Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Добрината никогаш не е врзана со интелегенцијата. Добрината е карактеристика која се стекнува во време на оформување на личноста, односно во периодот на пубертетот. Тогаш стануваш или остануваш добар или лош. И понатаму таа карактеристика колку и да сакаш да ја промениш останува таква каква што си ја добил во тој период. Здобивањето на таа карактеристика пак е резултат на многу фактори пред и за време на пубертетот како: односите во семејството, дружењето со другарите и статусот во друштвото, околината во која живееме итн.. Оттука многу пати сме биле сведоци на сопствена или анализа од оние што не познаваат да кажеме или кажат: „ Видиго кога беше мал колку лош беше, а сега не можеш да го препознаеш и обратно“.