Неможам да зборувам за Скопје, ама еве ќе ви кажам што е проблемот во Прилеп.
Повеќето се и прекупци и производители.
Во зиме се обично прекупци, затоа што немаат што да произведуваат, продаваат свое само компири и евентуално јаболка, а во лето продаваат свое производство.
Значи не зборувам за прекупците кои ги има во пазарот и кои се практично продавници. Туку за оваа категорија на луѓе, што ќе се случи со нив, затоа што и така работат за многу мали пари, чиста заработувачка во текот на цела година му е 6.000 до 9.000 денари месечно.
И второ, со фискализацијата ќе се отвори цел бран на поскапување.
Зошто?
Затоа што и сега продавачите во продавница мораат да држат ниска цена на зеленчукот, оти ако е скапо секој ќе си појде на пазар. Но, ако и на пазар поскапи е тогаш и продавачите ќе кренат цена, затоа што мака мачат со расипана роба.
Како и порано борбата против сивата економија најчесто го погодува најсиромашниот слој, така беше порано, така ќе биде и сега. Луѓе губеа егзистенција или цели мали бизниси.