Сите вие што мислите дека нема психичко насилство без исклучоци, се надевам дека нема да дочекате расплакана ќерка дома и дека ќе се уверите во спротивното на најбезболен можен начин.
Лесно е кога се гледа од гледна точка на огорчен партнер кој не би да преземе одговорност за некои свои дела да не речам недела.
Не велам дека нема манипулаторки жени. Значи, фин дечко, со кариера, деца, не им одело со жената, ем самата била иницијатор за развод ем толку влијае врз децата иако се кај него почесто него што се кај неа, потенцијалниве девојчиња а слушнат за неа, се откажуваат.
Значи, ги знам таквите, коса се крева на глава на човек. Ни сите жени се ангели, ни сите мажи ѓаволи. Ама еден период во животот му била интересна оти е таква. Самиот си ја бирал, којзнае колку фини мирни девојчиња оставил за мало више узбуџења, да не знае на шо е, е па тоа е, на таквите кога ќе им се смени мисијата и посакуваната скапа играчка, незгодни стануваат. Еве доказ дека психичко насилство постои, само во горенаведениов пример, жртвата е мажот.
Ама вистина за греота се и мажите и жените коишто се жртви на искомплексирани стоки (машки или женски), уште погреота ако не можат да бидат храбри доволно да се пожалат оти тие коишто треба да предложат решенија, нема да им веруваат. Маживе пак да си станат мажи, а жениве - жени, сѐ ќе да се реши, ама ете, некои интересни времиња. Затоа луѓе, 500 очи отварање со кого ќе имате деца. Колку што има скенери шо се вика, низ толку да проверите со кого си имате работа. Оти детето, вака или така те врзува за цел живот.