Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Протест на пазарџиите во цела Македонија. Се противат на најавената фискализација на пазарите. Денеска во Скопје еден час ги блокираа раскрсниците кои се наоѓаат во близина на пазарите.
Од Министерството за финансии велат, фискализацијата нема да се одложува.
Процесот на фискализација продолжува како што е планирано. Значи, од 1 јули се фискализираат зелените пазари. Оние лица кои што се прекупци, кои вршат трговија во класична смисла на зборот се должни, според законот за трговски друштва, да се регистрираат во трговци поединци, да добијат даночен број во УЈП и следствено, да си ги подмират сите давачки кон државата што следуваат“, изјави Мартин Мартиновски, портпарол на Министерство за финансии.
Кој е вашиот став? Дали пазарџиите како и сите други трговци во државава треба да се фискализираат? Според мене, мора. Не гледам зошто државата би требало да им прогледува низ прсти. Доколку остваруваат профит, треба да плаќаат и данок како секој во оваа држава.