Отровни стрели на Груевски кон НАТО

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.324
Да видено сценарио од 2 с.в. западен дел Албанија т.е. Италија и источен дел-Бугарија ............ меѓутоа мислам дека тоа никогаш не би се случило, бидејќи замисли ако се дели Македонија, тогаш по автоматизам ќе падне и нова крв на Косово, а и во Босна повторно, а и на други места ширум Балканов, така да тоа мислам дека е невозможно, бидејќи целиот Балкан(западен) би отишол у п.м. !
Плус да сакаа западњациве(пред се мислам на НАТО/УСА)да не поделат, до сега ќе го направеа тоа милион пати, они цел Арапски свет го запалија и бутнаа неколку повеќедецениски Арапски(секуларни)лидери/режими, а камо ли па да поделат(како што викаш) едно мало парче земја од 2 милиона жители(Македонци 1.300.000), ептен лесен и мал залак сме ние, но такво нешто е неизводливо и премногу ризично за целиот Балкан !
Накратко, врати се назад и почни од точката 1. Оставија да ја решиме 20 години. Не мислат да се замераат со 3 држави за нас. Едноставно како што и сам кажа, ние сме малце народ, за да САД застанат позади нас и се скрараат со 20тина милиони заради нас :). Тоа што не го направиле тоа досега, е дека е на Европско тло, ништо повеќе и како што кажа може да повлече домино ефект.
Едноставно е.
--- надополнето: 20 мај 2012 во 22:38 ---
јamajka: ако веќе ни наметнат таква игра, ќе одат на тоа ние да мораме да бираме страна. Во случајов Бугарија или Србија. Веќе видено сценарио во други земји.

Редно е да кажеме дека дека доколку имаме предизвици од тој тип, и ние не сме мивки како за времето на една претходна влада/и, кога водена од матни типови во 1990тите години ни ја урниса државата. Кој денес сака да ни прави проблеми, ќе плати некаква цена за тоа.
Ухххх, некаква цена.... види тоа значи дека ќе можеме да гриземе, ништо повеќе. Единствено на што можеме да се извадиме е дека цела работа може да излезе од контрола, и да се запне токму во меѓусебните договори за поделба. Имај во предвид, дека преговорите за поделба на Териториите одземени од Турско, на почетокот на 20 век, траеле повеќе од 20 години пред да се случи првата Балканска војна. И пак тие преговори од хартија не соодејствувале во реалноста. И се случил домино ефект, кој довел до втората Балканска војна, а подоцна и првата светска војна.

Значи една од причините што сеуште постоиме е токму таа, стравот од домино ефект. Оттаму и 2001 беше строго контролиран конфликт, кој кога се закануваше да излезе од контрола, се удрија и двете страни по раце. Македонците во Арачиново, а Албанците во Радуша. Секоја поделба на територијата на Македонија, ќе придонесе до кавга помеѓу 2 НАТО членки, кои и реално би дошле многу поблиску до судир, одколку што се сега Грција и Турција.

Што се однесува до Кина, свесни се дека признавањето на Тајван преку Тупурковски беше Американско масло, и долго време не држеа под присмотра. Значи цело време со аналитички оценки за нас како народ, држава, власт, итн. Откако се убедија дека нема да има изненадувања, застанаа цврсто зад нас.
Кина според мене е доволно силна за да прекрши економско ембарго во случај на економски санкции кои би ни биле наметнати. Но нас такви санкции и нема многу да ги осетиме, пошто реално нас економијата ни е толку разорена во 90тите години, што и тешко ни иде опоравувањето. Така што сме навикнати на една таква состојба. Но тоа нас не ни претставува проблем, проблемот ќе ни биде безбедностата ситуација. Тоа што западот ќе го игра против нас е Албанскиот фактор и во поново време исламистичкиот.

Значи јас искрено не гледам дека Кина би можела да делува во правец да може да ни гарантира внатрешна безбедност, а понатаму и надворешна, ако на пример Косово и Албанија одлучат да се вмешаат. Кина има право на вето во советот на Безбедност, но имаше и за Србија... Ништо тоа не и помогна на Србија, дури им ја запалија Амбасадата во Белград и загинаа 3 Кинези. Имај го тоа во предвид. Кина не може да ни гарантира безбедност.

Значи ни преостанува само Русија.... Како ќе ја донесеме, незнам, меѓутоа тоа ни е најлесен излез од оваа ситуација. Можда ќе имаме време да го издејствуваме тоа некако, а можда и ќе немаме. И не зависи само од нас, туку и од Русите, но во секој случај, ние мора нив да ги заинтересираме.

Анализата во „правда“ говори, дека некои напори во тој правец, веќе се прават....
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Емотивно се радувам со изјавата на Груевски,ама логички не се радувам бидејки ги знам казните на Западните земји кога ќе се каже нешто против нив, сега 100% како контра, ќе се активира поново Албанското прашање во Македонија, и со си тоа тотално ќе се дестабилизираме..

Проблемот беше што ние ништо не кажавме против нив,а тие сепак тргнаа контра нас,не ни оставија избор со други зборови.
Знам дека ова Грујо не го посакуваше,но што да прави кога друг одлучува...како политичар по професија му ги сфаќам изјавите,затоа што со оваа забава добива поени кај народот,како стратег/лидер му останува само волја да опадне моќта на Западот врз Балканот,најзагрижено се надевам ова со кинезите не е некоја бламажа...
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Среќен сум што работите почнуваат да стануваат појасни и тоа на повеќе нивоа истовремено. Во таква ситуација на разбистрување во еден даден момент абруптно ќе созрее идејата, преку еден вид на фазен премин, како стоиме и што треба да се прави. Нешто слично како кога ќе го видите вашиот син/ќерка за првпат. Досега бевме замајувани и лажени, држени на ременче со неискрени ветувања од нашите соседи. Нивното лицемерство досега не сакавме да признаеме дека постои, самите ставајќи си се во подредена состојба на вазали и слуги.

Причините за тоа се петтите колони меѓу нас кои, без и самите да знаат, се уште се надеваат на некакво магично враќање на авторитативно уредување кога некој друг пресметува, дебатира и одлучува за нашата иднина. Се додека таквите политичари се на сцената, секогаш ќе бидеме ранливи на празните ветувања однадвор. Верувањето во некакви бледи југословенски утопии на средено општество без корупција, а каде сепак некој друг ќе одлучува и ќе носи одговорност, самите повлекуваат сервилност кон странските интереси - особено ако се рекламираат како држави поразвиени од нас - без воопшто да бидеме свесни за тоа.

Онаа вечна приказна за угнетениот македонец, кој кутриот својот крпен живот мора да им го даде во рацете на други бидејќи тој самиот не е кадарен да одлучува, е современ производ на таа длабока југоносталгија која се уште е присутна кај нас. Сваќањето дека имаме некаков нагон кон самоуништување, вечното повикување на тоа како нашите востанија и историски моменти не успеале бидејќи другите ни се мешале, неземањето на одговорноста да се завземе правилниот став бидејќи ни е страв од другите... Сите тие работи се многу лесно да се извлечат од петтите колони кои се се уште активни и заблудени.

Зарем да бевме толку патетични како народ ќе можеа револуционерите да ја прогласат првата република на балканот додека другите држави беа семи-феудални кралства? И тоа со манифест кој им ветува еднаквост на сите граѓани, буквално 2 века пред тоа да стане реалност на балканот? Дали револуционерите и борците во ВСВ мислеле дека сме патетични и очајни како колектив додека седеле чекајќи го непријателот во заседа?

Храбро и исправно од премиерот да се завземе правилниот став и да еднаш засекогаш станеме возрасни како народ. Да, тешка е одговорноста да се даде такво интервју ама сум среќен дека конечно некој тоа го направи. Вака им се испраќа порака на сите, дури и на федеративците од нашиот омилен малцински колектив, дека нема веќе леб преку погача. Ако во иднина нашите соседи и малцинскиот колектив сакаат да го постигнат своите шовинистички цели, не можат да сметаат дека лицемерието ќе им биде премолчено од страв и недостаток од самодоверба.

Петтите колони се сега ставени пред сериозен избор. Нема повеќе кокетирање и играње балет со фалсификатори на смоки. Премиерот веќе им понуди историски договор со говорот кога се одбележуваше 20 години независност на плоштадот во Скопје. Тие тоа го одбија, мислејќи дека нема храброст и дека кога-тогаш ќе си оди. Сега работата е сериозна.

Сите соседи сакаат да влезат во интегративните процеси пред Македонија за да потоа го искористат правото на вето за да не уценуваат барајќи ја, едноставно, нашата територија. Секој сосед си ја врши домашната задача, најеклатанто нашето омилено малцинство, за да после имаат право на масата кај се дели колачот да си бараат територија како заслуга. Јасно ни е и го знаеме тоа. Не ви треба лицемерие повеќе, не треба да се криете, премиерот тоа многу елоквентно го кажа.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
„Кога говорам за тоа да се биде во Чикаго, свесно велам присуство, а не учество. Самитот е самит на земјите членки, ние сме само кандидат, кој кога им е потребен го користат, а кога нам НАТО ни треба, добиваме лекции по политика и по важност на принципот на солидарност и консензус, и тоа во смисла дека во политиката нема правда кога станува збор за односот на помоќниот кон помалку моќниот. Потоа ние треба да имаме чуство на вина дека тоа не сме го знаеле или разбирање дека така е тоа во политиката, нема правда или неправда, има реалност или интереси. Ова е класично извитоперување на суштината и основната цел на политиката, според мене, а тоа е да се создаваат вредности, а не само и по секоја цена да се штитат материјални интереси... Наместо ние да сме лути, тие нам ни се лутат зошто воопшто се лутиме на неправда, која доаѓа од големите сили“.
:cuc:

Секоја чест за кажаната реалност
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Чуму толку филозофија.
Што правиме ние изминатите 20 години ?
Се самопонижуваме.
Кој е учесник во тоа самопонижување.
85% од Македонската нација се за влез во НАТО и ЕУ.

Малку достоинство да се има, умот да се отвори, да се прочита троа литература од минатото, многу појасно ќе ви станеше и оваа игра.

На Грујо можда му текна.
МАкедонија се чува за на жртвеникот, се чува во кафез, се чека моментот кога ќе ја растргнат во име на, па се разбира, демократијата и човековите права.

Како не викаа во Европа за време турско, темниот вилает.
Во тој вилает не важеше ниеден закон, можеше се да се прави.
Кој аминуваше ?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Po taa logika nie ke treba da ocekuvame redefiniranje na makedonskata scena vo tri fazi. Prvo, ke pocekame da se stabilizira Grcija. Vtoro, ke pocekame ekonomskata politika na Gruevski da kolabira. I treto, SDSM predvodeno od Crvenkovski i edno novo VMRO DPMNE bez Gruevski no so bliski odnosi so Ljubco Georgievski ke vleze vo resavanje na klucnite makedonski predizvici.
Тешка болест имал и тој Ефтов.Ова како само негови лични пусти желби...

Како прво, да си ја гледаме нашата работа, а не другите.Отсекогаш сме се лизгале на такви работи.
Второ, која економска политика на Груевски?
И трето, подвлеченото е најголемата смешка заедно со црвеното.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Копирано од Васко Ефтов фан клубот, и тоа како има врска според мене во расплетот на состојбите на балканот плус земајќи го во преглед и интервјуто на Грујо, како и неговото доближување до истокот.

. Po taa logika nie ke treba da ocekuvame redefiniranje na makedonskata scena vo tri fazi. Prvo, ke pocekame da se stabilizira Grcija. Vtoro, ke pocekame ekonomskata politika na Gruevski da kolabira. I treto, SDSM predvodeno od Crvenkovski i edno novo VMRO DPMNE bez Gruevski no so bliski odnosi so Ljubco Georgievski ke vleze vo resavanje na klucnite makedonski predizvici.
Ти не си нормален или си си хард кор СДСМ кој освен глупостите на Бранко друго не гледаш. Повеке шанси имаш да ја видиш Македонија како членка на еу и нато отколку Грција да се стабилизира ,Грција ни во наредните 10 години економски па ни политички нема да се стабилизира а Грција во последните 4 години е во константна рецесија и изгуби над 25% од нејзиниот БДП и се очекува и следната година да биде во јака рецесија така за првата точка поверојатно ти е да очекуваш врбата гројзе да роди отколку грција да се стабилизира. Втора точка очигледно поим немаш од економија лани 300 мил евра беа странските директни инвестиции,и тоа во време на криза, а во времето на Бранко 300 мил евра беа мисловна именка и тоа во времиња каде што светската економија цветаше само кај нас тоа не се осекаше поголем раст ама тоа е Бранко и економија :pos:
Во времето на Гуевсски се случија најголемите гринфилд инветиции тоа е факт работењето на џоносн мети џонсон контрол , и тие компании ке отворат и втори фабрики во Македонија една со Скопје една во штип, а во фаза на изградба се кромбер и штуберг во Битола ,после во кавадарци фабриката за автомобилски кабли која е добавувач за мерцедес, после кемет електоринкс во бунарџик пртек груп исто во бунарџик холандска фабрика за производство на премиум автобуси итн. Не знам кај виде дека колабира неговата политика плус во 2007 година во македонија странските директни инвестиции изнесуваа 500 мил евра рекорд. а 500 мил евра странски диретни инвестиции бранко не донел за сите години пројдени на власт а не па за една година, кај виде дека на груевски политиката пропага јас стварно не знам вие од сдсм ставрно имате проблеми со реалноста очигленоз затоа губите ни јас не знам по кој пат избори. Патем се секаваш на бранковиот закон :pos:
За третататочка Црвенковски апашот и горгиевки бугарофилот ке ги решавале македонските предизвици немам коментар освен дека авторот на ова тврдење се мрднал.
ЕДИТ
Абе овие фан клубот на васко ефтов етен забегана работа биле затворена група а имат 24 000 члена случајно да не разберат другите што они зборат:facepalm:
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Колку е очигледно она што го пишував погере, нели? Треба прво да имаме ”средена” држава за да се одбраниме од шовинизмот на соседите. Ни треба некој да не штити и да ни дава млекце да цицаме па после да можеме, преку дијалог нели, да си го вратиме нашето.

Не знам дали е тоа некаква желба за перфекционизам заедно со мрлзивоста да не се носи одговорност и да не се превземе ништо или е вистина скриена носталгија кон државата-мајка што е свезнаечка и свемоќна. Длабок ленинизам.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас да бев немаше да си играм курташак со еден толкав народ пред се`! Другото само по себе полесно ќе го средев, кога ќе имав зад себе поддршка од сите и кога ќе го правев тоа што тие го бараат од мене. Тоа во случај да е Грујо фацата која делува без никој од страна. А во тоа извинете ме, ама тешко ми е да поверувам.
Не сакам да навлегувам во детали затоа што не сум никој фактор ни тука ни во државава, а мака ми е да јадам трици на празно. Господ нека не чува, само тоа ќе кажам.

Edi. Bez troluvanje molam. So jamajka na licni - moderatorot.
 
М

Мартин`

Гостин
Мене искрено ме радува што Груевски вака јавно и гласно го кажа ова, некој спомна ова и јавно таму да го каже - се согласувам можеше и тоа директно па нека слушне и цел свет за ставот. Доста го теравме филмот на НАТО и ЕУ 20 години а они не одјебаваат како што ќе стигнат и само не искористуваат, знаеме кој го уби Борис.. знаеме колку штета од нив имаме претрпено.

А за безбедноста.. Македонија постоела и ќе постои со или без НАТО ..

 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.310
Јас да бев немаше да си играм курташак со еден толкав народ пред се`! Другото само по себе полесно ќе го средев, кога ќе имав зад себе поддршка од сите и кога ќе го правев тоа што тие го бараат од мене. Тоа во случај да е Грујо фацата која делува без никој од страна. А во тоа извинете ме, ама тешко ми е да поверувам.
Не сакам да навлегувам во детали затоа што не сум никој фактор ни тука ни во државава, а мака ми е да јадам трици на празно. Господ нека не чува, само тоа ќе кажам.
абе и јас да бев ке направев така.
прашањето е како тоа да се изведи или како тоа би го извела.
после секоја битка лесно е да се правиш генерал, финтата е пред битката да бидеш а не после.
за болдираното претпоставувам дека си во право, а зошто е тоа така најверојатно сама си знаеш.
за трици веќе изеде, ама ете барем имаш шанса онака да се доискажиш без твоето мислење да има никакви последици спрема никој, така да слободно можеш да си правиш бајрам со умот. кога имаш 2 милиони народ под тебе, тежината на одлуките е друга.
јас само едно ке ти кажам и тебе и на сите други.
без разлика дали се сложувате со политиката на премиерот, без разлика колку сметате дека е погубна или добра, сепак во вакви моменти се бара сплотеност и сложност од цела нација. ако сме јаки внатре друга е играта, но ако сме слаби и раскарани.....многу сме полесни за манипулација.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Zalno za Makedonija i Makedonskiot narot tolku od nato , zasto ne aspirirame za BRIK mozebi tamu ke ne primat :) so sigurnost .
 
M

Moon Child

Гостин
А што ќе правиме со Албанското население овде, ако случајно се откажеме од НАТО? Нели тие сакаат влез во НАТО и ЕУ?
И која би била другата алтернатива? Дека сами неможеме, тоа е факт.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Премиерот никаде не кажа дека се одкажуваме од НАТО и ЕУ. Поврзувањето со посетата на Кина и слични филмови немаат врска со реалноста. Дури рече дека остануваме конструктивни во преговорите. Ништо не е сменето во правецот бидејќи нема основи за тоа и никаква потреба.

Единственото нешто што премиерот го направи е вадењето на маските и искрен став за лицемерието со кое секојдневно се соочуваат.

Нема дури ни план Б како што многу мислат овде. Дотолку е поважно ова интервју: не ни треба силен грб за да ја кажеме вистината. Треба својата кичма да ја користиме.
 
B

Bonux

Гостин
ако го изјавил оваа нашиот господин премиер...тогаш во истиот момент му почнало пензионирањето во политиката...:свиркам::свиркам:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom