ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Уставно право сите професори го делат материјалот на 2 дела и се полагаат посебни испити за 2та дела?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.870
Поени од реакции
11.490
Уставно право сите професори го делат материјалот на 2 дела и се полагаат посебни испити за 2та дела?
Нас Марика не ни спомна ништо, а колега од втора што му предавала ми кажа дека им го поделила. Ќе ја прашаме па ќе видиме.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
До сеа сите професори и уставно и политички систем испитот на два дела го делеа.

Него споделете нешто за Шумановска-Спасовска и за Каневчев :D
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
4
Поени од реакции
1
Ако може некоја информација повеќе за Т. Гроздановски (економика) и И. Додовска (современа европска и македонска историја) :unsure:
 
Член од
2 јануари 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
ovako, mi trebit nekoj podatoci zaa dogovor za prevoz preku vozdusen pat neam pojma so pretstavljat to go najdov vo zakon za obligacioni odnosi premn e dolgo i mi trebit neso skrateno da podnapisam -.-
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Каламатиев ти е најозлогласен на целфакултет
испитите се писмени и се фаќаат за секоја греска ЗРО набубај си го на ппамет цел and hope for the best. Не дава 1 бод ако ти фали за 6ка. Не дава да доодговараш за истиот бод ако те немало на списоци од предавања бла бла. Учи и тоа што ќе речат дека не спаѓа во испитна литература.
Миџкович кул чоече. Асистентката ги спроведува испитите и активност дава. (лесно)
Борче истото од учебник го збори, испитот е писмен кај асистентот (учи све болд)
Дејаноска дере на испит (усен) ама мн е коректна со оцени т.е. реално оценува
Казнено е добра катедрата што има и примери многу ти ја соџвакуваат материјата имаш и практична настава и активност али се исплати да идеш на предавања.

П.С. Се исплати да се посетува настава кај Зороска?
Зороска кажа усно ќе бил испитот, не барала активност ама ќе водела евиденција кој одел на предавања за демек полесно да се поминело. Мое мислење е дека џабе евиденција води, за сите исто ќе биде на испит.

Иначе уште една анегдота за Каламатиев. Му фалеле на некој 2-3 поени за седмица и пошол на допрашување. Почнал да го прашува за нешто надвор од силабусот, овој све испомешал и на крајот го паднал :tapp:
Кога го слушнав ова вчера не знаев дали да се смеам или да плачам. Мој совет земете каква било оценка по Трудово, појдете на терминот за оценки земање, нека ви напише оценка и фаќајте магла дури се нема премислено.
Цела среќа што и предметот и законот се боза, замислете овој да беше во комбинација со на Камбовски книгите :pos:
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
Каде се наоѓа новинарска лабараторија?

ако не се лажам новинарска лабораторија е коа влагаш на факс право е бифето , лево од бифето спроти граѓанско има една како нова училница
--- надополнето: 16 февруари 2014 во 00:50 ---
Ај кажете нешто за предметиве од четврт семестар кој е најтежок/најлесен и за Гоцевски,Каневчев и Јовевски.Само да не е потежок од трети семестар,ко што имам навика како се стоплува времево да цветам ко кокиче има да го наебам хаха:D

најтежок ти е трудово иако изгледа боза, најлесен казено (иако има милијарда страни и фонт 0.7) и семејно
 
Последно уредено од модератор:
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Може некој да ми даде информација во однос на системот на полагање.
Јас сум запишан 2010/2011 ЕКТС,не се замарав многу полагав баш она отом потом,па не сум во тек,сега слушам има некаква промена во бодувањето,то ест веќе не е 70 бода компјутерски туку добар дел од нив ги префрлиле кон усно одговарање?
Прашањето ми е каква е сега хиеархијата околу тоа,како се распоредени бодовите?
И дали тоа важи само за тие што почнале прва година од кога е воведен новиот систем или наеднаш важи за сите или пак постепено ќе ги зафати сите?
 
Најубаво за ова да си прашаш на студентски прашања, ама јас мислам дека по која програма си запишан, по таа ќе гураш. Затоа има уште полагања на есеи и слично. Овие што почнаа во учебна 2012/13 имаа по 2 колоквиуми од 15 бода, и испит од 60 или 70 бода, зависи дали има 10 поени за активност или не. Ние од 2013/14 имаме само еден колоквиум од 20 бода (кој самиот професор ќе одлучи дали ќе ги вметне во финалната оценка или не) и 70/80 поени од завршен испит (кој кај некои професори е писмен, кај некои усен, кај некои и двете :D) и секако 10 поени од активност (ако има, испитот краен е 70 поени, ако нема, 80). Е сега има исклучоци, пример општ дел граѓанско, Тина ни кажа дека поените од колоквиум нема да ги рачуна, 80 поени од усен испит и 20 поени од активност.
 
Член од
3 декември 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0
Колеги малку сум збунет, земав да учам Вовед во право на ЕУ, нели пола од книга на Сашо, пола од Татјана. И ондак земав некои прашања кои се као паѓале, и ги читам прашањава и стварно не ми е јасно од кој материјал ги правеле, ги нема тие информации во книгите:confused: Па прашањето ми е да нема некој дополнителен материјал? Да не се тие безвезе прашања? Дај ве молам нека ме просветли некој?!
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Колеги малку сум збунет, земав да учам Вовед во право на ЕУ, нели пола од книга на Сашо, пола од Татјана. И ондак земав некои прашања кои се као паѓале, и ги читам прашањава и стварно не ми е јасно од кој материјал ги правеле, ги нема тие информации во книгите:confused: Па прашањето ми е да нема некој дополнителен материјал? Да не се тие безвезе прашања? Дај ве молам нека ме просветли некој?!
Тој е материјалот, е сеа зависи кај кој ќе полагаш. Ако полагаш кај Сашо ќе имаш повеќе прашања од неговата книга, ако полагаш кај Татјана обратно.
 
Член од
3 декември 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0
Може некој да ми даде информација во однос на системот на полагање.
Јас сум запишан 2010/2011 ЕКТС,не се замарав многу полагав баш она отом потом,па не сум во тек,сега слушам има некаква промена во бодувањето,то ест веќе не е 70 бода компјутерски туку добар дел од нив ги префрлиле кон усно одговарање?
Прашањето ми е каква е сега хиеархијата околу тоа,како се распоредени бодовите?
И дали тоа важи само за тие што почнале прва година од кога е воведен новиот систем или наеднаш важи за сите или пак постепено ќе ги зафати сите?
Има два нови система од тогаш, не ги знам по стара сум и полагам вонредно. Ако полагаш вонредно предмети можеш да ги полагаш со 80 прашања/бода и 20 бода есеј. Проблем е што ако си запишан ко редовен а сакаш вонредно да полагаш ке треба да си ги презапишуваш по кредити. Најдобро ти е да си прашаш на студентски за подетално.

@bojan Van Burren фала ти!
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Има два нови система од тогаш, не ги знам по стара сум и полагам вонредно. Ако полагаш вонредно предмети можеш да ги полагаш со 80 прашања/бода и 20 бода есеј. Проблем е што ако си запишан ко редовен а сакаш вонредно да полагаш ке треба да си ги презапишуваш по кредити. Најдобро ти е да си прашаш на студентски за подетално.

@bojan Van Burren фала ти!
Па мене ми е најбитно да знам дали тие што се по стара пред воведување на новите системи ќе гураат по старо или не.
 
Последно уредено:
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
Колеги малку сум збунет, земав да учам Вовед во право на ЕУ, нели пола од книга на Сашо, пола од Татјана. И ондак земав некои прашања кои се као паѓале, и ги читам прашањава и стварно не ми е јасно од кој материјал ги правеле, ги нема тие информации во книгите:confused: Па прашањето ми е да нема некој дополнителен материјал? Да не се тие безвезе прашања? Дај ве молам нека ме просветли некој?!
не учи од прашања зашо црно ти се пишува на колоквиуми
углавно све е од Договори и датите сите учи ги
 
Kajgana Shop

На врв Bottom