Аааах обожавам папагалчиња. Премногу е смешно додека да се навикнат на средината. На еден другар за роденден му поклонив 2 со кафез и храна, оти нели цело е кога има се`! Едното беше многу мирно, ама другото... Лудите го навикнаа само на турбо фолк. Кога ќе дојдеа гости за да се позезаат малку, му го отвореше кафезот, ќе пушти турбо фолк и ова душиче одма излегуваше надвор и се глупираше. Најмногу ја сакаше Цеца, додуша и овие најмногу тоа му пуштаа. После некое време имаа огромен проблем папагалчето не сакаше никаква друга музика освен турбо фолк, па се мрднаа додека го одвикнаа. Тие имаа и друг проблем, папагалот сакаше да се бања во мијалникот, ама само кога има тањири и да се пика меѓу нив, еднаш за малку куртули. Имаа доста смешки со папагалот.
Јас порано кога бев помала чував сега не. Секое животинче е обврска. Треба да му се посвети огромно внимание.