се храни со oвес,сончоглед, просо, коноп,светло семе, канаринска мешавина, бар клас повремено може да му се дава како на скоро сите останати птици, и неизбежно е јаболко, спанаќ, глуварче...
Интересно кај оваа птица е што храната ја јади земајќи ја со нога, брзо учи кој е сопственикот (оној кој му дава храна) и ако се чува сама, лесно се приврзува и знае да ви досадува и неколку пати во денот за омилената храна. Ако се чува во пар, им треба поголем кафез, и куќарка, а се одлични родители и без проблем неколку пати во годината би дале потомство.Мора да напоменам дека обожаваат да се капат, па при купувањето,купете му прикачна када за на кафезот или обезбедете му сад со вода во кафезот.Кадите се погодни заради што се затворени и нема да го водени кафезот.Цената кај одгледувачи е од 700-1000 денари а во петшоп од 1200 до 1500,зависно од каде ги нарачале.
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 23:09 ---
3.
Певајучи папагал/ Red Rumped Parrot / Psephotus haematonotus
Oва е доста позната врста кај одгледувачите, и популарна исто така. После тигриците и нимфите, доаѓа оваа врста, како најчувана во волиерите.
Извонреден папагал, кој се разликува од другите што не крешти туку има своја песна, па ги нарекуваат и канаринци во папагалски облик. Песната доаѓа до израз кога мажјакот е спремен за парење и нормално се чува во пар.
Во природа остануваат со иста женка а во одгледувачниците може да се импровизира парењето и со други женки што не би требало да им претставува проблем.
Разликата е воочлива во полот, мажјакот како горе на сликата има повеќе бои а женката е еднобојна. На поголема возраст знаат да го изгубат малку шмекот од бојата односно да добијат затемнети варијации на пердувите. Потекнуваат од австралија, говорните способности им се слаби. Спаѓаат во средна големина на папагали. Исхраната, исто како кај козиците,нимфите... овез ,сончоглед,просо,коноп,нигер,светло семе, канаринска мешавина, и овошје јаболко, спанаќ,глуварче...
Важат за извонредни родители, па многу одгледувачи подметнуваат јајца од други врсти кои се посложени во процесот на парење, и ги одгледуваат овие папагали како нивни.
Ако сте доволно претпазливи и упорни ќе го припитомите, а доколку не, ќе ужива со партнерот и лудува низ кафезот.
Цена од 700-1000 кај одгледувачи, 1000-1500 во петшоп.
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 23:11 ---
4.
Љубовни птици - Розенколис/ Love Birds / Agapornis Roseicolis
Розенколисот е интересна и мала птица која потекнува од јужна африка. Карактеристично за овие птици е што се нарекуваат Љубовни птици, кога одбираат партнер остануваат со него до крајот на животот, а интересно е набљудувањето на овие како пружаат љубов едни на други.
Мажјакот и женката се постојано заедно и како што напоменав остануваат до крај на животот.Ретко ги менуваат партнерите.
Мала проблематика е распознавањето на полот, кај повозрасните птици, кај карлицата има 2 коски кои се споени кај мажјакот, и разделеи нешто повеќе кај женката. Немаат големи говорни способности.Природна боја им е зелената, со црвена маска, но одгледувачите ако не зезнат нешто не би биле одгледувачи, па генетски модифицирале жолта,сина, бела и други кич-бои кај папагалите кои не се природни за нив.
Исхраната, стандард,купувајте им мешавина брендирана со сликче од розенколис, давајте им коноп,нигер,сончоглед,овез,просо... и овошјето што милион пати е спомнато, јаболко,глуварче,спанаќ...
Животен век им е околу 20тина години,ако се одгледувани во добри услови.
Секогаш купувајте ПАР од овие птици.Не се јатни, но една птица не би се покажала во вистинското светло.Штом еднаш парот се погоди, и има добри услови, се парат без прекин и даваат доста подмладок.
Цената, зависи од каде ги купувате, по одгледувачниците е околу 900 денари па нагоре, а во пет-шоповите стандард 1500 денари.
Никогаш не ги чувајте со други папагали, затоа што им ги гризат ноктите.Ако се одлучите ова да биде вашиот миленик, купете пар розенколис и уживајте во овие заљубени птици.
Постојат и подврсти на овие, персонати и фишери.Персонатите се со црна маска,а фишерите, на сликата подолу.
Видео од
розенколисот.И уште
едно
5
.Нимфа
Oва се австралиски папагали, и најмали од врстата на Какаду папагалите.Овие папагали за разлика од гореспоменатите имаат и говорни способности,повеќе имитација на звук него ли говор, но сепак може да излезе и по некој збор од устата на овој папагал. Многу елегантни и грациозни, привразни за сопственикот, и обожаваат галење,чешкање и желни за внимание.
Маана им е силниот звук, особено кога се желни за внимание знаат и умот попара да ги во направат.
Мажјакот е покрупен, поцрвени образи има, а женката посветла боја и не “пее“ толку.
Исхраната е како на сите горенаведени папагали, може да се чуваат во јато без проблем,може и сам папагал кој ќе стани многу приврзан со вас, а можете да земете и пар, кој со добра исхрана и спремање ќе ви даде одличен подмладок.
Кафезот треба да биди широк и висок, никако заоблени кафези или други помали.Кај овие папагали, што пошироко тоа подобро.
Животниот век се движи од 15 години па нагоре, а има примероци и што достигнале и 30тата год од животот.
Цената кај нас се движи од 700-1000 денари по одгледувачници, и 1500 по пет-шоповите.Пред се одличен папагал за сите оние кои сакаат елегантна,друштвена и приврзана птица за сопственикот.
Ако планирате да купувате папагал, побарајте искусни одгледувачи.Зоран од лисиче е еден од најпознатите, а има и доста други што ќе ви објаснат за папагалите, имате избор од волиерите, и поефтино е. Петшоповите, сите ги земаат од одгледувачи,што е факт дека не е исплатливо да се увезува од други земји,освен кога нема птици во македонија.Секогаш бирајте, здрави и млади птици а ако има некој искусен кој се разбира од птици, пожелно е да го соберите со вас, да ви одбери здрава птица.
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 23:15 ---
едно видео од нимфа.