Отстранување на велешките патарини

Дали сте за отстранување на велешките патарини

  • Да

    Гласови: 73 83,9%
  • Не

    Гласови: 10 11,5%
  • Незнам

    Гласови: 4 4,6%

  • Вкупно гласачи
    87
L

.Lost Angel.

Гостин
ДОМ бара отстранување на велешките патарини

Општинската организација на Демократска обнова на Македонија - Велес поведува иницијатива за отстранување на патарината на потегот Велес - Катланово и патарината Катланово - Велес, попознати како велешки патарини.
-Патарините треба да бидат укинати бидејќи автопатот ги нема стандардите на еден модерен автопат. Не постои алтернативен пат од Велес до Катланово и Катланово - Велес кој е во функција и преку кој на сите нам ќе ни се остави избор да се движиме по автопат побрзо и побезбедно и за тоа да платиме или ќе се движиме по спореден пат, но бесплатно. Друг битен момент е што некои патни делници на кои веќе со години се наплаќа патарина се изградени со обврзници за патишта од граѓаните, со инвестиции или со кредити, а кои со наплата од над 20 години веќе се вратени. Поради тоа граѓаните и стопанството треба да бидат ослободени од плаќање на патарина - велат од ДОМ.

Оттаму истакнуваат дека граѓаните имаат трикратни давачки како придонес кон патиштата кога се движат со моторни возила. Соодветен процент се одвојува при регистрација на возилото, потоа одреден процент е вграден во енергенсите што ги користат возилата и третпат граѓаните плаќаат патарина на автопатите.
-Наплатните рампи се поставени на екстремно многу куси растојанија од 15 до 20 километри и предизвикуваат застој во сообраќајот. Честите застанувања пред наплатните рампи ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, особено во услови на намалена видливост, ја зголемуваат потрошувачката на гориво, а со самото тоа влијаат и на животната средина - велат од ДОМ.

Од ДОМ изјавија дека иницијативата за отстранување на патарините ќе ја поднесат до Владата. Очекуваат дека нивниот предлог ќе се прифати.
(С.А.) извор
Според мене мислам дека најубаво е да се остранат овие патарини бидејќи автопатот воопшто не ни личи на автопат :) бидејќи последниот пат кога бев на кај Велес на некои места каде што беше спојуван асвалтот имаше па сигурно некои 7-8 cm повисок беше новиот и можете да замислите како мава со некои 70-80 km :D мада треба сите патарини да се укинат ама овие најмногу бидејќи не вреди да се плаќа за нешто што не вреди.

Ваши мислења околу сето ова?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не ни треба да има патарини, не ќе плаќа пола Македонија само. А и на некои делници кај што има патарини не ни фигурираат законски како автопати пак :tapp: Вињети најдобро ако веќе идеме така.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.811
Абе на народот фала јасно дека му е поарно без патарини, и логично е сеа да нема патарини додека е под реконструкција автопатот.
Само на државата и требаат пари кои треба да ги инвестира во автопатот.
Овоа е јасно како ден и на малите деца. А тоа дали државата ги инвестира во автопат или не, е друг муабет.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Како може да нетреба, од стручно гледано поле парите треба да одат за реконструкција на инфраструктурата на сообраќајот односно во слуачјов автопатите...ама излеа на некое друго место одат :свиркам::свиркам:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Гласав со НЕ, или сите патарини нека ги тргнат или ниедна, зашто само на еден патен правец да ги тргаат?
 
P

Princ

Гостин
Ако ги снема патарините за релативно кратко време ќе ги снема и автопатите.
Треба да останат патарините но и парите од нив да се вложуваат во градење/одржување на патиштата.
Гласав со НЕ, или сите патарини нека ги тргнат или ниедна, зашто само на еден патен правец да ги тргаат?
Дека таа (према Велес) е најнепотребна. Регионален пат е а има патарина :/
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Не мора да ги извадат, таа пред Велес што е нека не биде толку скапа, нека ја направат и таа 30 ден.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ако тргнеш од Велес до Скопје повеќе пари ќе дадеш за патарини, отколку за бензин.
Ептен се три начичкани една до една, ако веќе дерат нека се намести некаде на друга локација.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако ги снема патарините за релативно кратко време ќе ги снема и автопатите.
Треба да останат патарините но и парите од нив да се вложуваат во градење/одржување на патиштата.
За одржување на патиштата низ Македонија се плаќа при регистрација на возило. Тие пари треба да си се користат како што треба, а не за крадење.
За странците треба да си се воведе вињета.
Автоматски патарините треба да се тргнат сите. Парите не идат за што се наменети исчезнуваат низ системот. Плус и оние административци кои дремат на патарина треба да си идат дома, нема потреба да ги плаќаме, и онака до сега искрадоа и се снабдија за до 5то колено.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да се одстранат сите такви намети, не само патарините туку наплатата на зонско и слични глупости.
Се работи за релативно мали средства кој се постојано предмет на крадење од вработените и од нив нема некоја корист Државата.
За користење на патиштата се плаќа при регистрација на возилата.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Почекајте да го пуштат до граница ако го пуштат...од Демир Капија де... има да биде 500 Денари сигурно ќе накалемат 3-4 до крај туку нејсе јас сум против патарини и онака пола Европа е без а споредба на патиштата ех...магаре и музика беше??:)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Аха, со регистрација на возило ке се одржи автопатот како не.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Како прво треба поефикасно наплатувајне, да се намали крадејнето до минимум со разни мерки, убеден сум дека тоа е изводливо и во други држави функционира. Ако не, вињета нека има. Потоа парите треба исклучително да одат за патиштата и посебно за тие од каде се наплатени. Може и да се размисли на поскапувајне на патарините за тешките возила, нели тие најмногу му прават штета на асфалтот. Има толку многу начини да се подобри, сака само политичка воља.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како прво треба поефикасно наплатувајне, да се намали крадејнето до минимум со разни мерки, убеден сум дека тоа е изводливо и во други држави функционира. Ако не, вињета нека има. Потоа парите треба исклучително да одат за патиштата и посебно за тие од каде се наплатени. Може и да се размисли на поскапувајне на патарините за тешките возила, нели тие најмногу му прават штета на асфалтот. Има толку многу начини да се подобри, сака само политичка воља.
Ако со кола на патарина Велес плаќаш 60 денари, тешко товарно возило плаќа 340 денари на едно минење. Пресметајте колку пати минат неделно и колку пари се тоа, а возат по крш автопати и патишта. 2500 евра е регистрација на влечно возило и полуприколка комплет.
Епа на толку голем приход да немаш пари срамота.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom