Паганизмот е пак празноверие во замислени ликови, и што ако сеа овие предциве наши биле пагани и ние треба да бидиме? Пак слободна волја си е тука што е до мене не бирам религија зато шо сите самите на себе сме богови а природата мајка на сите нас.
Не е тоа поентата ниту насоката.Ако е прашање на избор и слободна волја,тогаш каде е таа во корените на христијанството?
Никаде.Наметната работа.
Анимизмот,како проформа на политеизмот,бил многу подопирлив концептуално.Животните давале живот на тоа општество,па Тотемите како такви карактеризирале Почит.
Потоа,во сите тие животни можат да се пронајдат одредени првобитни човечки карактристики и инстинкти.Со тоа човекот може да се спознае себеси подобро,па животните се одличен медиум.
Магијата,исто така,може да се пронајде во самата природа и нејзините креации.Човекот припаѓа во тој глобален концепт,па може да се обиде,одделно од технолошките модификации,и умствено да биде дел од креативноста на природата како Мајка.Ама тоа е друга тема.Овде чисто напоменав колку да се спомне Магијата,како голем историски дел од човековите верувања.
Паганските Божества имаат човечки особини,се смртни и имаат маани.Со тоа,повторно доаѓаме до поблиско,поточно осознавање на нашата природа како луѓе,и преку постоењето на Богови кои можат само да ни бидат наклонети за наша сопствена амплификација,полесно ќе станеме паталци,без да мора тоа и да бидеме во вистинскиот живот
Начинот на кој се опишани паганските Божества и целиот тој концепт може да служи и како поучна приказна за вашето дете пред спиење,а може да служи и како патоказ за животот.Христијанскиот Бог нема ниедна допирна точка со човекот.Демек,семоќен е,нема форма и нема определен карактер.Необјаснив е.Со тоа и неопиплив.
Главната причина зошто паганизмот е поприфатлив е таа дека зема многу помала сфера на дивинација од онаа која ја зема христијанството.Вистината не се пронаоѓа во целовитоста,туку во нејзиното разградување на помали компоненти,па тие помали компоненти на уште помали....
The substructure of the universe regresses infinitely towards smaller and smaller components.Behind atoms we find electrons,and behind electrons,quarks.Each layer unraveled reveals new secrets,but also new mysteries.
Јас барем така гледам на работите.