Охрид со долгови над глава

L

.Lost Angel.

Гостин

Општината која остварува највеќе приходи од туризам има блокирана сметка и по разни основи должи повеќе од 7 милиони евра.
Ова го утврди Државниот завод за ревизија по направената проверка на работењето на локалната самоуправа во македонскиот туристички центар, Охрид.
Ревизијата покажала дека Општината која угостува над 100 илјади туристи годишно не остварила ниту еден денар приход од паркинг, иако во екот на летната сезона, за еден час паркирање, туристите плаќаат и по 100 денари.
Покрај ова, во финансискиот извештај на општината стои и дека не е остварен ниту еден денар приход од издавањето на простор за поставување реклами и времени објекти, а ревизијата открила и дека Петрески не го пријавувал приходот кој го остварувал наплатувајќи го просторот кој кафулињата и рестораните го користат како летна тераса.
Ревизорите утврдиле и дека со цесии и компензации, охридскиот градоначалник ја заобиколувал блокираната сметка на општината, што е спротивно на законот.
Петрески сега ќе мора да објасни, како со над 100 илјади туристи годишно, балканскиот Ерусалим е во долгови до врат.
Јавноста сака да знае и зошто во општинскиот буџет нема ниту еден денар од приходите остварени од градскиот паркинг и издавањето на просторот пред угостителските локали, како и на чија сметка завршиле овие огромни суми на пари.
Наместо одговори и план за излез од долговите, Охридскиот градоначалник пред неколку дена излезе со досега невидено решение... ќе наплаќал за влез во градот.

Ете сега можете да видите и зашто ќе има рампи пред Охрид.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.046
Поени од реакции
15.014
епа драги Македонци во знак на солидарност одете во Охрид наместо да бидете солидарни кон Атињаните и да одите на купување во Солун, зашто во Охрид ем е поскапо, ем поризично....ем летувајте дома
лулка на туризам
Вива ла Орид.....
***
малку да се заозбилиме....
тоа значи дека охридската администрација нема земено плата, зш приходите ги лапнала матната.
нема приход од паркинзи ова она....
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
епа драги Македонци во знак на солидарност одете во Охрид наместо да бидете солидарни кон Атињаните и да одите на купување во Солун, зашто во Охрид ем е поскапо, ем поризично....ем летувајте дома
лулка на туризам
Вива ла Орид.....
***
малку да се заозбилиме....
тоа значи дека охридската администрација нема земено плата, зш приходите ги лапнала матната.
нема приход од паркинзи ова она....
Дел од Охридската администрација веќе втора година работат како на пракса со ветување дека некогаш ќе добијат и решение, ама битно 2 пати досега гласаа на избори :D

Паркинзите се издадени под концесија.Аце е цел ден в кафана.Пари немат, рампи ќе креват :pos:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Сега нека лупнат плаќање и за шетање низ градот преку ден, да ги извадат парите за да платат долгови. Затоа тие рампи ставале. :pos:
Ништо чудно и да поскапат рампите.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Драги градоначалниче вие кажете дека сте во долг ние немаше да се лутиме за тие рампи, секако сега ставајте ги рампите во секоја населба дури и на плажа нека има нека се знае кој е газда, сега сите кои што одат на одмор надвор од Македонија ќе летаат за Охрид се со цел да се врати Охрида града во нормала, после пак речете нешто...:pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Бидете солидарни, дајте милостина за Ацета наш :pos:
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Оооо... за малце ќе ми паднеше жал за глупоначалникот ... нот.

Ако не си ги лапнал овој или ги скурцал на правење чалам, еве на.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Управава на Охрид е бетер него на серијана Spin City.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Рампи ставам, пари вадам.. тннннн
Не сме глупи ние, не сме глупи! тннннн .!.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Мислам дека градоначалникот нема потреба да објаснува, марица во 5 сабајле и нека каже Зошто е куфер празан?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom