L
.Lost Angel.
Гостин
Општината која остварува највеќе приходи од туризам има блокирана сметка и по разни основи должи повеќе од 7 милиони евра.
Ревизијата покажала дека Општината која угостува над 100 илјади туристи годишно не остварила ниту еден денар приход од паркинг, иако во екот на летната сезона, за еден час паркирање, туристите плаќаат и по 100 денари.
Покрај ова, во финансискиот извештај на општината стои и дека не е остварен ниту еден денар приход од издавањето на простор за поставување реклами и времени објекти, а ревизијата открила и дека Петрески не го пријавувал приходот кој го остварувал наплатувајќи го просторот кој кафулињата и рестораните го користат како летна тераса.
Ревизорите утврдиле и дека со цесии и компензации, охридскиот градоначалник ја заобиколувал блокираната сметка на општината, што е спротивно на законот.
Петрески сега ќе мора да објасни, како со над 100 илјади туристи годишно, балканскиот Ерусалим е во долгови до врат.
Јавноста сака да знае и зошто во општинскиот буџет нема ниту еден денар од приходите остварени од градскиот паркинг и издавањето на просторот пред угостителските локали, како и на чија сметка завршиле овие огромни суми на пари.
Наместо одговори и план за излез од долговите, Охридскиот градоначалник пред неколку дена излезе со досега невидено решение... ќе наплаќал за влез во градот.
Ете сега можете да видите и зашто ќе има рампи пред Охрид.