Hellz Guardian
We do what we want
- Член од
- 2 февруари 2008
- Мислења
- 7.121
- Поени од реакции
- 1.717
ауу палачники се нешо најубао на свет поготво со еурокрем,Банана и шлаг аууу ![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
оууу фала за рецептот ги напрајв со поголема помош од мама....мммммм преубај сеПалачинки со фил од ванила
За крем
- 500 мл млеко
- 100 гр шеќер
- 1 пудинг од ванила
- 100 гр мелени ореви
- 2 ванилини шеќери
- 50 гр путер
- 50 гр шеќер во прав
за тесто
- 250 гр брашно
- 1 јајце
- 3 дл вода
Во тенџере ставаме 1/2 литар млеко, а во мензурата ставаме 1 децилитар. Тенџерето го ставаме на оган. Во млекото додаваме 100 гр шеќер, промешуваме и оставаме да зоврие. Во меѓувреме во мензурата со млеко додаваме пудинг и промешуваме. Во садот за матење ставаме 1,5 дл. вода. Кршиме едно јајце, го ставаме во садот и матиме со миксер. Потоа кон смесата го додаваме брашното и продолжуваме да матиме со миксерот.
Откако млекото ке зоврие, смесата за пудинг полека ја истураме во тенџерето и непрекинато матиме со жица за матење на тивок оган. Кога смесата ќе се згусне, го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Го оставаме пудингот да се излади. Потоа тавата на која ќе ги пржиме палачинките ја премачкуваме со масло за јадење. Кога тавата доволно ќе се загрее, смесата за палачинки ја истураме во неа. Откако палачинката ќе се испече од една страна, ја превртуваме да се испече и од другата страна. Кога ќе се испече и од другата страна, палачинката ја ставаме на една чинија. Истото го правиме додека не ја потрошиме смесата за палачинки.
Откако пудингот ќе се излади го истураме во сад за матење. Додаваме 50 гр. путер и со миксер матиме смесата да се соедини. Потоа ги додаваме мелените ореви. Матиме со миксер. Кога филот е готов, започнуваме со филувањето на палачинките. Од филот нанесуваме на палачинката и го размачкуваме на една половина од неа. Најпрво ја превиткуваме на половина, а потоа и на четвртина. Филуваните палачинки ги редиме на чинијата.
![]()