Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување
A

Auditore

Гостин
Мојот папагал еднаш дојде со исчашено колено, играл фудбал и ја поебал ногата(така ми кажа) и од тогаш почна да болува, ногата му помодре а беше голем талент, шала на страна од некои болки во ногата умре шо му беше не знам.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Сега вака:пред 20-тина минути во мојот дом се досели тигрицата Мими.
Кога ја ставив во кафезот беше како спобудалена,ама еве ја сега се смири,но застана на една страна од кафезот и не мрда може веќе 10 минути.Дали е тоа нормално?
Е,да и дал е добро да му се дава жив морков и варено јајце?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.411
Поени од реакции
86.937
Сега вака:пред 20-тина минути во мојот дом се досели тигрицата Мими.
Кога ја ставив во кафезот беше како спобудалена,ама еве ја сега се смири,но застана на една страна од кафезот и не мрда може веќе 10 минути.Дали е тоа нормално?
Е,да и дал е добро да му се дава жив морков и варено јајце?
1.Многу нормално нова околина.Ќе се опушти за 2-3 дена не се секирај :)
2.Никако не и давај јајце да јаде.
 

Bum[B]lEbEE

sibirec
Член од
19 ноември 2010
Мислења
49
Поени од реакции
1
Местење на кафезот и негово чистење:

1. Потребен е кафез доволно голем за да може папагалчето комотно да се движи во него и да има простор да може да ги рашири двете крила.

2. Стави лист хартија на дното од кафезот и секој ден менувај го.

3. Обезбеди играчки ( за почеток доволно е само да има прачка на која ќе може да стои ) и посебни садови за вода и храна.

4. Садовите за храна и вода, играчките и ѕидовите на кафезот секој ден поминувај ги со крпа потопена во топла вода.

5. Миј ги садовите за храна и вода 2 пати на ден.

6. Темелно чисти го кафезот еднаш во 3 месеци.


Нега и исхрана за папагалчето:

1. Миј го барем еднаш во неделата со вода. Исуши го со крпа.

2. Потсечи му ги ноктите кога ќе му пораснат.

3. Од време на време храни го и со овошје и зеленчук.

4. Давај му свежа вода секој ден.



На што треба плус да обрнете внимание:

1. Кафезот треба да биде лесен за чистење

2. Чувај го кафезот каде што температурата е стабилна, бидејќи папагалчињата се осетливи на менување на температурата.

3. Подобро е ветеринар да му ги скрати ноктите.

4. Чоколадо, кафе, авокадо, алкохол и грав треба да се избегнуваат

5. Папагалчето може да се разболи ако не го извадите еднаш дневно од кафезот. Знаци дека е болно се: намален апетит, намалување на тежината и потешкитии во дишењето.

6. Не употребувај сапун или други слични хемикалии при чистење на кафезот, но доколку тоа е неопходно, ТЕМЕЛНО измиј го кафезот.

7. Папагалчето никако да не е во допир со дим од цигари.

8. Доколку имате дрвена прачка, не ја мокрете, бидејќи тоа овозможува создавање на бактерии.
Јас имам таков пилец дома и мислам ова коа го прочитав излегува дека јас појше треба него да го чувам него мене... добро потребна е хигиена али ова е премногу....
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Помош имам тигрица и готова е изгледа че умри не весела е легната е на дното од кафезот диши мн тешко.Ако знај некој нека кажи дали е можно да и сето ова од храната пошто вчера ја купив и не ја јадеше кога и ја ставив во кафезот.
не кажа шо напрај......
 
Член од
16 јануари 2008
Мислења
256
Поени од реакции
19
имам тигрица и сабајлево забалежав дека повраќа. дали може некој да ми помогне или пак да ми даде број од ветеринар. фала
 
L

Lu

Гостин
имам тигрица и сабајлево забалежав дека повраќа. дали може некој да ми помогне или пак да ми даде број од ветеринар. фала
Однеси ја тигрицата кај Диме во Капиштец,одличен ветеринар е.
Диме се наоѓа во Капиштец кај домот за деца без родители,
Улица - Антон Панов бр.22 телефон 3178-611
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Морам да побарам помош за моево папагалче, пак. Во последно време, поточно, последнава недела многу чудно лета. Како да му тежи нешто, како 30 кила да има на него. Едвај може 5 метри да прелета, многу тешко се искачува нагоре, а кога слетува над кафезот изгубено е целото, како да паѓа од горе, а не да слетува. Вчера се лупна во ѕид и падна доле. Три месеци го чуваме и веќе го научи секое делче, невозможно е од незнаење да се удри. Се плашам да не има некои проблеми со видот, затоа што, колку што можам да забележам со крилцата му е се во ред. Кога ќе му се доближам почнува дa ме клука, да се брани, а до пред некое време и само доаѓаше кај мене. Друго му е се океј, весело е, си свирка :) Не знам што може да му е. Anyone ? :(
 

MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Имам папагалче го чувам 4 години и никако да се припитоми, многу е диво. Што да му правам да се припитоми? Mу пружам рака ме клука. :tapp:
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Имам папагалче го чувам 4 години и никако да се припитоми, многу е диво. Што да му правам да се припитоми? Mу пружам рака ме клука. :tapp:
Ако за 4 години не се припитомило, не верувам дека понатаму можеш да направиш нешто. Ако не бега од тебе и само те клука, пробај да го фатиш во раце. Не со сила, да се уплаши од тебе, туку само да сфати дека не сакаш да го повредиш. Друго не знам ...
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
имам тигрица многу е мило и мирно само не пушта глас, иначе стои на рака не се плаши од луѓе значи не ќе да е до страв или нешто такво... ????
зашто не ми пее пилето рано на сабајле ? :))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom