"Патриотизмот" на премиерот на дело........по којзнае кој пат.
Последниот доказ за за глумењето патриотизам на нашиот драг премиер, е вчерашната прес конференција која ја одржа заедно со Бугарскиот му колега Станишев.
Македонскиот премиер Никола Груевски остана безгласен за прашањето на правата на македонското малцинство во Бугарија и за регистрацијата на нивната политичка партија ОМО „Илинден“-ПИРИН откако бугарскиот премиер Сергеј Станишев вчера во Скопје изјави дека Бугарија ги исполнила одлуките на Судот во Стразбур околу ова прашање и дека „таа и да се регистрира, на изборите ќе добие многу малку гласови“. Скандалозна беше изјавата на Станишев дека
лидерите на ОМО „Илинден“-ПИРИН, всушност, не сакаат да се регистрира партијата, „бидејќи тогаш нема веќе да бидат интересни“.
„Лидерите на таа организација не сакаат да ги исполнат условите за регистрација за да бидат во центарот на вниманието, инаку нема да бидат интересни“, рече бугарскиот премиер. Станишев го повтори својот став дека не постои политичко влијание врз регистрацијата ОМО „Илинден“-ПИРИН и дека регистрацијата е во рацете на бугарските судови. „
Ако мислите дека некој политички е загрижен од регистрацијата од ОМО ’Илинден‘-ПИРИН, во заблуда сте“, изјави бугарскиот премиер..
Груевски, кој додека Станишев одговараше на новинарско прашање за ОМО „Илинден“-ПИРИН, само кимаше со главата, не даде никаква изјава поврзано со положбата на Македонците во Бугарија, но го премолчи и прашањето за пробугарската партија „Радко“ во Македонија, чија регистрација се' уште се наоѓа пред македонските судови.
Извор
Имено Груевски на дело покажа дека кога се работи за Македонското малцинство во соседните држави, кај него постојат два аршина.
Едниот е глумењето лудило и продавање популизам кој е наменет исклучиво за внатрешна употреба, и наводната загриженост за Македонското малцинство кое живее во г'рција, манифестирано со испраќање писма до светските организации и челници, од кои и тој самиот знаеше дека дека ќе нема апсолутно никаква полза (докажано). Се разбира освен некое процентче плус на контото на неговиот фамозен рејтинг.
Другиот аршин, е глумењето мивка пред Станишев, кој директно во очи среде Скопје му кажа дека Македонците во Бугарија немат никаков проблем со тамошните власти, туку сами си измислуват проблеми за да бидат интересни, и како што рече да бидат во центарот на вниманието.
И понижувањето не застана тука.
Тој отворено застана позади ставот на претставниците на бугарските медиуми и на Станишев.
Македонскиот премиер не одговори ниту на нападот на бугарските новинари и на својот бугарски колега врз македонските медиуми дека тие шират омраза спрема Бугарија и, како што рече Станишев, дека „некогаш пишувањето во медиумите влева отров во односите меѓу двете земји“. „Во двете земји постојат медиуми и политички сили кои го бараат она што не' дели, а не она што не' поврзува. Верувам дека добриот однос од Бугарија се' повеќе ќе има реципроцитет од другата страна“, рече Станишев. Груевски изјави дека Владата не поддржува никаква кампања на ниту еден медиум во однос на Бугарија. „Медиумите се независни и не можеме да влијаеме врз нив. Треба да се внимава на кажаниот збор“, изјави Груевски.
Епа како тоа кога Македонските медиуми пишуваат за обесправувањето на нашите во г'рција, тогаш ја подигаат јавната свест и нивото на патриотизмот во државата, а кога пишуваат за нашите во Бугарија, тогаш шират омраза и не придонесуваат за добрососедските односи меѓу двете држави.
Е мој премиере.
Со твојот примитивен патриотизам, можеш да ги лажеш само оние кои слепо веруваат во секој твој искажан збор.
Но не мислиш сигурно дека цела Македонија ќе ја прелажеш.
P.S.
Прашање до подржувачите на ликот и делото на "патриотот".
Нели конечно дојде времето кога треба јасно и гласно да застанеме позади нашите браќа во соседството ?
Нели е Груевски оној кој после 17 години почна да го прави тоа.
Тоа го тврдевте пред неколку месеци на една друга тема, кога во еуфорија ги коментиравте писмата со кои нели Груевски конечно започна нова страна во односот на Македонија кон своите малцинства во другите држави.
Нели тоа "јасно и гласно" треба да важи за сите наши соседи ?
Камо сега писма ?
Камо му барем мал демант на омаловажувањата од страна на бугарските новинари и од страна на неговиот колега Станишев.
Конкретно.
Има ли обесправено Македонско малцинство во Бугарија ?
Зошто Груевски се срами да го каже тоа ?