Никогаш не сум имала врски и секоја оценка е моја и комплетно заслужена. Никогаш не сум имала потреба да фаќам врски, ниту пак сум сакала.
Се гордеам со моите оцени, кои иако можеби не беа сите 5ки и не поминував скорс одлична, но барем знам дека тоа се мои оцени.
Инкау порано ми паѓаше малце криво што јас се утепував од учење за 5ка по некој предмет, а некој ќе си се зезаше и пак ќе добиеше 5ка пошто мајката работела онде, таткото и бил ова итн.
Во последниве 2 години воопшто не се замарам за тоа дали некој има врски или не. Секој со својата среќа и начин на снаоѓање, што би рекла јас. Знам дека тоа што сум го учела, сум го учела за мене и знам дека ако имам квалитети ќе успеам во животот и за тоа не ми се потребни никакви врски.