- Член од
- 4 мај 2012
- Мислења
- 183
- Поени од реакции
- 90
1. Економскиот бенефит е навистина помал со членство во НАТО него во ЕУ. Ама сепак ќе треба да се градат патишта, ќе се прават можда и нафтоводи итн. ако се интегрира земјата во безбедносен пакт кој гарантира унитарност и континуација. Еве на пример Албанија. За Македонија да мрдне економски не се потребни многу инвестиции, споредено со она што НАТО го користи како дневен трошок под точката разно. Ќе има бенефит сигурно.1. Зарем треба да почнеме да ги набројуваме воените удари во НАТО земјите? Хинт: Пападополус. Иако си мислиме дека ќе имаме некаков ekonomski бенефит од членство во НАТО, сепак во успови на економска криза на западот, која се продпабочува, тоа нема да е случај. Па и кога не беше криза, на Грција членството на НАТО не и донесе многу пари.
2. Ако ние размислуваме како што треба, доаѓањето на Турција треба пак нас да не зоврие како млеко заборавено на шпорет. Ако разлисташ низ wikileaks, можеш да видиш многу јасни сигнали кој стои позади Ердоан и ако малце ги поврзеш работите, мошне јасно ќе ти биде од каде идат исламистичките структури во Македонија. Ако Ердоан се нафати да го спонзорира Хамас, јас би се замислил кои му се намерите, кога ќе рече дека сака воено да присуствува кај нас.
3. Мислиш ли дека само името е проблем? Мислиш дека воопшто само Грција е проблем? Ајде пак истиот Хинт: Пападополус. Зошто мислиш дека ако САД и најсилните во НАТО сакаат ние како Република Македонија да влеземе во НАТО толку многу како што тоа според тебе изгледа, немаат инструменти тоа да го напраат. Зарем мислиш дека Грција е толку моќна да му удри шамар на Буш во Букурешт и да помине тек така неказнето? Ако таа земја иде против интересите на Алијансата (нели интересите на алијансата е да се осигуруваат нови територии), зошто добива како награда 400 М1А1 Абрамс тенкови на поклон, во услови кога е пред банкрот?
2. Јасно ми е дека Ердоган има силни исламски ставови ама пак истовремено велам дека добар дел од нашата култура е со турско потекло и имаме заеднички корени. Во Турција има цели градови кајшто се зборува стар македонски дијалект и обратно, колку многу турцизми користиме можеш да забележиш само ако паднеш на муабет со асли турци во трета земја. Луѓето искрено не сакаат и почитуваат. Одам дури и дотаму што тврдам дека во многу делови од Македонија, на пример Охридско, побрзо би се идентификувале турски него словенски обележја (мислам да тоа е дел од она што не прави посебни од другите словени на балканот). Освен тоа, Турција е секуларна држава со претежно либерално население кое нема да прифати исламо-фашистички утопии.
3. Влијателните Грци, особено старите богати фамилии од кои некои се со средновеквни корени и добро лоби во САД, нема никогаш да се согласат да се викаме Република Македонија и да сме рамноправни со НАТО-ЕУ членки. Сакаат да ги лапнат македонските ресурси преку делба во некој стадиум кога сите држави околу ќе се членки а Македонија нема да е. Јасно ни е тоа на сите, на таа карта играат и нашите ни омилени сограѓани новопечени илирци а и ”братјата” наши од исток не им се покусо. Ама тука Русија или Кина не ни помага. Верувам дека во даден момент ќе се постигне критична маса кај пријателските земји, дали заради интерес или пак едноставно одвнатре, за да овие не остават на мира ако им дадеме барем нешто. Грците, албанците и бугарите не ги сакаат секаде во Европа - има и места кајшто сме позитивно прифатени.