
Еве ти еден пример од комшии кај мене, маж и жена млади пензионери се сега, околу 65 години, а на нивни помлади години, пред околу 20 30 години, сите знаеја дека женава си имаше швалер...една вечер тој швалер дојде со мандолина да и свири под прозор севдалинка на љубовницава, пред куќите на свекор и, мажот и потоа дома забите во раце и ги даде,ја убил од ќотек, инаку дотичниве имаат три деца во бракот, понатаму следеше легендарна изјава од свекорот, дека снаа му била во право, зошто син му да чинел таа немало да си ја бара среќата кај друг, и немало да мрда со опашката. Ај сега де.
Еве ги есенва и ајварчето си го стокмија и кафенце со комшии си пијат хаха ха хи хи хи у двор се слушаат., ечат! Дали тоа биле други генерации? А сега само еднаш ако мажов ја опцуе жена му, или чувај Боже и исчупа влакно од коса одма развод.
Не оправдувам насилство во никој случај, нека не биде мојов пост погрешно сфатен!!
Само раскажав вистинита приказна, има и еден друг пример од блиски пријатели, мажот така си ја удирал жена му, повремено, и таа еден ден и се стемнило зела една даска и по глава мавај удри, потоа и полиција викаа ама не се разведоа. Потоа мажот почина и сега е вдовица.