Охрид дупло поскап од Бугарија и од Грција

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.022
Поени од реакции
1.282
За интервјуа на телевизија и репортажи никој не ги дига ненормално цените ама кога ќе отидеш таму сосема друга слика.Лошо е што самите охриѓани си ги бркаат туристите стават високи цени за глупости и после кога сите одат во Грција па се лутат.Епа не оди тоа така.Наместо да им текне дека Грција е тука некаде со цените и да направат нешто да одлечат туристи во Охрид,тие прават спротивно.Има чесни исклучоци и таму ама треба да ги знаеш ако не џабе.Нека каже кој што сака ама Охрид е скап.Ако на друго место има подобри работи за истите пари секако таму ќе одам.Нема и јаре и паре
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143

4 год поред одам на одмор за Охрид... можеби сум пишал и во некој претходен пост, но не се сеќавам што и какви забелешки сум давал.. Сега во моментот би сакал да си ја олеснам душата па и да се потсетам на неколку работи врзани за таа тема.
1та год. ми беше можеби и најубавата. Со шетање го проучував градот, кафичите, хотелите, сендвичарите, плажите... Цената што ја плаќав тогаш беше само 300 ден. а местото беше одлично, на само 10 мин до чаршијата и 5 мин одалеченост од езерото. Како што кажа некој друг член пред мене истото мислење и јас го имам за таксистите, за некои алчни луѓе кои гледат од џебот да ти ги земат парите, другото се беше Ок.
2та год. Исто така бев на исто место, во истата куќа... газдите беа одлични, неможам ни 1 лош збор да кажам за нив, и ден денес имам желба да им се јавам да ги прашам како се, дали се добри, дали се задоволни оваа год. Но таа год не се погодија добри временските услови и од 10 дена што бев на одмор 3 дена бев на плажа а 7 дена врнеше дожд и беше ладно.
3та год. Сакав да го сменам местото на престој... малку заради промена, да не е секоја год иста... разгледував на пазар3 огласи.. ми се допаднаа неколку се јавив, се договорив и тргнавме за Охрид. Стигнавме таму и му се јавуваме на човекот да не пречека, да не однесе оти ние незнаевме каде е таа куќа, го чекавме речиси 1 саат а ние изморени од патот (Од Струмица) неможеме веќе да стоиме а не па куфери да макнеме.. Биде што биде дојде човекот не однесе по некои тесни улици,,, (во огласот му пишеше на само 5мин од чаршија) а тој не однесе речиси 2км одалечено од чаршијата.. добро не беше ни тоа голем проблем.. одиме да видеме каде ќе спиеме, каде ќе престојуваме и неможам да си верувам на очите... ми покажува собичка 2м на 2 со еден голем кревет и една тераса која беше неисчистена како год год никој да не излегол на неа... Сликите што му беа на огласот беа други и лажни. Најнормално јас одбив да спиеме таму а цената беше 350. И каде сега да одиме.. останавме на патот... Почнав да се јавувам на некои други броеви што ги имав во мене запишано од пазар 3 и се погоди само 1 слободно место... одиме таму што да видеме... како ѓупци да сме... не однесоа на едно место каде што нема ни продавница леб да си купиш. Се разочарив, си мислев уште 1 пат не доаѓам тука на одмор. И што да правам сега... само се шетаме околу Охрид и со нас ги носеме куферите... Ми текна за жената што бевме кај неа претходните 2 год и се јавив, таа се изненади и одма ни најде место кај нив. Ни излезе жената во пресрет, многу ни помогна...
4та год како што кажав не сакав да одам за Охрид па така и беше. Најдовме место во Езерски Лозја... плаќавме 350ден од вечер а собата беше со тераса со поглед кон езерото, имаше сопствено вц... за тие пари Одлично ! Превозот ни беше до Охрид па моравме од Охрид да одиме до Езерски Лозја.. изморени од патот се одлучивме да одеме со такси од тие кај автобуска.. и до Езерски Лозја ни зема 400 ден !!! Нема што да се расправам... на одмор одам... биде што биде... Бев за Струга, но мислите пак ми беа во Охрид. Не е можно да одам до Струга и до Ез. Лозја а да не одам, барем на прошетка во Охрид. Се одлучивме да одиме една вечер и оти немам сопствена кола моравме да чекаме превоз и се враќа еден таксист од Струга празен за Охрид, не гледа оти чекаме и не вика.. ајде ако сте за Охрид.. јас го прашувам по колко пари до таму (ние бевме 2ца) и вика по 100 ден од човек !!! Он мисле јас 1 пат одам за Охрид и ако може ќе ме олупи... јас одбив и ми вика ај по 50 од човек ! Тоа е тоа од Охриѓани... Стигнавме во Охрид купувам крофни.. оште не ми ги дале а терат ми пари.. не ми дават ни 1 салветка да се избришам... одам да јадам гиро во раката држев 1.000 ден и чекав ред и една келнерка ми доаѓа и ми дава пари!? Мене ми е чудно.. викам што и е на оваа и гледам ме гледа во раката... видела оти држам 1.000 ден и ми враќа кусур а јас оште си чекам ред ... Значи до толку алчност не сум видел никаде на друго место.
Има уште неколку интересни случки кои ми се случија но оваа никогаш нема да ја заборавам. Во Струга одам во сендвичара и ми дават Мени на Албански... па добро бе мајка му стара.. во Македонија ли сум во Албанија ли сум.. Кога се возев со комбињата до Ез. Лозја сите зјапат во мене како да сум паднал од Марс.. !? како човек да не виделе!?
Криво ми е што ќе ги навредам малку со овој пост неколку форумџии од Ох. кои испаднаа одлични другари и ме пречекаа како што треба и многу им фала.. за нив секогаш ќе бидам на располагање и во добро и во лошо... се знаат тие кои се :)
Оваа год се одлучив да одам за Грција... така да оваа год ќе ја прекинам серијата од 4год во Охрид :)
 

Тетреб

Археолог
Член од
30 март 2011
Мислења
24
Поени од реакции
13
Викате Охриѓаните сами си се криви што немало гости, дека ги лупале цените до несвест. А дали знаете дека 80% од дискотеките, кафичите, рестораните и хотелите во Охрид се во сопственост од разни бизнисмени од Скопје и други градови?
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Баш ме интересират овај дрвениов ни градоначачник како ќе средел се...Или ко давал изјава не му текна кој сé се 'газди' на тие плажи.
море шо викаш треба палми ко Коце Шупелкана да стави по кеј може ќе се зголеми бројот на туристите
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
не е се во цените, дал е Охрид поскап ил поефтин од БГ ил гр
охриѓани треба прво и основно да се научат на љубезност- тоа им недостига
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
не е се во цените, дал е Охрид поскап ил поефтин од БГ ил гр
охриѓани треба прво и основно да се научат на љубезност- тоа им недостига
Ако се научат нељубезните охриѓани на љубеност ќе треба и нељубезните туристи да се научат, а тука мислам дека ќе нстане проблем.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Ако се научат нељубезните охриѓани на љубеност ќе треба и нељубезните туристи да се научат, а тука мислам дека ќе нстане проблем.
нормално- обострана љубезност
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
а кога барате соба дали гледате категоризација некаде ... има табли на објектот каде е покажано колку звезди е смештајот ... не е само сместисе некаде, кај првиот што ќе те понуди со соба ...
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Дали знаете дека е во план ваква ствар за плажите во Охрид од наредната година...



Кога веќе не можат да го наплатат воздухот може да се воведе Плажарина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom