Охрид дупло поскап од Бугарија и од Грција

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Не ви се здосади бе истиов муабет секоја година? Комедија еј. Едни смешката со ѓаолот, други "ај Струга", трети тресет цени на сон шо им дошле, останатите вака ко мене нешо...

Ој бе легнете си и така мајка ви подалеку од куре до маде не ве пуштат.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Охрид последниве неколку години не инвестира во инфраструктура и во нови капацитети а сака туристи. Останаа дечиштата во Охрид и фала богу дека по тие цени ќе се одиме во околните земји па и не за друго море и езеро се споредува?
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Па и вреди, кај има да те пречекат на автобуска одма да ти понудат смештај у строг центар, СИТЕ се у строг центар шо е најбитно а и услужливи и фини се луѓето никогаш не напаѓат туристи добро де тој србинот што го убија несакајки само и бугарите што ги удавија... ама не е битно тоа битно ОХРИД ВРЕДИ! :)
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
на Охрид му вреди историјата...народот е 'чурук'
нема понашање.......ко да се над земјата...........
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Не ви се здосади бе истиов муабет секоја година? Комедија еј. Едни смешката со ѓаолот, други "ај Струга", трети тресет цени на сон шо им дошле, останатите вака ко мене нешо...

Ој бе легнете си и така мајка ви подалеку од куре до маде не ве пуштат.
ova ti e navistina jaaaaako.

:aplauz:
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Ој сеа таксистите до свети наум за 20 денари возат...... у двата правци :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.921
Поени од реакции
11.721
Нека го средат варошон и месокастро да имам кола кај да остаам, па може ќе наминам кај роднините, иначе не.
А да, и нека го излечат комплексот "скопје", зошто ако ние сме педери, ондак нека не ги праќаат сестрите овде на одржавање :icon_lol:
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Поради тоа што отворив тема околу актуелната состојба и охриѓаните кои се занеле со нивните цени и ми ја затворија темата поради тоа што постоела веќе таква, се надевам дека оваа е таа тема, па дискусијата можеме да ја продолжиме тука.

Во Вест прочитав дека барале 150 денари САМО за лежалка

Речиси сите 18 охридски плажи што се издадени под концесија се прекриени со пластични лежалки и чадори за сонце, па за летувалците што сакаат да лежат на пешкири нема место
Туристите што летово ќе одмораат на охридското крајбрежје ќе мора да закупат лежалка ако сакаат да се сончаат на плажа. Речиси сите 18 охридски плажи што се издадени под концесија се распослани со пластични лежалки и чадори за сонце, па за летувалците што сакаат да лежат на пешкири нема да има слободно место.

Туристите сметаат дека на овој начин концесионерите на плажите ги прекршуваат договорите за концесија, каде што е потенцирано дека плажите треба да бидат опремени со опрема, но треба да имаат и слободно место за туристите што не сакаат да користат лежалка.

- Влезот на плажа е бесплатен, но ако седнеш на песок, веднаш доаѓаат и ти велат дека мора да земеш лежалка ако сакаш да седиш на нивната плажа. Но да е закупот на лежалка со некоја пропишана симболична цена, можам да разберам, но да платиме за една лежалка од 100 до 150 денари е неприфатливо. Но едно четиричлено семејство не може да седи на една лежалка и мора да земе најмалку две лежалки, а тоа ќе го чини прескапо - вели една повозрасна туристка од Скопје.

Странските туристи се незадоволни

Туристичките работници се согласуваат дека има угостителско претерување на плажите во Охрид. Од година на година се пренатрупуваат со објекти и опрема, на што реагирале и странските туристи, кои во претсезоната престојуваа во Охрид.

- Странците се незадоволни од целокупната ситуација на крајбрежјето што ни се случува. Значи покрај изграденост на објекти, шанкови покрај плажи, па сега и пластични платформи се ставаат во самото езеро. Луѓето кои се активно вклучени во туризмот гледаат на секој можен начин да имаат што поголема заработка, но тоа не е за оправдување - вели Никола Киселинов - Боздоганов од туристичката асоцијација „Билјана“.

Тој нагласува дека во екот на туристичката сезона на плажите се пушта прегласна музика, па туристите што сакаат да се одмораат нема да имаат услови за тоа.

Освен концесионерите, престојот на плажа го условуваат и хотелите кои имаат простор пред самото езеро.

- Доколку не си гостин на хотелот, мора да изнајмиш лежалка, а ако не сакаш, нема да ја користиш нивната плажа. Порано беше поинаку, навистина не разбирам, ги направија плажите како приватна сопственост. Не остана слободна плажа, не верувам дека во другите туристички места е така - ни вели охриѓанец.

Не се почитуваат концесионерските договори

Градоначалникот Алекандар Петрески смета дека треба да се преземат санкции за концесионерите што не ги почитуваат договорите за концесија.

- Не се почитуваат концесионерските договори, тука плажите повторно работат и како ноќни клубови, а не само како плажи, значи работат и по 20 часот. Не се почитува ни редот каде да има лежалки и урбана опрема, значи, со еден збор, не се почитуваат многу работи - вели првиот човек на Охрид.

Тој ветува дека со враќање на ингеренциите на градежното земјиште од централно на локално ниво, Општината ќе стави ред во плажите.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во текот на минатата недела плажите во Охрид и Струга биле предмет на контрола, но не биле утврдени забелешки за пренатрупаност со лежалки и урбана опрема.

- По извршениот увид основните забелешки се однесуваат на обезбедувањето спасители на плажите и обезбедување интернет. Закупците се должни да ги уредат плажите согласно општите, посебните и задолжителни услови предвидени во упатствата и насоките за уредување. Во спротивно, Министерството за транспорт и врски ќе пристапи кон раскинување на договорот за краткотраен закуп на плажите - децидни се во Министерството.

Оттаму нагласуваат дека комисија на закупците им дала насоки за уредување на плажите и коригирање на недостатоците до 5 јули, по што ќе следи нов увид од страна на Комисијата.

Од Центарот за спасување при Црвениот крст од Охрид велат дека само 14 охридски плажи имаат ангажирано спасители на вода, но очекуваат дека до 1 јуни и останатите плажи ќе пројават интерес за ангажирање спасители.

http://www.time.mk/read/7d30b183a7/1e0980de7c/index.html
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Баш ме интересират овај дрвениов ни градоначачник како ќе средел се...Или ко давал изјава не му текна кој сé се 'газди' на тие плажи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
137
Поени од реакции
15
a sega stv preteraa so cenite, nemoze da se najde prikolka za pomalku od 1200 denari, a da ne zborime za vo centarot.... ima nekoj poeftini stanovi za iznajmuvanje no tie se premnogu rekti sve drugo e nad 400... ako mozebi nekoj znae za poevtini prikolki slobodno kazete zashto seushte barame :)
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Премногу е скапо.. Едвај најдовме спиење за 400 ден од кревет сите по 600 бараа.. За пат 1.000, значи 5.000 само да спиеш и пат.. Каде е искачање,такси,јадење.. Испод 15.000 неможеш да поминеш..

Не зафркавајте во Грција е 5.500 пат и спиење.. Охрид е за 500 ден поефтин:eek: али тоа е..
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Од Скопје сум и не мислам дека Охрид е скап. Ако е соба 400 денари по особа нека е толку, ама нека не ми досаѓаат тоа станарите кога ке си донесам женска навечер да си помнам убаво, или нека не ми мрчи за туширањето по доаѓање од плажа. Тие во пинк пантер нека ми го наплатат 100ка хамбургерот ама неко ми го направат за 5 минути не за 35 минути. Така ми направија, се изнервирав и на девојка ми и викам, чекај нека дојде девојкава и таман кога ке ги стави на маса ке си станеме да си одиме, и ке и ја откажеме нарачката.Што да и правам кога гледам дека цигара си пуши а ја дремам пола саат капнат од плажа и чекам хамбургер. Ми се одјаде и и реков у гз да си го пикне и си отидов. Нормално никогаш повеке не отидов таму да јадам, ниту ке отидам.
На мој другар и девојка (плаќаа 450 денари од човек за еден ден) таа сопственичката на станот два три пати им рекла "eми во езероно сте се капеле шо мора и тука да ми трошите", и нормално утредента другаров со женската комплет си го викнав кај мене во истата куќа.
Како да не бегаме од вакви , како? И ај отиди пак наредната година.
А уште нешто, тоа таксистите на автобуска што дрема кога стигнав во охрид и ми викаат 250 денари до горна порта. Тие нормални ли се, среќа девојка ми ме разубеди да не се мачиме, јас иначе запнав пешки торбите на рамо и се заинатив. Какво давање 250 денари, ептен ми падна мака за девојка ми и дека само што сум стигнал на одмор каде треба убаво да си поминам, да се расправам.
Идам на Плаошник и еден странец загледа на тезгите некое ланче. Тоа беше од оние ланчињана по 50- 100 денари што вредат, обични како за сувенир. И женава на Англиски му вика, 20 евра за ланчето.
Ајде и тоа помина, ама затоа оваа година путот под нозе и Албанија. Исто ке ме фати како во Охрид ама сум на море и нема да ги имам овие заебанции со лакомиве Охриѓани.
Секоја чест за исклучоци не е фер сите во ист кош да се ставаат. Имаше една такси компанија стално се возевме, попријатен персонал немам видено, и секаде не носеа по пристапни цени.
Исто така и рестораните прават добра храна, таму работат прави угостители многу се услужливи и немам никаквио поплаки, поготово оние на св. Наум. Професионално си ја работат работата,
Охриѓани беа многу љути на Вип комбињата. Е што мерак ми се правеше кога ке им ги видев фаците. Стига Вип комбето и сите се летаат кај него, и после кој ке остане без место иде кај локалниве, како у смисол ај немам каде па со тебе ке идам, нешто како резервна гума му доаѓа муабетов.
--- надополнето: Jul 8, 2011 10:46 PM ---
 

Kajgana Shop

На врв Bottom