Отровни стрели на Груевски кон НАТО

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.324
grcija 10 pati bankrotira 10 pati ja brkaat od eu
ama prijatelce amerika i britanija se zad nea !!!
Тоа е и причината зошто Македонија нема да види бенефит од НАТО, дека земји со кои граничи, а се во НАТО, се негативно настрони кон Македонија или пак имаат територијални претензии.

Што се однесува до истокот, каде што Русија изиграла истрајно и до крај, секогаш нејзиниот глас бил последен. Во прилог ни иде и анализата на Правда, која ја става Македонија на дневен ред во Русија со критика кон Руската влада зошто сеуште не изиграла никако во Македонија, нагласувајќи ја геостратешката важност на Македонија.
„He who owns Macedonia, owns the Balkans.“

http://english.pravda.ru/world/europe/15-05-2012/121114-macedonia-0/

Јас мислам дека ако играме истрајно, при најави за нова светска поларизација, можеме многу паметно да изиграме во сето ова. Доколку успееме да издејствуваме Русија да обезбеди безбедносна стабилност на Македонија, инвестициите ќе бидат неминовни. Немора да одиме понатаму. Индија, Бразил, Кина.... Зарем мора да се нагласува дека економската криза е на западот, додека истокот цвета на економски план...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Зашто мислиш дека во иднина пак ќе биде победоносник Западот?
Во БРИКС членуваат Русија и Кина две, уберсилни држави:) И зашто мислиш дека во иднина би имало некој конфликт меѓу НАТО и БРИКС
Конфликт меѓу западнот и истокот немаше (директен) ни во изминатите 60 години, Русија беше дел од еден друг источен сојуз, во време кога Русија беше и поголема и посилна од денес но пак загуби, зошто мислите дека БРИКС има посветла иднина од НАТО?

Да не се разбереме погрешно, ја не викам дека НАТО е вечна и непобедлива сила, но од каде оптимизмот дека БРИКС, којшто како воен и политички сојуз сеуште и не постои официјално ќе биде нешто посилно и подобро од НАТО или ЕУ?
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Океј те сфативме пет луѓе контролираат, изјава на шерифот од зафрлено градче у канзас е побитна од изјавата на груевски, македонија е безначајно парче земја, ние сме марионетки кои треба да играат како што ќе им нареди папет мастерот. Дури ни на форум не можеме да кажеме што мислиме пошто ете толку сме безначајни, мизерни, бедни.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867


Овие со косиве очи барем знаат што сакаат - профит. Не ти се меша у државата, не те тера да легализираш хомосексуални бракови, не ти наметнува некои нови измислени европски вредности (кои доаѓаат за сметка на старите вистински европски вредности), не го занима положбата на малцинствата (која патем кажано во Македонија е на највисоко ниво во светот) и тн. Со еден збор нема дволичност.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
imas li da te prasam zemja koja ce ni bide cador i ce ne stiti celo vreme ???
Da sakaat Amerite da napravat razdor vo Makedonija mislis nema da mozat koj ce im brani
abe tie libija i cela severna afrika ja zapalija pa nikoj nisto ne im rece za edna makedonija od 2 milioni ziteli ce mu ja mislat.
Samo nato eu u Amerika ni e idninata.
budali li se Srbite koi pokraj toa sto go izgubija kosovo baraat priem vo nato e eu ???
--- надополнето: 20 мај 2012 во 19:54 ---
Ги следам твоиве постови на темава и делумно се согласувам со тебе !
Но и јас нешто да додадам, сепак влезот во НАТО ни е потребен, зашто, бидејќи како прво сме мала земја, 2 милиони сме, немаме излез на море, опкружени сме од сите страни со про-западни земји: Грција(НАТО/ЕУ), Бугарија(НАТО/ЕУ), Албанија(НАТО), Косово(нивен протекторат), Србија(и покрај се што изгуби и таа е последниве години про-западно ориентирана) и.т.н. .... плус невозможно е колку и да сакаме да се откачиме од западот неможеме, од една страна нашава држава е Балканска крстосница и Натовците ја користат за транзит(од Солун кон Косово), потоа да не ја заборавиме Американската амбасада/тврдина на кале, потоа исто така имаме неколку стотини војници во НАТО-мисиите(Авганистан, Ирак...), така да мислам дека колку и да сме сплотени како народ и колку и да сакаме да се откачиме целосно од НАТО, едноставно тоа е невозможно и премногу радикален чекор од наша страна, а да признаеме и не е баш убаво да го имаш НАТО за непријател, сепак пожелно е да си членка на НАТО, ако не друго барем безбедноста и целовитоста ќе ти бидат загарантирани, бидејќи сепак Балканов, а особено западниов Балкан е трусно подрачје за кризи/конфликти !
А што се однесува за ЕУ сум малку скептик, бидејќи факт е дека и да влеземе во ЕУ а сигурно дека нема да влеземе, бидејќи после Хрватска никој друг нема да влезе во унијата до 2018 или 2020 год. тоа јасно го кажуваат од Брисел, а и да влеземе некогаш не верувам дека многу ќе се оправиме како држава, бидејќи и во ЕУ реалноста не е баш розова и тие се во длабока економска каша, рецесии, должнички кризи(читај дужни ко Грчка) имаат неколку земји-членки кои се тотален банкрот, една од тие земји е сиромашкава Елада која е оперирана со неколку финансиски бајпаса од хирургот Брисел, а моментално се одржува сеуште во живот со помош на апарати за дишење, како и инфузии, трансплантации на органи и давање свежа крв ! :icon_mrgr:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Искрено не можам да ги предвидам Кинезиве ама добив печаток дека од ко ни се стабилизираа односите после Тајванската авантура, не слушнав лош збор од ними. Не знам тоа со Тајван колку им е уште во главата на Кинезите, ќе видиме.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
Играл умно, би рекол. Кажаното не е мачкање очи, уште побитно е што Груевски многу лесно може да ја изгуби фотељата заради изјавава ако Америка го притисне сега и почне да игра на дестабилизација и ред други трикови да го тргнат, во која Македонската петата колона ќе сака да се офајди со власт.

Но Груевски немаше вака да зборува да не ја врзеше работата со Кина. Сепак е далекуглед играч, бидејќи игра и на картата на Индија и на Кина, како и на Турција. Нека обезбеди економија, се' друго сме кадарни да пребродиме. Важно е дека Кина сака да влезе на југот на Европа, останатово (ЕУ посебно) е килава работа и свесни се за тоа.
[/quote]


точно и ја мислам така.....ова не случајно да не е....беше во Кина после им го плесна на западот....е сеа дали е кажана за внатре или не гласот ке стигне.....не би рекол дека така треска има нешо обеќано Кина........се изместуе центарот на моќ во светот....е сеа кја нас албанците се инструментутки.....така да може и да се очекуе нешо друго......ама и затоа има лек......тоа е економски просперитте.....ама тој не иде брзо......ке има турбуленциии есенва....секако
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Искрено не можам да ги предвидам Кинезиве ама добив печаток дека од ко ни се стабилизираа односите после Тајванската авантура, не слушнав лош збор од ними. Не знам тоа со Тајван колку им е уште во главата на Кинезите, ќе видиме.
Според мене се потврди минатиов период тоа што сега го кажав. После "одпризнавањето" на Тајван се нормализираа односите со Кина и повторно се интензивираа, не само од 2006 туку уште од претходната влада на сегашнава опозиција. Кинезите си ги следат интересите како и секоја држава, нема место за емоции.
 
S

Shaman

Гостин
Ок е сето тоа што го кажал,но дали е политички коректно да даде Премиер ваква изјава?Што мислиш,Јамајка?
Покоректно здравје. Па као човек кој го претставува народот,
осетил дека на истиов народ му е ску*чено да го влече некој за нос.

А сите вие што плукате и што се правите паметни,
баш ме интересира као вие ќе го решевте проблемот со Грција ???
Не дека ми свири за Грујо, ама баш за проблемот со името не
заслужува плукање, зашто освен обезличување на нацијата,
друго решение на нас не ни било понудено.
Кој е тој маж што ќе го смени името ај да го видам.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Емотивно се радувам со изјавата на Груевски,ама логички не се радувам бидејки ги знам казните на Западните земји кога ќе се каже нешто против нив, сега 100% како контра, ќе се активира поново Албанското прашање во Македонија, и со си тоа тотално ќе се дестабилизираме..
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.324
Но и јас нешто да додадам, сепак влезот во НАТО ни е потребен, зашто, бидејќи како прво сме мала земја, 2 милиони сме, немаме излез на море, опкружени сме од сите страни со про-западни земји: Грција(НАТО/ЕУ), Бугарија(НАТО/ЕУ), Албанија(НАТО), Косово(нивен протекторат), Србија(и покрај се што изгуби и таа е последниве години про-западно ориентирана) и.т.н. .... плус невозможно е колку и да сакаме да се откачиме од западот неможеме, од една страна нашава држава е Балканска крстосница и Натовците ја користат за транзит(од Солун кон Косово), потоа да не ја заборавиме Американската амбасада/тврдина на кале, потоа исто така имаме неколку стотини војници во НАТО-мисиите(Авганистан, Ирак...), така да мислам дека колку и да сме сплотени како народ и колку и да сакаме да се откачиме целосно од НАТО, едноставно тоа е невозможно и премногу радикален чекор од наша страна, а да признаеме и не е баш убаво да го имаш НАТО за непријател, сепак пожелно е да си членка на НАТО, ако не друго барем безбедноста и целовитоста ќе ти бидат загарантирани, бидејќи сепак Балканов, а особено западниов Балкан е трусно подрачје за кризи/конфликти !
Све е тоа во ред и неспорно е дека НАТО ја сака територијата на РМ во НАТО. Тоа е факт кој никој не го порекнува. Но како они тоа планираат да го изведат, кога е очигледно дека Грција не кочи? И што ни дава за право дека утре не не чека уште едно вето од Албанија и Бугарија.

Од ова јасно и гласно се гледа дека како прво неможеме да влеземе во НАТО како Република Македонија. А второ никој не ни гарантира дека воопшто ќе влеземе и под друго име (ние имаме нели име од привремената спогодба FYROM кое требаше да ни гарантира влез). Значи логички заклучувај:
1. Сакаат да влеземе.
2. Не не сакаат под името Република Македонија
3. Не не сакаат ни под друго име (FYROM)
од 2 и 3 следи
4. Не сакаат да влеземе како држава.
од 1 и 4 следи:
5. ќе не поделат меѓу Албанија и Бугарија и така територијата ќе биде во НАТО.

Ова 5-ката е веќе видено сценарио, во една многу слична ситуација како денешната.
--- надополнето: 20 мај 2012 во 21:43 ---
доколку не се интегрираме а играме по интереси на некои 3 земји, и нивни агенди место своја агенда.
Сценариото за жал е вистинито.
А реално постојат услови и причини за тоа.
Штом на сцена се вкорени радикалниот ислам во кој влегуваат сите муслимани од македонија работава е повејќе од сериозна.
Баш тоа е една најголемите причини да не се зема оваа изјава од дневнополитички аспект. Како што кажав за овој став има преќутен концензус во Македонскиот политички блок. Најмалку што ни треба сега се опструкции. Ова е тешка одлука, но е исправна во секој случај.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
5. ќе не поделат меѓу Албанија и Бугарија и така територијата ќе биде во НАТО.

Ова 5-ката е веќе видено сценарио, во една многу слична ситуација како денешната.
--- надополнето: 20 мај 2012 во 21:43 ---
Да видено сценарио од 2 с.в. западен дел Албанија т.е. Италија и источен дел-Бугарија ............ меѓутоа мислам дека тоа никогаш не би се случило, бидејќи замисли ако се дели Македонија, тогаш по автоматизам ќе падне и нова крв на Косово, а и во Босна повторно, а и на други места ширум Балканов, така да тоа мислам дека е невозможно, бидејќи целиот Балкан(западен) би отишол у п.м. !
Плус да сакаа западњациве(пред се мислам на НАТО/УСА)да не поделат, до сега ќе го направеа тоа милион пати, они цел Арапски свет го запалија и бутнаа неколку повеќедецениски Арапски(секуларни)лидери/режими, а камо ли па да поделат(како што викаш) едно мало парче земја од 2 милиона жители(Македонци 1.300.000), ептен лесен и мал залак сме ние, но такво нешто е неизводливо и премногу ризично за целиот Балкан !
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
јamajka: ако веќе ни наметнат таква игра, ќе одат на тоа ние да мораме да бираме страна. Во случајов Бугарија или Србија. Веќе видено сценарио во други земји.

Редно е да кажеме дека дека доколку имаме предизвици од тој тип, и ние не сме мивки како за времето на една претходна влада/и, кога водена од матни типови во 1990тите години ни ја урниса државата. Кој денес сака да ни прави проблеми, ќе плати некаква цена за тоа.

Што се однесува до Кина, свесни се дека признавањето на Тајван преку Тупурковски беше Американско масло, и долго време не држеа под присмотра. Значи цело време со аналитички оценки за нас како народ, држава, власт, итн. Откако се убедија дека нема да има изненадувања, застанаа цврсто зад нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom