Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
T

Tetro

Гостин
ОХРИД ГИ ГУБИ ТУРИСТИТЕ ОД КОИ ПРЕЖИВУВА

Минимален или никаков раст на бројот на туристи - ова е најпозитивното сценарио кое го очекуваат туристичките работници за претстојнава летна сезона во земјава. Тешката економска состојба, зголемената цена на енергенсите и екстремно евтините пред и постсезонски цени во приморските летувалишта во регионот се главните фактори на кои се темелат ваквите црни прогнози на угостителите од земјава.


Поголемиот број од нив се свесни дека со тоа што не се во состојба да понудат ништо ново дополнително си ја влошуваат состојбата. Но, велат дека финансиски не можат да направат ништо повеќе.
Елида Битрак, сопственик на туристичка агенција која повеќе од четири децении е инволвирана во туризмот, вели дека не може да се зборува за одлична сезона кога во моментов ниту во агенциите ниту во хотелите нема таква атмосфера.

„Дефинитивно не очекуваме раст на бројот на туристи. Ако сезоната ја гледаме по стартот, ќе биде полоша од минатата. Најстрашно е што ги губиме српските туристи од кои преживуваше Охрид во последниве 5 години. Имаме најави само за помали групи. Масовност може да се очекува дури на крајот на јули, но тоа веќе не е сезона туку викенд и празничен туризам“, тврди Битрак за „Капитал“.
И хотелиерите признаваат дека годинава не очекуваат туристички „бум“. Заменик-генералниот директор на Метропол, Филип Мишевски, вели дека на сите треба да им е јасно дека ако има нагло зголемување на бројот на туристи во Охрид тоа сигурно нема да биде оваа сезона.
„Ние го направивме нашето во поглед на промоцијата. Склучивме договори со холандски, фински, српски и грчки агенции, но повторувам, бројот на туристи ќе биде ист или минимално поголем од лани“, вели Мишевски.

УГОСТИТЕЛИТЕ ПРЕЖИВУВААТ - НЕ МИСЛАТ НА ИНВЕСТИЦИИ

Преживување, а не развој е мотото кое туристичките работници од земјава сe посмело го исткануваат во јавноста. Во услови на скапи кредити и крајно неизвесен поврат на вложеното, туристичките работници минимално вложуваат во капацитетите. Сопственикот на одморалиштето Шекерана од Претор, Хикмет Алтинтоглу, единствен поголем угостителски објект на Преспанското езеро вели дека само најсмелите или лудите се одлучуваат да инвестираат во ваков бурен период.

„Однапред се откажуваме од гостите, никој не сака да инвестира во туризмот. Угостителите се плашат да вложуваат во Преспа ништо не е изградено повеќе од пет години, а многу е затворено. Сите сме на преживување и очекуваме со постоечките капацитети да направиме што е можно повеќе, а и сами сме свесни дека тоа ни носи бенефит. Но, за жал, можностите ни се толкави“, вели Алтинтоглу.
И за експертите редовното инвестирање во туризмот е клучно за развојот. Можната стагнација на секторот на подолг рок би се одразило на константно намалување на бројот на туристи кои секогаш очекуваат нови содржини во омилените туристички дестинации.

Професор Науме Мариновски од Факултетот за туризам во Охрид смета дека евидентно е дека сe повеќе се напушта концептот на големите објекти што може во иднина да донесе и други реперкусии.
„Во услови на криза малите објекти се пофлексибилни и единствено кај нив може да има инвестиции. Јасно е дека Метропол или Десарет уште еднаш нема да се изградат, а и нивното одржување е под знак прашалник. Охрид е веќе град на вили и приватно сместување што само по себе ја затскрива реалната слика за бројот на гости за време на една сезона“, вели Мариновски.

КАФЕАНЏИИТЕ ПОМИНУВААТ НАЈЛОШО

Рестораните и кафеаните се најпогодени од намалувањето на бројот на гостите, а и тие што веќе се дојдени гледаат да заштедат на пообилните оброци.
„За нас ќе биде особено лошо, бидејќи групите кои доѓаат мора да спијат во хотел и не мора да јадат кај нас. Исто така, се плашиме од промената на структурата на гостите во Охрид. Јас сум 40 години во угостителство и знам дека секоја година во Охрид доаѓа сe посиромашна и помлада структура на гости, од која ние не можеме да живееме, бидејќи едноставно не е дојдена да троши“, вели Љупчо Патче, сопственик на ресторанот Далга во Охрид.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/85144/ohrid_gi_gubi_turistite_od_koi_prezhivuva.aspx
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
и ете така,прекрасно езеро,историско минато,УНЕСКО директно учествува во креирањето на доброто на градот и околината,арно ама крајно лош туристички менаџмент,ретко да наидеш на гостопримливи луѓе,често ми се случувало да ме гледаат како душман иако го оставав последниот денар од заштедата таму,арно ама скоро заколнат НИКАД ВИШЕ

и тоа со чиста грижа на совест.........
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Фала богу дека нема да имаат
се ифураа ко да мислат дека имаат езеро со златна вода :facepalm:

сместување испод 700 денари нема освен некои од по 300 денари со еден кревет кој мислиш дека ќе се распадне :facepalm:
Веќе сум рекол дека не одам бидејќи изгор скапо е во Охрид а понуда премногу слаба нит асални патишта ниту пак јаки плажи ништо :facepalm: Едноставно Тапа џонсон е ОХрид за тие пари кои ги бараат од Кафани па до хотел и сместување (n)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
и ете така,прекрасно езеро,историско минато,УНЕСКО директно учествува во креирањето на доброто на градот и околината,арно ама крајно лош туристички менаџмент,ретко да наидеш на гостопримливи луѓе,често ми се случувало да ме гледаат како душман иако го оставав последниот денар од заштедата таму,арно ама скоро заколнат НИКАД ВИШЕ

и тоа со чиста грижа на совест.........
Не си ни прв ни единствен (y)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Нека ги зголемат уште тро цените и ќе врие од туристи.
Башка треба да се подрски спрема туристите и да не се грижат каков впечаток оставаат.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
,,Ак не ви чинит не идајте".

И луѓето више не идат...
Аха... камо да беше така.
Истиот муабет, дека веќе не стапнуваат во Охрид, го прават истите луѓе секоја година на истиов форум... (не мислам на тебе, не го сфаќај лично :) )

А тек на почетокот на идното лето се вакви:


WE HAVE TO GO BACK KATE!!! :(
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Чекајте бе малце летото е на почеток а вие тоест новинариње сакет со лајца ензерото да го пиет јас бев во Охрид и од она што видов мислам дека има доста туристи сепак е мал град дај не заебавајте а од владини реклами ГЕЈ промоција нема што
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Овие угостителиве секоја година плачат и пак нема да ги намалат цените.
Од друга страна, тие шо плачат најмногу за цените пак ќе дојдат и ќе го излижат плукнатото по Х пат.А странците се во се поголем број.Лани околу 12.500 Холанѓани и .Финци организирано, а годинава 14.000 Холанѓани од 27 Април до средина на Октомври,11.000 Белгијци и Финци(од 13 Мај до 30 Септември), просек околу 700 туристи, т.е. 4 лета дневно.Исто и Израелци и Руси.
Од 25 Јуни и дополнителен чартер лет 2 пати неделно за 90 евра повратна Белград - Охрид - Белград, настрана од редовната линија на ЈАТ Ервејз која лани леташе за само 39 евра во еден правец.
Полски автобуси, Хрватски, Турски, Словенечки, Германски, Албански, Бугарски, Српски и Гејски автобуси редовно идат уште од 1 Мај / Велигден.Лани бројот на странски туристи беше зголемен за 20,6 %, а на домашни опаднат за 0,4.


Анкета од околу 1000 Финци во Охрид, ланското лето
Финските туристи задоволни од Охрид
Финските туристи кои оваа година летуваа на охридското крајбрежје се задоволни од одморот во најголемиот македонски туристички центар.


Во интерната анкета на финскиот тур-оператор „Ауринкоматкат“, туристите од оваа северноевропска земја најмногу пофалби упатиле за гостопримството, а најмногу забелешки имале на јавната чистота.

Според одговорите на прашалникот кој содржел триесетина прашања, од можна оценка 5 Македонија добила 4,42.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, сметаат дека високата оценка ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи од Финска во Македонија следната сезона, посочувајќи дека на тоа позитивно ќе влијаат и најавите на домашните хотелиери за подобрување на сместувачките капацитети.

Ова лето околу 1000 туристи од Финска за прв пат организирано прстојуваа во Охрид. Аранжманите ги реализираше тур-операторот „Ауринкоматкат“ кој е дел од компанијата „Фин Ер“, преку кој годишно летуваат над 350 илјади туристи.

OhridNews
30.10.2011 00:05

Прочитана е : 924 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Очигледно задоволни, дури и регистрацијата на Ембраерот е со посвета
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Овие угостителиве секоја година плачат и пак нема да ги намалат цените.
Од друга страна, тие шо плачат најмногу за цените пак ќе дојдат и ќе го излижат плукнатото по Х пат.А странците се во се поголем број.Од лани организирано Холанѓани и Белгијци, од пред 1 месец и Финци, а овие дена и Израелци и Руси (кои баш постојано ги гледам по ресторани и кафичи, нека не плачат угостителите!).Лани бројот на странски туристи беше зголемен за 20,6 %, а на домашни опаднат за 0,4.
така е друже,нашите пари не чинат во Охрид :(
 
F

FuckYouAll

Гостин
Веќе неколку години не се инвестира во туризмот, и мислам дека ова е данокот што државата го плаќа. Странци не одат на одмор во нестабилна држава, каде што безбедноста не им е загарантирана, а и нема нешто посебно да се доживее, ако во брзо време не почнат да се грижат за туризмот и да почнат да инвестираат пари, во Охрид само домашни туристи ќе идат.
A оние од Холандија што идат се стари лица кои на времето биле Охрид и сеа идат да се потсетат како било, ама за да се потсетиш еднаш идаш а не секое лето.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.298
секоја година иста приказна со идењево на туристиве,и секоја година горе долу исто туристи има.
И мене не ми се свиѓа услугата,али коа ке видиш на сите прв одмор ни бил таму...
И охрид треба да се фокусира на стимулирање на ноќниот живот,и онака сите што идат во градот се млади и идат ради тоа.Прошла година видов многу срби кој беа дојдени ради езерото и ноќниот живот во кафичите покрај плажа а не ради тоа во Унеско што e заштитен градот.Може убаво да се среди градот,да им се даде добри услови и нормално дискотеки да се отворат,па да биде нешто као будва:) Таму се трошат пари..
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Веќе неколку години не се инвестира во туризмот, и мислам дека ова е данокот што државата го плаќа. Странци не одат на одмор во нестабилна држава, каде што безбедноста не им е загарантирана, а и нема нешто посебно да се доживее, ако во брзо време не почнат да се грижат за туризмот и да почнат да инвестираат пари, во Охрид само домашни туристи ќе идат.
A оние од Холандија што идат се стари лица кои на времето биле Охрид и сеа идат да се потсетат како било, ама за да се потсетиш еднаш идаш а не секое лето.
Ај бе сега и вие мешавте баби жаби факат е дека Охриѓани не са саглам ама нека одат во Турција кај курдите туристиве шо бегет од Охрид се е денеска несигурно еве и јас да се качам во авион кој ми гарантира дека нема да падни
 

Kajgana Shop

На врв Bottom