nE0n1nja
Eat nerds get shredded
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 3.468
- Поени од реакции
- 3.270
Што поздравуваш? Покачувањето на данокот за три пати, или тоа што општина Охрид прва го спровела законот? Ако е второто тоа е небитно и не е тема на муабетот. Јас не ја нападнав општината, тука во темава прашав зашто во Охрид имам стан, а и не знаев дека општо данокот секаде се покачува.Не знам шо е нејасно. Збориме за данок за стан кој не ти е примарна резиденција. Прашај ги пријателите во Германија да ти го објаснат даночењето во тој случај.
Доколку имаше стан во Крива Паланка наместо Охрид, даночењето ќе ти беше пак исто. Само општина Охрид почна да го спроведува ова порано и е нешто што тотално го поздравувам.
И пак ќе кажам, даночењето за стан кој не ми е примарна резиденција ми е јасен и секако и до сега плаќав дупло поскап данок. Проблемот е во преку ноќ покачувањето за три пати повеќе од досегашното.
Абе лом го направија Охрид, маркици фрчат на сите страни, згради огромни бутаат во секое ќоше, цевки водоводни пукаат како од шала... До сега летово 5 пати во рок од 2 ипол месеци снемуваше вода и тоа со саати, еднаш цел ден од сабајле до полноќ.Прашање е дали секаде се наплаќа три пати поголем данок доколку не се користи станот. Прашање е и за што се користат тие пари, која е користа од тие пари. Не е логично да се качи три пати данокот, а да не припремаат дека канализацијата ќе оди директно во езерото. Не е логично до последен момент да се растрчуваат и да прават маркетинг кој најмногу допринел за некоја манифестација. А, цените на становите секаде се покачени, каков и да е данокот.
Инаку, се согласувам дека Охриѓани на некој начин страдаат заради туризмот. Плаќаат скапо живеење преку цела година, скап м2, скапи услуги, скапи производи. Сега дознав за уште една категорија: купени станови со по два сопственика на еден имотен лист. Секој од сопствениците, кога ќе сака да го продаде станот, мора да бара согласност од соседот, со кого го дели имотниот лист. МВР не им издава лични карти и, тие луѓе ќе бидат принудени да плаќаат поголем данок, како ние, за "викендашките" станови
Кај Тамарото на улица АСНОМ огромна зградуретина се спрема, пола улица ја срушија, цело лето е непроодна. Тука близу до мене протестиравме да не се гради, ама џабе, ја збутаа. Становите зјаат празни, непродадени, ама битно да се гради. Па сега уште и плаќај 7000 и кусур данок.