KaiTekk
R&B boy
- Член од
- 17 март 2006
- Мислења
- 1.045
- Поени од реакции
- 22
вака точно:
Според (сите 5) компјутерски фирми за хардвер на кои се јавив, законот за намалување на ДДВ-то УШТЕ НЕ Е ИЗГЛАСАН ВО СОБРАНИЕ (барем така беше во петокот, не следам собрание и незнам што точно се случило). Според повеќето ова со ваквите вести било еден вид кревање на прашина.
Поспецифично: се јавив во неколку компјутерски фирми за хардвер (бидејќи планирам во блиско време да земам нов PC и ова дојде како добра прилика).
Во Анхоч, кога ги прашав кога ќе го имплементираат ова, рекоа за 40 дена.
Во СЕТ ми рекоа дека уште не се знае ништо, и дека треба да се јавам во понеделник (утре).
Во Нико беше најсмешно, таа женана ми вика: абре тоа е обично кревање на прашина, дури во ДЕКЕМВРИ (?!?!?!) ќе се гласа законот во Собрание, а во Јануари ќе се имплементира ова кај фирмите.
После се јавувам во АМЦ и овој онака нељубезно ми го кажува истото, само не ми ја кажува специфична дата кога ќе се имплементира сево ова во нивната фирма (изиграва 100% лаик).
И за последен пат се јавив во Логин каде што ми го кажаа истото што и во Сет.
МОЖНО Е, не велам дека е сигурно, некои помали фирми кои не уживаат голема популарност да го експлатираат ова. Затоа ако некој е во план да зема нови компоненти, нов хардвер или whatever, нека провери убаво дали го испочитувале ова...мада верувам дека државата убаво ќе го регулира сево ова...