Охрид

Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.914
Поени од реакции
1.766
https://youtu.be/CdCBTj1zmr0
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
https://youtu.be/CdCBTj1zmr0
Спектакал невиден до сега.
ОХРИД НА НОЗЕ.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
... првите почетоци на трубадурските ноти ненапишани туку само самоуко (не знаеле да читаат ноти) изведено во Охрид биле на виолинистот Климе Садило и Тајфата- „Садиловци“ !

1574603931294.png

...во срцето на стариот град во Варош, по тесните улички со многу кафеани се слушало охридски староградски песни за Деспина, Билјана, Антица, Фросина!
и тоа, Наум Курте, Паско Пепелко и Димче Карче свиреле на лаута, а повремено со нив бил и Кирил Кузманоски-Катиљ, виолина, подоцна на местото на Карче дошол Мехмед Утчи, а во оркестарот го вклучиле и Ѓоре Чочег со дајре чиј широк репертоар од македонски, српски, бугарски, албански, влашки, турски песни ги направиле бесмртни !


... денес тие песни ги пеат нови трубадури наследници на традицијата на некогашните „Садиловци“ - „Охридски трубадури“ на покојниот Стојан Златаноски и ансамблот „Билјана“, предводен од исто така покојните Сотир Димитровски - Ѕингл и Кузман Поп Стефанија!

1574604798643.png

... со заслуга од музички љубител од Јанковец, излегла лонг плеј плоча со „Садиловци“ и тоа на Бродовеј во Америка, продадени во големи тиражи што немало повратно ништо кон фамилијата Садило!


...од осумте деца на Климе Садило жива се уште 82-годишната ќерка која се присетува на својот татко Климе Садило кој свирел виолина со лева рака и со право многу разочарана зашто Музејот од Охрид и Министерството за култура не одвојуваат средства и да ѝ ги откупат инструментите на кои местото им е во музеј, за да сведочат во иднина за богатото музичко минато на Охрид и покрај нејзино настојување?

1574606196819.png

... а ние? дали ние другите ја знаеме ова сторија, еден македонски белег што треба да има свое место во Музејот?
... што прави Министерството за култура што и кого финасира? има потреба да дадам пример колку пари има дадено за други минорни и смешни работи како жими „субвенции,, или за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година по дејности и области, зарем е можно да се има конкурс за бодирање на ваква македонска историја и охридско обележие во светот на музиката ?

...но ете еден мал мој допринос да се спомне ако веќе немам друга моќ!

П.С.
...се мислам што „к..“ прави градоначалникот на Охрид? јаде пастрмка во некои охридски ресторани и мува не го лазе, што знае тој што е култура и охридско минато сплотено низ староградски музички ноти ќе му каже ли некој за да некој народ постои мора да има свое минато, кое треба да се негува ??!
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.414
79953950_456991451887282_3500849566914183168_n.jpg

Од ко воведоа зонско секој ден е вака. Ова е во една од уличките кај полигонон, башка е и слепа. Ај шо не мојт чоек да влезит дома, ама еднаш ќе требит да поминит Брза помош или Пожарна и џабе ќе е се.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
... првите почетоци на трубадурските ноти ненапишани туку само самоуко (не знаеле да читаат ноти) изведено во Охрид биле на виолинистот Климе Садило и Тајфата- „Садиловци“ !

Прегледај го приврзокот 223123

...во срцето на стариот град во Варош, по тесните улички со многу кафеани се слушало охридски староградски песни за Деспина, Билјана, Антица, Фросина!
и тоа, Наум Курте, Паско Пепелко и Димче Карче свиреле на лаута, а повремено со нив бил и Кирил Кузманоски-Катиљ, виолина, подоцна на местото на Карче дошол Мехмед Утчи, а во оркестарот го вклучиле и Ѓоре Чочег со дајре чиј широк репертоар од македонски, српски, бугарски, албански, влашки, турски песни ги направиле бесмртни !


... денес тие песни ги пеат нови трубадури наследници на традицијата на некогашните „Садиловци“ - „Охридски трубадури“ на покојниот Стојан Златаноски и ансамблот „Билјана“, предводен од исто така покојните Сотир Димитровски - Ѕингл и Кузман Поп Стефанија!

Прегледај го приврзокот 223125

... со заслуга од музички љубител од Јанковец, излегла лонг плеј плоча со „Садиловци“ и тоа на Бродовеј во Америка, продадени во големи тиражи што немало повратно ништо кон фамилијата Садило!


...од осумте деца на Климе Садило жива се уште 82-годишната ќерка која се присетува на својот татко Климе Садило кој свирел виолина со лева рака и со право многу разочарана зашто Музејот од Охрид и Министерството за култура не одвојуваат средства и да ѝ ги откупат инструментите на кои местото им е во музеј, за да сведочат во иднина за богатото музичко минато на Охрид и покрај нејзино настојување?

Прегледај го приврзокот 223129

... а ние? дали ние другите ја знаеме ова сторија, еден македонски белег што треба да има свое место во Музејот?
... што прави Министерството за култура што и кого финасира? има потреба да дадам пример колку пари има дадено за други минорни и смешни работи како жими „субвенции,, или за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година по дејности и области, зарем е можно да се има конкурс за бодирање на ваква македонска историја и охридско обележие во светот на музиката ?

...но ете еден мал мој допринос да се спомне ако веќе немам друга моќ!

П.С.
...се мислам што „к..“ прави градоначалникот на Охрид? јаде пастрмка во некои охридски ресторани и мува не го лазе, што знае тој што е култура и охридско минато сплотено низ староградски музички ноти ќе му каже ли некој за да некој народ постои мора да има свое минато, кое треба да се негува ??!
Може и точка понекад на крај од реченица, не мора извичник и прашалник буквално на секоја реченица да се става.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Може и точка понекад на крај од реченица, не мора извичник и прашалник буквално на секоја реченица да се става.
...благодариме на примедбата, добро е кога Анон се занимава со органски компир, да ти доброволно (или по директива?) ја превземеш заложбата на Кајгана форум за точките и запирките на бијонс! :smirce:
 

storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Прегледај го приврзокот 225565

Од ко воведоа зонско секој ден е вака. Ова е во една од уличките кај полигонон, башка е и слепа. Ај шо не мојт чоек да влезит дома, ама еднаш ќе требит да поминит Брза помош или Пожарна и џабе ќе е се.
Опули го, Скопјанишче е. Хахахахха :vozbud:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.914
Поени од реакции
1.766
Прегледај го приврзокот 225565

Од ко воведоа зонско секој ден е вака. Ова е во една од уличките кај полигонон, башка е и слепа. Ај шо не мојт чоек да влезит дома, ама еднаш ќе требит да поминит Брза помош или Пожарна и џабе ќе е се.
1-Треба пајакот да им ги кренит сите по ред и казни по 200 евра.
2-Сите шо прает куќи или куќарчиња да си напрает гаражи на своето место а не бавча,дуќанче или апартмани.
3-Општината треба да исчистит све од тука.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.414
1-Треба пајакот да им ги кренит сите по ред и казни по 200 евра.
2-Сите шо прает куќи или куќарчиња да си напрает гаражи на своето место а не бавча,дуќанче или апартмани.
3-Општината треба да исчистит све од тука.
Пајакот не можит ни да влезит во улицава ко прво. Башка од сите овие паркирани, дали 1 или 2 коли се на луѓе шо живеет во улицата. Се друго нашло гага паркинг и се тупнало.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.914
Поени од реакции
1.766
Пајакот не можит ни да влезит во улицава ко прво. Башка од сите овие паркирани, дали 1 или 2 коли се на луѓе шо живеет во улицата. Се друго нашло гага паркинг и се тупнало.
Можит,ке почнит од првата кола.
Автоматски споено мислење:

toa e ul Strašo Pindžur?
Мислам дека е таа.
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Ќе ве замолам за неколку одговори во врска со паркирањето во Охрид. Имам резервација за 31ви во Хотел Royal View Vila на кејот покрај Охридското езеро, па ме интересира за паркинг. Веројатно би стигнал околу пладне 12:00 часот а би заминал попладне на 1ви Јануари. Колку ќе ме чини паркинг, дали има врска зонско па да не може да ја оставам колата цело време таму и дали на 1ви (дека е неработен ден) се плаќа паркинг? Или да ми предложите подобра солуција каде поефтино и побезбедно да ја паркирам колата.
Однапред Ви благодарам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom