ПРЕДБРАЧЕН ДОГОВОР !

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.755
Поени од реакции
8.772
И што е битно како му се заработени парите на мажот ако (во примерот) со сигурност знаеме дека му се од пред брак. Демек, ако му се на црно, жената има морално право да му ги земе?
Што е шмизлата, УЈП?

Неколку пати самата пишуваш дека “таков е законот...тоа е тоа...ако не ти чини, не се жени...“ и во потполност оправдуваш дека е исправно жената да му земе половина пари, иако знаме дека не допринела за нив.
АМА...
Кога се работи за женска страна, тогаш не само што оправдуваш, туку и советуваш? Зашто да не инвестира жената? Апропо твојот муабет, зашто се мажи ако не му верува?

Лицемерие, душо, лицемерие...левел про...
Судот не знае кога му се стекнати и како, ќе суди спрема доказите. Не морализирам, зборувам за закон. Башка не можеш во кеш да платиш стан, среќа поминаа тие времиња. Не може од перница да си ги извади и да ги искешира, ако се црни пари, нема како да му ги земе жената (се гледа што е ЗАРАБОТЕНО/СТЕКНАТО во брак).

За второто, затоа што знам доволно жени што немаат црно на бело, при развод е невозможно да докажат дека од свое НАСЛЕДСТВО инвестирале во куќа што не е нивна. За заработени пари секако се заеднички, само што ако вложува во имот кој не е никако нејзин, тешко се докажува дека вложила. Нормално дека не треба да се задолжува и вложува ако нема црно на бело каде, при развод е речиси невозможно да докаже дека вложувала во тој имот.

На пример, овој со 50 000 евра црни пари може да реновира кај нејзините родители дома, ама треба да е ептен глуп да го направи истото :)
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.695
Поени од реакции
6.030
Македонскиот закон за семејство не разликува маж или жена, еднакво нè третира. Жените добиваат најчесто старателство од една проста причина која само и само од македонскиот маж зависи: почнете да се грижите за своите деца! Сè додека тапшате со "една е мајка", и во пракса така и се понашате, ЦСР ќе се согласува со вас.
Законот за семејство не разликува мајка или татко, ЦСР НОСИ ОДЛУКА. Најчесто во македонското општество, мајката е примарно таа која се грижи за детето, затоа и најчесто таа го добива примарното старателство. И не знам зошто не би го добила ако татко му не знае ни што јаде тоа дете, ни пелена како се менува, ни на што е алергично - како е поспособен да се грижи тогаш?
За жал, сите разведени татковци кои немаат разбирање со бившата сопруга, ќе ти потврдат дека во пракса НЕ СЕ ЕДНАКВО ТРЕТИРАНИ како мајките ( затоа и постои иницијатива која со години, упорно и безуспешно пробува да го смени законот за заедничко родителство, по примерот на многу западни земји).

И, вие, “напредните жени“ излезете од тоа заостанато мислење, дека мажите не се грижат за своите деца (пази, цитирам “почнете да се грижите за своите деца!). Плукаш по многу татковци кои маки мачат да добијат можност да се грижат за сопственото дете. И многу и не успеваат, токму поради тоа истото ЦСР и суетата на бившите...
 
Како жена која има пријателки со деца и комуницира со голем број на жени општо, на една рака можам да избројам колку татковци еднакво се ангажирани во активното чување на детето. Она што го сведочам кај високообразовани, навидум модерни татковци, генерално е недоволно познавање на грижата за детето. Дури и кога се дава еднакво/на татко старателство, генерално (не сите) не се тие кои се грижат за детето, туку нивните мајки (значи бабите). Само на работа имам пример каде што татко има добиено старателство, мајка му се грижи за детето, тој не е ни во земјава воопшто.

Инаку, ако таткото активно и посветено се грижи за детето/децата, секогаш ќе сум и за еднаква поделба на старателство. Ако нема соработка од мајката, нормално дека треба на неа да ѝ се ускрати правото. Но, за децата е секогаш најдобро да имаат примарно еден дом (не е баш практично да живеат во два дома - посебно кога се различни населби, градови итн.) Дали има простор за поголема флексибилност - секако.

Јас лично познавам само еден случај каде што вонсудски се договорени родителите, макар тој концепт е најреткиот во земјава (а не толку редок по поразвиени земји) - заедно со новите партнери слават празници, родендени итн, во секојдневниот живот се родителите постојано во комуникација и децата максимално поминуваат време со двајцата.
Автоматски споено мислење:

Ова како посебно мислење го пишувам, чисто да направиш една паралела.
Еве ја Кајгана како форум со претежно машка популација, а земи ја и Фемина како форум со претежно женска популација.
Тоа се двата најголеми форуми во земјава. Погледни колку теми има овде во кои мажи зборуваат за чување, воспитување на дете, и АКТИВНА ГРИЖА за истото, па спореди со Фемина. На вториот форум ПРЕТЕЖНО се вртат дискусиите околу родителство (мајчинство), околу грижа за бебе/дете, секоја поединост. Овде татковците не гледам да го прават истото, ако го прават - посочи ми. Фемина не е форум за мајчинство, туку за жени. А пак гравитираат кон дискусии за мајчинство и тоа им е главна преокупација затоа што е нормално да им биде кога ќе станат мајки. Ти еве кажи ми, зошто татковците не се однесуваат исто? Зошто немаат меѓусебни разговори за адаптирано млеко, пелени, кашички, воведување на цврста храна, соодветни играчки според развој, ги знаат ли развојните фази по месеци за детето?
Ако не знаат - од која причина не знаат? „Женската“ работа е инфериорна, смешно е маж да се занимава со пелени? Еве јас тоа мислам, слободно посочи ми каде грешам.

Прилично јасно ќе ти стане како размислуваат мажите за сопствените деца и дека се потпираат на мислењата на мајката, за облека, хигиена, исхрана... итн. Не се еднакво активни учесници во тој процес. И обично тоа им одговара да е така додека се во брак, затоа што е обврска помалку. ЦСР да, точно тоа го гледа, дали ти знаеш да се грижиш за детето, или мајка му едноставно знае и умее повеќе.

Почнете толку да учествувате и да не ви е “женска работа“ одгледување на дете, работите ќе се променат.
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.695
Поени од реакции
6.030
Како жена која има пријателки (и професионален увид инаку) во семејствата, на една рака можам да избројам колку татковци еднакво се ангажирани во активното чување на детето. Она што го сведочам кај високообразовани, навидум модерни татковци, генерално е недоволно познавање на грижата за детето. Дури и кога се дава еднакво/на татко старателство, генерално (не сите) не се тие кои се грижат за детето, туку нивните мајки (значи бабите). Само на работа имам пример каде што татко има добиено старателство, мајка му се грижи за детето, тој не е ни во земјава воопшто.

Инаку, ако таткото активно и посветено се грижи за детето/децата, секогаш ќе сум и за еднаква поделба на старателство. Ако нема соработка од мајката, нормално дека треба на неа да ѝ се ускрати правото. Но, за децата е секогаш најдобро да имаат примарно еден дом (не е баш практично да живеат во два дома - посебно кога се различни населби, градови итн.) Дали има простор за поголема флексибилност - секако.

Јас лично познавам само еден случај каде што вонсудски се договорени родителите, макар тој концепт е најреткиот во земјава (а не толку редок по поразвиени земји) - заедно со новите партнери слават празници, родендени итн, во секојдневниот живот се родителите постојано во комуникација и децата максимално поминуваат време со двајцата.
За жал, генерализираш...
Еве, како маж кој поради работата има релативно голем круг на луѓе, јас знам повеќе случаи каде таткото е (многу) подобар родител од мајката. Па да видиш како татковци срчаат рецепти за ручек или истражуваат кои алишта на колку степени се перат....
Ако те следам буквално во твоите зборови, еве и јас сум фрапиран во неколку случаи, каде навидум модерна, образувана жена нема со години никакви контакти (или минимални) со сопственото дете. мајка која со години не прашала како е, не му дала ни денар џепарац, ниту купила поклон за роденден....А за жал, постојат...

Инаку, како позитивно, еве јас знам повеќе случаи од тебе, каде нормални луѓе, имале нормална вонсудска спогодба, и нормално и заеднички се грижат и гледаат со децата :)
 
Види, јас викам дај Боже што повеќе родители да се нормални и да сфатат дека бракот е меѓу нив, разводот исто така, родители се засекогаш, и така да се однесуваат. Освен ако таткото не е насилник, коцкар итн. нема причина да не е дел од животот на детето. Се согласувам потполно дека се водат војни на грб на детето (посебно ако едниот бил неверен, а лош брачен партнер не значи лош родител), односно, еве таткото да изневерувал, да, го прави лош сопруг, но не го прави лош родител.
Без оглед кој од двајцата пробува да го дискредитира другиот, прво треба да размисли дали дискредитира како родител или како сопружник, оти не е исто.

Освен тоа, прочитај ми го засебното мислење, чиста компарација меѓу два најголеми форуми во Македонија е.

Едит: за неинволвирана мајка имам исто мислење како и за неинволвиран татко, ни најмалку не ги делам по пол, зборувам за родителствување. Ако не знаат да се договорат, тогаш ЦСР и судот и те како треба најмногу да ги земе во предвид интересите на детето, не на родителите. Детето не побара да го направат, должни му се што понормално детство да му пружат.
Автоматски споено мислење:

*** Само ќе споделам еден пример со оскудни информации бидејќи не сакам да споделувам информации кои се премногу лични за луѓето.

Таткото ја напаѓа мајката физички додека таа во раце го држи и дои новороденчето (бебе помало од 1 месец). Со полиција ја вадат од живеалиштето и смее да земе само основни работи за себе и бебето. Во наредните денови, покрај 1000 обиди доброволно таткото да ѝ ги даде нејзините лични предмети (облека, за хигиена) и работи за бебето (пелени, козметика...) тој одбива на секој можен начин. Да, постои начин да се земат, но тоа инволвира полиција кога тој не соработува, иако беше приведен поради очигледен напад не само кон жената, туку и бебето бидејќи во дадениот момент е кај неа во раце и цица.
Како и да е, секако дека жената доби помош од сите околу неа кога ја пуштија од болница (бидејќи имаше посериозни повреди што бараа и медицинска интервенција), бракот се разведе, тој бараше еднакво старателство што фала богу нема да му го дадат пошто е насилник. Но, со тек на време, се спогодија со ЦСР (и мајката беше согласна) постепено детето да поминува време со таткото (прво со присуство на некој од ЦСР и некој од нејзиното семејство, не таа лично) за евентуално да може да поминува за почеток викенди со детето тој. Стигнаа до таму, доби право без никој присутен да го презема и чува детето, и што направи? Ќе се јави дека во толку-и-толку ќе дојде да го преземе детето, и нема да се појави. И така со месеци, во рок од 1 година дури 2 пати дојде по детето, иако имаше право секој викенд да го зема, со отворена можност ако тоа оди добро, да се зголеми времето. Нормално дека бебето не го ни познаваше бидејќи немаше труд никаков од негова страна да се познаваат, со што ефективно иако не судски, мајката 100% го чуваше детето. После една година, ЦСР сами поднесоа барање до суд за измена на старателството.

Е сега, овој истиот се прежени, има уште едно дете, многу слична ситуација испадна на крај.

И двата случаи се стари, децата се веќе поголеми, ама далеку од тоа дека е обесправен. Не можеш да си насилник и родител, сопруг. Ако првата „не чинела“, како и втората не чини, па веројатно и секоја наредна, нели.
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.695
Поени од реакции
6.030
Освен тоа, прочитај ми го засебното мислење...
Го прочитав целото издвоено мислење.
Ама, јас и ти во потполност се согласуваме за важноста и улогата на двајцата родители. И како треба да е правилно, и што е нормално...

Она што не се согласуваме-
1.Законот (и праксата) моментално ги фаворизира жените. Можам да набројувам куп примери.
2.ЦСР е тешка багра.
3.Пред-брачен договор (што е темава) е добра работа. Што би решила или превенирала многу проблеми
4.Алиментација, како што е поставена моментално, е проблематична и неправедна.
5.Феминистичко мислење дека мајките се подобри родители отколку татковците

ПС. Последниот пример за лош родител (татко), ти е повторно генерализирање, можам да ти посочам и обратен пример.
ПСС. Примерот со 2-та форума не ти докажува ништо, душо...Исто како да правиш анкета колку користат интернет. А самата анкета ја правиш по мејл :) Можеби едноставно, на “машкиов“ форум повеќето корисници се деца 16+ па резултатите се предвидливи...
 
1. Законот не ги фаворизира жените - праксата да. Еве да спроведеме истражување (во однос на точка 5.) и да видиме што резултати ќе добиеме? Не ми е научно истражување, забележан образец ми е од мажи и жени кои се очигледно анонимни и тврдат дека имаат деца.
2. Алиментацијата не знам како е неправедна и проблематична, мала е во износ, не покрива 100% чување на едно дете за цел месец. Независно кај кој родител е, процент од неговата/нејзината заработка е. Ако на некого смета да плаќа за сопственото дете сума која не покрива скоро па ништо, тоа зборува за родителот каков родител е. Ако детето живее со него/неа, ќе троши повеќе отколку што плаќа алиментација.
3. Предбрачен договор не може да уредува старателства или имот стекнат во брак, затоа што тек би било тоа неправедно (да речеме, жената била домаќинка, само мажот работел - дали таа нема право на ништо? И да е обратно, само таа да работела, тој да не работел, дали тој нема право на ништо? Одржување домаќинство не е работа? Ако не е, чему заедничко живеење и брак?)
4. Предбрачен договор може и треба да постои АКО едниот заработува невообичаено многу и пак не може и не смее 100% да биде тоа “заштитено“ од проста причина што бракот е заедница, заеднички се придонесува, заеднички се живее, заеднички се поддржува.
5. Мајките во дадениов момент во државава едноставно се попосветени родители, мнозинството, не зборувам за исклучоци. Една птица не ја прави пролетта, односно еден татко кој максимално е и еднакво посветен, не оди против фактот дека повеќето мајки се позапознаени и попосветени. Верувај прва би сакала тоа да се промени - со тој со кој би имала дете, очекувам да е еднакво посветен, не да чека на мене да му кажам да смени пелена, рецимо. Или да се гади итн. ситуации кои со свои очи сум ги посведочила од мажи.
Навивам таквото однесување генерално да се промени, нема ништо феминистичко во тој поглед, напротив, не знам што е феминистичко во тоа дека татковците треба да се вклучат еднакво во тоа чување, а не да очекуваат од мајката да ја преземе генерално обврската.
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
559
Поени од реакции
1.093

1 okolu mene nad 90% zenata go iznverila mazot i posle bara pola imot a nema zaedno steknato ni 20% bidejki ziveela kaj mazot i veke se bilo sredeno, iako so rabotno mesto so plata kako mazot..
2.Ovde gore sekade e favoruzirana zenata, mazot ke plaka nad 400 € kolku sto e minimuk ako ne se dogovori moze da izede i 800€, zenata dobiva stan i nadomestoci a mazot treba ostatokot od zivotot da zivee kako rob da isplati..
3. Vo Severna vo Socijalnite ustanovi rabotat poveke zeni drolji ili se na stranata na razvedenite zeni vo sekoj grad zenata ima prednost pri sporot za deteto
4. Edinstveno gi opravduvam zenata koga si go gleda deteto a mazot e kockar, pijanica, kriminalec ima dosta slucaevi...
5. Ima mazi sto si gi gledat decata, osobeno kaj feministki so testosteron mazot e po stabilen i moze da podnese griza....
6.Vo sekojdnevieto ima bezbroj primeri vie na Femina zboruvate kakva boja ima prolivot na bebeto dodeka mazite gi ucat decata posamostojno uste od 2-3 godini...
 
1. Неважно е неверството за делба, но ако веќе сè било средено, не може да добие жената бидејќи тој пред брак средил.
2. Не знам каде е "овде горе" и не сум запознаена со други закони освен нашиот, па не би коментирала, а ако баш имаш некој конкретен закон слободно прати линк, ќе прочитам.
3. "Аргумент"
4. Ок.
5. Ок.
6. Изметот на бебето има огромно значење за неговото здравје кога ќе се роди. Точен пример си зошто не треба бебе да се довери на татко.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.043
Тема како оваа е на место и треба да се разговара полесто за тие случки.
Најлесно е во животот да се забие некому нож. Жените се скоро сите исти ,откако ќе родат се оретврат во чудовишта најблаго кажано.
Најлошите совети доагат од родителите на жената . Посебно ако е таа побогата од момчето леле леле ке ми тријат сол цел живот они колку постигнале.
Животот е чудо ,да гледа да те заебе и насамари оној кој спие до тебе ,живее со тебе ,незнам.
Не треба договор, зошто да им плаќаме на судии и адвокати? Нема да има бракови зошто?
Ќе си се договориме ќе си живееме заедно ќе си имаме деца како дечко и девојка. Западот не е поглуп од нас. Настеадале од такви ,,фини партнери и тоа е.
Рамноправност, еве ви.

Ако беа жените кало баба ми ,да си гледат само фамилијата, ќе успеевме повеќе...
Ама ајде јас сум сепак за денешниот свет да не се жени/мажи туку да си клецка и да си живее заедно, нормално со деца со делено сметки и имот. Сакала Рамноправност? Зошто да ја жениш ? Нека се чуди кога може да ја треснеш.
 
Освен што истиот закон третира исто и вонбрачна заедница, единствено не можете да делите здравствено и да се наследувате еден со друг.
Ако живеете најмалку 1 година заедно, законот таа заедница ја гледа исто како брачната.

Инаку и јас сум за вонбрачна заедница, ако донесат закон како во Хрватска пример, каде што не мора ни да е вонбрачна заедница, туку само изјавуваш дека личноста Трпана ти е партнерка, може да користи твое здравствено. Тогаш уште помалце ќе има правни причини за брак.

Јас би дозволила луѓето да можат да се венчаваат пример во црква без да треба на матичар да одат, затоа што голем дел и заради црквата и се венчаваат. А црквата не сака да им склучи брак без матично, што нема логика.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.043
Јас сепак мислам оти жените збеснаа ,ги растурија фамилиите и браковите, не сфаќајќи дека мора на некој да биде жена а вториот нема да е подобар од првиот. Е тоа што си мајка де,биди и сопруга.
Една судијка ми рече така ;
Јас 40 години работам со разводи, и доколку маж сака развод ,ќе го разубедиме за фамилијата за децата за сопругата за да се смири и ќе се смири ,но кога жена е решена за развод ништо не ја враќа. Вика ,ние жените сме чудо од змии.
 
Јас би рекла дека мажите се поимпулсивни, жените подолго трпат и тлее во нив, кога ќе пукне - пукнато е и нема назад.

Ако некој сака развод не можеш со сила да го држиш во брак, маж или жена. Подобро развод него да се заедно и да се мразат меѓу себе.
 
Зависи, од мое искуство и видување, имам многу да кажам.
Само, треба да ни дојде умот ,за да ја заокружиме темата.
Сега со години до крај на животот кај нас не влегуваат во брак ни мажи ни жени.
Што е причината? Е таа шо ќе ти каде џерот и ќе ти земе се. А зошто да ја жениш. Ќе си шеташ ќе си уживаш ,2 вонбрачни и пуно здрвје. Нема купа фамилија е нема,ама нема и нервози.
Нема грешка ,едвај си стекнал имот па ќе делиш.
Затоа шо ти почитува родители, тебе.?хм
 
Јас не знам за твое искуство и не можам да коментирам, но да, ако живееш во брачна/вонбрачна заедница СТЕКНАТОТО во тој период се дели, не само твое - и нејзино исто.

Не знам која генерација си, моја доста има што имаат вонбрачно деца и гледам дека океј функционираат, макар живеат заедно, па истиов закон ќе се однесува и на нив ако се разделат.

Причини зошто некој некого ќе остави има многу, работи кои ти ги сметаш за нормални, јас може да ги сметам за ненормални и така да се вртиме во круг.

Важно е со партнерката да си на иста страна и во ист правец да гледате, на друго тури пепел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom