ОХРИДСКИ ПУФКИ ( ЏИМИ )
Абе не вервев. Жими цел оптимизам за европска Македонија не вервер. Не дека имав сомнеж, бев оптимиста, не провејвеше во мене ниту помалку помалку оптимистичко расположение, а до олку дека Охридов е спремен да понудит забава...јок...не вервев. Абе ова нашиов град шо го прајт за забава и на туристиве и за нас домородциве, градот музеј, нишалка или лулка (как се викат незнам) на старословенската писменост (која писменост??) и култура ( КУЛТУРА ???!!!!), градот заштитен под или над УНЕСЦО незнам, немојт никој. Скопје главниов град наш, шо за некого е држава, аку ја имат плажана од Коцета. Абе не мојт на например, например.....велеградон Ресен, шо им се напраја јаболкана џус од стоење. Е не ќе праќет Словенија два шлепери јаболка, а назад комбе џус. Пффффф. Не ми се вервит море ни Виница дека мојт ова да го напрајт.
Ова нашево е невидено. Не само шо имат забава во Охрида града ами имат традиционална забава. Од авион да падниш ( скраја да е ) одма ќе се речиш: Да ...ова е охрид. То се познават и по хранана и по песнине, абре по све. А и морам да кажам рака на нога све си е организирано испланирано....ко под конец за крпење онај. За да не бидит само од слушање дека јадам трици или чмаративни одпадоци излегов и видов. Видов и се прерадвав. Ко се прерадвав морав да закачам два линекса зжш од радост ќе морав да се вратам да се заплакнам.
Пред да стигнам на плоштад си купив охрдски пуфки. Како ами. Ние охриѓинаве само пувки продаваме. Грицкам и прво се соочив со македонското сточарство и ги видов оние двене змии шо ги имат како заштитен знак во секое Македонско поле. Не застанав да се сликам зжш за нас е нормално то, во секоја штала ги имат. Туристиве си се сликет. Ам како. И ко че се вратит например Словенија и ко ќе ја покажит сликата одма ќе му речит комшјата:...." Ауууууу македонскоу змивчеки. Биу си в Макдонијо а?". Како ами.
Стигвам на плоштат...а таму...а таму.....воооууууууув она песнана шо ја пееле ко се жнеело по нивине, стара традиционална македонска, ко масажа за ушево: ".....главобоље од винаааааааааа а нигдеее аспиринааааааааааа....."....бре шо ти е Охридов тусистичка понуда. И не само за ушево и за очиве. Облечено момево шо пејт в традиционална македонска носија: сукњиче две педи под папукот, и се гледет она гашчине со една црта напикана во газон....абе како тогаш зжш биле сиромашни и на нива така работеле. Абе се скренав да незнајш која македонска песна да слушаш.
Не оти требит да ојш негде, само опаааа за 180 степени се вртиш лелееееее луѓеееееее...Слушам стара македонска љубовна песна....Ах....Онаа ја знајте со тажен крај. Ам таков ние нас, на македонциве крајот. Ко рсна едно друго моме, ама само со плешта свртено на ова и рече: "...Отишоооооооооо сиииииии али сарму пробооооо нисиииииииии....". Леллеллеел ми идет цигарево во око да со ги згаснам од среќа. Тооооооо. Абе како оние тутуруткине шо се препинаме на нив, оние со клинци шо ги акнаа по раскрсницине, да ме заковаа на плоштат пак ќе го изиграв традиционалното пајдушко македонско. Ам море не мојш да си равнодушен.
Да не ми пукнит срцево од радост се тргам на кај муренкана. Не оти одев многу. Еден чекор. Лелееееее. Кај се мрднав мрднат да останам. Уште по традиционална песна македонска. Не срцево....ами бубрезиве ми заиграа со си мочоводни каналчиња....Пак љубовна, стара македонска ама повесела ...опааааа......"не смееее без грешни но сме истинскиииииии, обичамм и тези де то ни напаадаааат." Е ова веќе е староградска, охридска, трубадурска. Асли наша. Пепознатлива. И од Јапан да си, да не речам од Окинава, ќе познајш дека си во Охрида града, града на Климента и Наума. Ептем чалгиски песни. Еее време ни требеше да сватиме дека ова е она.
Ко прам чекор прав прав угоре вуспич , на кај рибнион лелелелееееее. Џанам фестивал на стари макдонски песни. Оваа нај содржајна: " ...и ти сииииииии мени отела детеееееее и сада ја сузама лепим тапетеееееееееееее.....". Крај. Ова го сакам. Се расплакав. Ред солзи ред мрсули.
За да не приметет дека сум тажен ојдов на она боксон манав неколку бокса и ми помина. Мада очеквев како во секој туристички град, не панаѓурски град, туристички, да го сретнам и бикон да му стегам рогојне. Немаше бик. А да имаше можев да стегам колку сакам. Имав два линекса закачено.
И се подизнервирав. Како можит во Охрид да немат бик. Ко го имат во секоја штала во македонскиве села. Да немат она со чекан да маваш. Да немат рингишпил во центар. Да немат охридски банџи......Покрај сите овие песни македонски, традицинални, си имат македонска лесковачка скара, амерички крофни, турска баклава, кај да влезиш ќе најш староохридска бечка шницла, староградска капричиоза....а ете еден детаљ се заборајл. Бикот. Не за друго. Не само шо ќе му ги стегав рогојте ами ќе можев да му ги тинтрам мадињата. Како скопјани на букефал. Ам како. То е стара македонска традиција. Тинтрање мадиња.